За Неа пори да не е бил некој овој период? Како е со комарците? Дали има медузи? Дали е чиста водата? И некое сместување да препорачате... Планираме да одиме со 9 месечно бебе по 20 август. Инаку имаме одено таму пред 6 7 год па нз дали е исто што е сменето ама мислам дека е добро за прв пат на море со бебе...
Koe mesto go prepiracuvate Nikiti, Vurvuru, Kalamitsi ili Toroni za so 7 mesecno bebe vo septemvri? Bitno mi e da nema veter kako vo Sarti
Торони никако. Усвет е. 2ч од космос. Никити најубаво од понуденово. Вурвуру е убаво, ама за убавите плажи треба возење. Со бебе малтрњтирање. Каламици може како опција
Мами сакаме да прошетаме до Охрид на некој ден, во дилема сме дали да бараме сместување во пештани или дајте предлог од друго место и контакт доколку имате од апартман блиску до плажа Фала ви
Уџум е. Мене ми се види ептен далеку и мачно. До никити е ок, ама после!! Кривини по пат, ужас. 1ч возење само до таму од никити. Ние паузиравме во космос, ама и од таму до торони има 2ч што е многу! Е сега ако имаш бебе што спие во кола, друг муабет Селцето ко селце, па и бетер нит аптека има. Да не те плашам, ама јас не би пак. Едино добра работа е што смештајот е најчесто на 20тина метри (на сама) плажа.
Одам втор пат..по убав одмор не сме имале ..прошетани ни се местава и на прв и на втор крак,за пат исто ми е..пкус минус 10 тина минути не менува ништо..до сарти ,каламитци подалеку само ми се виде..вода прекрасна,плажа исто..клима супер..за со мали деца прекрасно..мирно. За шетање има таман со количка за пешачење патека крај морето.. Неколку пати бевме навечер неа Мармарис ,а и на околните плажи..лагомандра останавме цел ден зошто има прекрасен појас од дрвца и има ладовина за да се прибериш во жешкото.. Мене искрено ми беше одмор за душата првиот пат..сега одам со две дечиња..едно 4ипол години,друго година и три месеци..и се надевам дека пак убаво ќе поминиме. Едит: сега погоре видов кукла напишала за аптека ..искрено секој со мали деца носи аптека ипол со себе ..не дај боже да притреба...а и да треба сите местенца се блиску,се качувам во кола и одам било каде.. Инаку за по пат..од каде што живеам до Торони е околу 4ипол часа.пет...тргнуваме околу 04.30 наутро..мала пауза после граница..во лидл кај никити си пазариме што треба, пауза и продолжуваме...и таман за сместување
Мене уџум ми се виде искрено. Па и тоа кривините по пат. За со мали деца па ич не ми е затоа што одма е длабоко во морето. Бевме со друг пар, кутрото дете не можеше да се израдува. Еден чекор и одма до гз водата. До никити ај некако, ама после! 30тина км се и ги возиш цел еден саат! Умрев по пат. Па и стазта за шетање едвај со друг да се разминеш. Со мм не можевме да одиме еден до друг и муабет да правиме. Нон стоп некој не разминуваше. Јас не би одела пак, ни сама ни со бебе/дете. За аптека. Јас носам, ама ете ми требаше да земам нешто. 1ч до никити, еден назад?!
Не е плитко многу ко на некои места каде што одиш 150 м и пак вода до колена..но не е ни толку длабоко..едното синче имаше 2 ипол години кога бевме и супер му беше. Сам влегуваше во вода..си играше..море мирно без бранови.. Патот навистина не сме го сетиле да е толку напорен..во кола,дете,занимации песни..поминало времето... А да треба нешто поблиску е неас Мармарис..таму би пошла прво..има и лекар,аптеки се...немораш до никити... Секој со искуството,моето ако е добро не значи дека и твоето ќе биде...битно да е се во ред со децата цел одмор..од кога се родија двеве само тоа си велам кога одиме негде
Затоа и реков за патот зависи од детето. Мојава не спие и ако долго е во кола збеснува. Сепак е доста далеку. Позитивно е што патот не е толку оптеретен он Никити до Торони, па може и да не го сетиш ако дете ужива во возење. Се зависи од децата како поднесуваат. По тоа и впечаток создаваме. Убав помин
Не сум била, ама какви слики се вртат по нет од таму искрено сакам да идеме некогаш на некој ден https://www.facebook.com/Stenje-Prespa-814187001927341/
Како убаво ми дојде искуствово твое Сакав да уплатам денес за таму, ама ми даде таа во агенцијата уште некоја понуда и рече да си размислам... Се разочарав, особено што водата е таква, а мојов обожава да е во вода. Поима немам каде да одиме... Место убаво за со дете 3год и бебе 9м? Сакам да си има градчето и за шеткање, плитка вода за да може дете да се шлапа колку сака без да се тресам дека ке пропадне.
Ние решивме одиме Никити, сме биле неколку пати до сега и лично мене ми е совршено за со деца местово