Јас ти го препорачувам амулијани. Некои 200км имаш од граничниот премин Дојран. Водата плитка, топла, чиста. Не е некое големо место. Има луна парк и паркче со лулашки.
I nie Nikiti od 05.09. Togas ke bideme tocno 7 meseci. E sega se mislam da ne e docna za malo bebe i da ne e ladnicko ne sme bile do sega na vtor krak
Ако сака да се шлапка, тешко. Да бевме сами, може и немаше толку да приметам колку е длабоко/плитко. Моево прцле уште не се шлапа само На пријателите детенцето ептен "мака" виде. 3.5 годинки има. Одма вода до гз. Кутрото. Дури жал ми беше. Да не ме сфатите грешно, ова е мој впечаток. Може за друг со други очекувања, деца, темперамент.. подруго да е.
Исто би бил, 3.5г... а гума, мускули не сака Ништо, отпаѓа тоа место... Ајде, ги има еден куп места, ке се најде нешто
Женски совет молам, бебе е 6 месеци, се мислиме меѓу Врахос и Пефкохори, јонско ил егејско море.. се мислиме Пефкохори да не е подобро дека потопла водата, ама и Врахос ми изгледа убаво...Совет за со бебе што повеќе одговара? фала
Неа Пори има многу долга и многу плитка плажа.. Не е далеку со кола, има каде да се прошета и со количка.. Солидно место за мало детенце на таа возраст, впрочем најголем дел од луѓето беа со мали деца лани
За со мало дете ти ја препорачувам Фурка. Бевме ние сместени во апартман веднаш до морето. Самото сместување ми беше на приземје, па дете се изнаигра надвор со други деца. Морето е чисто и убаво, на сама плажа има кафич ако сакаш да се напиеш нешто. Е сега плажата е малку тесна тука кај апартманот, но малку подоле се шири. Мене не ми сметаше тоа, секако сакав да бидам поблиску до малата кога се шлапкаше во вода. За шетање мммм, па баш нема многу. Има една уличка, има некои кафичи, нешто за играње за деца као музички играшки, вртелешка(не памтам баш од лани), има како плоштатче. Има убав рибен ресторан, и кафич еден на дрвце Ние си баравме местенце каде што ќе одмориме во буквална смисла, не ни требаа галами и местото ни се погоди скорз. Но сите места се блиску па со кола може да се прошетате навечер. Повели линк од апартманот кај што престојувавме. Сопственичката е многу лубезна, за се што треба се наоѓа. http://www.christina-apartments.com.gr/index.php/en/ На Фб поубави слики има: https://www.facebook.com/ChristinaApartmentsFourkaHalkidiki/?ref=br_rs
https://www.google.com/search?q=amm...4.69i57j0l5.5517j0j4&sourceid=chrome&ie=UTF-8 Островче е на третиот крак. Го посетив кога бев во Уранополи, имаше еднодневна ексурзија. Специфично е, имаше плажа, но тој период водата беше прилично студена, па ретко кој се бањаше. Од Уранополи до таму одевме со траект, а потоа со коњ/кочија до плажата.Прилично далеку ми се виде, поточно доста лош патот и полн со кривини е за третиот крак,а згора на тоа одевме со автобус, па со чекање на граница едно седум часа не фати.
Зависи за кој период. Сега во јули беше 50 евра ако не се лажам. Но има 2 типа апартмани, реновирани и нереновирани(не се лоши и овие). Конкретно за кој беше таа цена не знам. Пиши и на фејсбук, одговараат одма кога ќе видат
Ostrov Tasos vo Grcija e taka kako sto baras..za setanje kolku sakas i plitko e so sitna pesok,za dete izmisleno ..osobeno na paradise beach..
Преубаво ми е таму, но сме биле неколку пати, па да смениме. Баш ке ги видам сега апартманиве @chocolade @Elenche87 сакам и Тасос да го посетам, ама нека пркнат маливе, некако да не е ептен пат така... да збеснеме
Да да остров е. Ние одевме со кола. До Ставрос е автопат и не го сетивме. Од ставрос до трипити од каде што се качивме на тракер има кривини, но не е толку лош како што го кажуваат. Дали дека бебето ни спиеше не го сетивме патот. До плажата одевме со кола. За шетање има каде да се прошета не е до толку мали. Како за прв пат со мало дете сум задоволна од ова место. Важно ни беше да е плитка и чиста водата и дете не излегуваже од неа.
Ајде мамички совет, што се е потребно за одмор со бебенце(3.5месеци)? Дали треба купачи целосни, очила за сонце, каква крема за сончање користите?
Моето на три месеци на плажа седеше со маичка и кратки пантолони или само боди, на глава шеширче( со поголема стреа па му правеше сенка и на очи, уши и дел од лицето) наочари не. Исклучиво под сенка ама природна од дрво, не под чадор. Скоро и да не го мачкав, неколку пати бекутан со фактор само на рачиња и нозе во тенок слој.
Ние со бебуш бевме во дионисиос, блиску е, мало место, плажата беше ок а има и дебели сенки на улицата одма до плажа. Па седевме на крај на плажата и немавме.потреба ни за мачкање. Бебуш беше 4 месеци. Неа флогита, неа модања, се блиску навечер за шеткање може да се прошетате и таму. Сарти е убаво ама дува многу, неи пори е исто супер за деца, освен комарци што има. Неа врасна е што знам, ок. Плажата ја чистат секое сабајле, наутро не можеш ни пикавец да најдеш. Според мене се е релативна работа. Зависи како ќе си поминеш така и ќе го доживееш местото.
Мајки немој да ве лаже ѓаволот да одите во Неи Пори.И тука и пријатели што биле порано ни го пофалија местото и одбравме најмногу што го фалеа плиткото море. Ниту е плитко,ниту е чиста водата,бранови секој ден нас ке не однесат не мало бебе или дете. Песокот не е чист и храната и сместувањето е многу скапо.Капак на се вчера ни го скршија едниот,вечерва и другиот ретровизор. Кршеа и по грчки коли. Ни море видовме саглам ни одмор. Полицијата се правда биле деца 15годишни не размислувале. Мој совет ви е барајте друго место да си поуживате. Ние во Грција никогаш повеќе.