Женски, што мислите дали е пожелно да се оди на одмор во доцна бременост, некаде почеток на 8ми месец? Секако нели тоа зависи од бременоста и би било во консултација со лекар, ама би сакала да слушнам и ваши мислења и искуства. Кога би имала можност секако ќе е Грција, прв крак евентуално неа пори како најблиска дестинација. Ама некако сум мн плашлива за мрдање од дома со стомак до заби, а малово па ужива кога сме на море и би сакала барем неколку дена да има можност да се прошлапа Фала ви, убав ден
Зошто да не, ако се е во ред со бременоста, и имаш зелено светло од гинекологот Блиску е плус, за недај Боже можеш одма да се вратиш Јас би отишла на неколку дена, пак ќе кажам, под претпоставка дека се е во ред со бременоста
Мм веќе уплатил за Торони блу си за јуни како прва рунда одмор летово ама читајќи ја кукла се разочарав Бебе обожава вода и ако не плитко за слободно да шлапка ништо не правиме :/ @Ano знам дека лани бевте тамау, те молам, ако сакаш и по лп некоја инфо плус за местото од твој аспект.
Јас бев во 7 ми месец по препорака на гинекологот дека ќе ми годи. Бевме на неколку дена и со кола и супер поминавме само што јас бев многу поспана и се изнаспав. И од жешкото мн ми отекоа прстите, а цела бременост немав проблеми со отоци.
Ова лето јас бев Лептокарија а бев 9 месец влезена. Гинекологот ми даде дозвола и заминав, не ми беше страв сеќавав дека е рано за да се породам. И седев цели 10 дена, се пукнав од јадење
Грција или Турција за бебе? Одма после прв роденден сакаме да одиме,Јули. Предложете места, топла вода,плитко да е,мирно место .. Букинг не ми наоѓа тоа што сакам.
Јас планирам Пефкохори да одиме и на плажа со кола Паљури. Лани додека бев трудна одевме таму и ме бендиса за со дете.
И на нас ние план Пефкохори ама не кочи превозот,незнам дали ќе можеме со кола а со Афтобус мие страв. Има некој искуство со бебе во Автобус до Грција?
Мислам дека Грција ти е подобар избор од Турција ради близината ,вториот крак ти е супер за со деца ја нема таа гужва по плажите како на првиот крак,чиста вода и плитко убаво е кај и да отидеш на втор крак освен Сарти каде е убаво ама дува многу ветер .Исто Тасос мене ми го препорачуваат за со деца меѓутоа лично искуство немам .
Тасос и ние го мислиме за годинава. Стварно плажите се многу убави. Мене само ме буни тоа што кога бев пред десетина години имаше многу оси. Ако некој бил скоро да сподели дали уште има многу оси. Малку ми е страв од нив.
Бил некој овде? https://www.facebook.com/delfinobeachhotelgreece/ Не изгледа лошо и читам многу позитивни критики...
Епа Грција ќе биде. Ептен близу сум, пола саат ми е до граница, у право сте, до Турција ќе збудалиме. Уште местенце да најдеме. Наоѓате преку Букинг места или директно на лице место?
Имам патувано со годиначе пат од 15 саати. Ќе се мрднев Никад више со толку мало. До Турција само авионски, и тоа септември или октомври. Јули и август ќе побудалите од влагата, не се дише.
http://koviouholidayvillage.com Една препорака од мене. Лани бевме со мајка ми, но гостите беа 90% млади брачни парови со деца/бебиња. Плажата е преку улица, песочна, водата е кристално чиста и не е длабоко. Со доручек и вечера, шведска маса. Поминавме преубав одмор.
Искрено незнам и јас сакам да одам годинава ама незнам дали секогаш има оси ,бидејки пријатели наши кажаа дека лани немало супер поминале.
Плажата е нивна, за лежалки доплативме околу 20 евра за двете за 7 дена. Имаат ланец и катанче, ти даваат клуч од катанчето кој е кај тебе цело време. Така да, тие лежалки се само ваши за целиот престој.
@Emy867 каква беше храната? Заради малата прашувам, дали има свежо овошје и зеленчук и дали е разновидна ме интересира. За нас мање више битно каква е Тешко се наоѓа место како ова кај што има полу или полн пансион, притоа да е блиску плажата, а да не се астрономски цените. Баш ми фати око местенцево