Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.548
    Допаѓања:
    97.401
    Зеленчук има во изобилие, овошје помалку, го даваат како десерт.
    Имаш млеко, корнфлејкс, јајце варено, мевце, оривче, компирче...
    Ќе се најде и за нејзе, зависи што јаде.
    Е сега, ќе треба нешто да понесеш, комплетно не можеш да се базираш на таа храна за малата...така бар видов дека правеа мајките околу мене :).

    Меѓутоа, вие барем ќе си бидете раат за оброци, храната е преубава и ја има во изобилство.
    Ние стварно истеравме рајски одмор. Водата е сон, не се мати и не знам колку луѓе да има во нејзе.

    @Carpe Diem New, нема оваа конкретно природни сенки, ама ако сте со кола има многу други плажи во близина кои можеби имаат.
     
    На duffi, Carpe Diem New и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Фала ти Еми, и мм го бендиса местенцево, па голема е веројатноста да го посетиме :)

    Секако ќе носам за малата јас и од дома обавезно, иако јаде ама баш се'. Штом има месо, ориз, компир, ќе немаме гајле, иако нема да се потпирам само на таа храна, секако :)
     
    На TeddyGrey и Emy867 им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    @Sexybaby86 не ги разбрав цениве.
    Сингл, фемили ?
    Како му доаѓа...?
     
  4. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Јас како што разбрав е 66 еур од ден од соба (соба за двајца, а видов дека и дуплекс соба е иста цена) :wasntme: Секако ако се решиме ќе им пишам мејл да ги прашам за сигурно. Е сеа, пишува дека ако резервираш до 31 март, имаш 10% попуст, а дали ценава од 66 еур е со попуст или без, и тоа не знам.
     
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.548
    Допаѓања:
    97.401
    Јавете се и до Фалкон за цени чисто да прашате, да видите како ви се поклапаат со цените на веб страната.
    Они го работат овој хотел, ние преку нив бевме.
     
    На TeddyGrey и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  6. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Баш вакво нешто барам, ќе бидеме со две деца, од кое едното бебе, да не се занимаваме секој ден што ќе јадеме и дали ќе фатиме лежалка. Фала многу на препораката, ќе се јавам до Фалкон.
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Го нудат повеќето агенции кај нас види распрашај се по агенцииве какви понуди имаат,мислам дека лани цените се движеа околу 270е пп за 7 дена по лице.
     
    На Sexybaby86 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  8. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    5.534
    Мамички имате ли да предложите убав хотел на сама плажа со чиста и плитка вода за со детенце за Грција?
     
  9. enaena

    enaena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    121
    И тука да си прашам за мислење, одмор со 1 годишно детенце, во Фурка или Ханиоти? Ова за средина на јуни
     
  10. MSF

    MSF Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Читнав некои разговори од пред неколку години. Ме интересира дали некој скоро бил на Јонско, но во Албанија? Морето ми е ОК, бев на КРФ пред некоја година, задоволна сум од плажите, но цените се далеку повисоки во Грција, а истата услуга е. И би сакала предлог за ГРција, нешто блиску, за семејство со мало дете.
     
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Баш ми е криво ако сум те растажила :(
    Сериозно не е плитка водата. Јас не би со мало дете пак т.е. не би веќе пак никогаш :)
     
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.022
    Допаѓања:
    123.887
    Најдов добар смештај во Неос Мармарас на сама плажа. Знам дека е убав град за шетање ама не сум била на плажа. Малото ќе нема уште 2 год. Да го резервирам или ?
     
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.073
    Допаѓања:
    40.427
    Пол:
    Женски
    Самото гратче е угоре / удоле. Плажа нема. Плажите се пред и после градот. Таа пред е камена и не ме бендиса. Таа после (накај портокарас) убава песочна, ама тесна. Ние бевме вон сезона па беше густичко. Пушти ми линк да видам кај е отприлика за да ти кажам бар дали на добра страна е
     
  14. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Само калитеа прв ред што се доле на плажа

    Фурка е помирно како место ама па плажите не се убави баш за со дете, има бранови често и дува, јас би ханиоти
     
    Последна измена од модератор: 6 април 2019
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Моиве не се бебиња веќе две ипол направија ама не знам дали би ни успеало да отидеме на одмор годинава од причина што само во нивните креветчиња спијат, не сакаат да спијат на друг кревет, еднаш само беа преморени и не знам како заспаа во дневна. Монтажни се креветчињата, плус душеците, ќе треба и приколка да купиме :D
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    7.769
    Пол:
    Женски
    Јас се мислам за олимпијада, гледам на фб една жена што става слики плажата babylion ми остана во око. Бил некој лани таму како е.? Исто се мислам и за паралиа дионисис?
     
  17. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Ние планираме во Турција во септември. Од нас е 3 часа лет. Тогаш бебуш ќе има 9 месеци здравје. Сега во април ќе испробаме до Скопје да видиме како ќе поминеме по пат.
    Турциј ми се свиѓаат alles inclusive понудите,зошто е прав одмор,не му ја мислиш за ништо. За децата имаат преубави базени,тобогани,разни занимации. Ќе видиме како ќе биде.
     
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.392
    Допаѓања:
    76.514
    Пол:
    Женски
    Да баш така... Ние бевме крај на Август, некои 4 дена имаше премногу бранови и лутавме со кола на други плажи. Плажата тие денови скроз ја немаше, значи удираа брановите се до крајот на плажата (дека тесни плажи имаат), па донесоа и еден тон алги, па додека да исчистат... неколку дена крш беше плажата. Бевме и Калитеа еден ден, брзо се стига до таму.
    Еве додека беше супер, додека удираа бранови и после тоа.... IMG_20190406_103133.jpg FB_IMG_1554539309189.jpg received_2157045651240303.jpeg

    А додека немаше бранови, водата си беше супер, чиста, плитко за деца...

    Смештајот ни беше рај, одма на плажата, тука цел затворен двор беше и имаше место синко низ една патека да вози точаче без да се грижам за коли, градче супер за со деца, уште да немаше бранови ке беше одлично место и ке го посетев пак. Ако некој бил порано во сезона нека каже искуство како е тогаш со брановите....
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 6 април 2019
    На duffi, Sexybaby86 и didisi им се допаѓа ова.
  19. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    За дете 20 месеци би одбрале планина или море?
     
  20. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    7.769
    Пол:
    Женски
    Ако е за време на летниот период(јули, август) јас пре би море
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.