Летно време море секако, пролет, есен, планина. Во зима со мало дете по планини е тешко... јас оваа година со 3ипол г и 13-16м не се осмелив да отидам на зимување, бевме во Банско кога беше малиот 20-21м и ми беше претешко. Кога ке пркнат малку ке се осмелам. Бев на еден ден на планина на снегови зимава и ептен е тешко по снегови со мали деца.
Може јас така размислувам, ама мене изборот на плажа не ми зависи од тоа дали имам бебе или не. Ова лето првпат со мм и бебе ќе одиме на одмор и од старт се договоривме да не идеме на пензионерски плажи. Јас баш сакам да сум меѓу луѓе, со музика на плажа па зошто да не сум и со дете, он е 8м и обожава музика само игра, кога му се спие си спие, ако ми е за сенки ќе си зеам чадор и готово. Гледам сите некако барате мирни места и стварно не разбирам зошто до толку
Ке сфатиш кога ке отидеш Не е гужвата само преку ден, туку и навечер е галама и гужва во некои градови... а не сите деца трпат и спијат во галама, па ни возрасни ненаспани со деца. Мене битно ми е да е широко, мирно, да имам убав простор за децата за да можам да си ги гледам. Ако е ептен гужва густо не ке можам поглед да тргнам од нив ни секунда. Вака широчко и мирно, деца пред мене си играат, рај Инаку секаде кај што сум била пак не е ептен пензионерски, има музика на плажи, има млади, има доста родители и деца, ама бирам крај на сезона и сепак бирам помирен град. Незнам како го сфаќаш тоа пензионерски...
Сега е мало и може не е толку проблем ама кога ќе почне да оди се да фаќа меѓу луѓето да одиш по него да го бркаш гужва нема да ти треба
Мојот постојано бараше да цица на плажа, така и заспиваше на лежалка цицајќи, па кога си меѓу мајки и други деца што цицаат и не е така непријатно. Плус писка, плаче, сака во вода, сето тоа кога би се случувало на плажа со гужва и младина мене и те како би ми било срам. Налет таков "одмор".
Годинава одлучивме за Црна Гора бебушко ке има неполни 5 месеци а дада е веке голема има 3 години и 8 месеци до тогаш се надевам ке биде убаво лани бевме и бевме задоволни е сега со вака мало бебе ќе видиме како ќе биде
Па добро, преку новава магистрала преку Албанија брзо ќе стигнете. Нема ни 400 км. Ми текнува јас на времето до Чањ сум патувала 14 саати
Ние бевме Паралиа Дионисис крај на сезона. Ако сте за мирно, ама мирно, штама навечер. На уличките мрак, луѓе не мрдаат. Два кафичи, слаткара, аптека. Пензионери. Плажата ок. Ние бевме на крај на селото. Куќата во втор ред. Добро беше, чисто. На плажа имаше две големи дрва. Накај 11 се прибиравме под сенка, под дрвата, бебе спие, маж се бања, ти кафе пиеш ( кафичот е на 20 м на плажа). Се на се ок, ама досадно навечер.
Баш за мирно мирно не сме, сепак да има некое паркче за деца, луна парк. Би оделе во сезона јули месец.
Имаше мал забавен парк, рингишпил, колички, некои 2-3 онакви што се јаваат со паричка, лулашки. Можеби во јули би било поживо малку.
Ве молам препорачајте ми место за со мали деца (1 год ќе бидат). Ако знаете и убави хотели во Грција (дека најблиску) препорачајте ми некои. Нез како ќе се снајдеме,ама не останувам оваа година без море!
Јас и за мене лично не сакам гужва. И моето нема проблем со спиење на галама ,сака музика и сл.ама на таква бучава не би го изложила,константно викање, музика итн.... Ајде баш пробајте па ќе споделиш
И тоа и тоа зависи од сезона. А може и двете во лето. Малку плажа малку чист планински воздух. 20 месеци е веќе пораснато детенце па ќе биде малку понапорно зашто треба ептен пазење ама не дека не е убаво. Мојот на таа возраст уживаше на плажа. Не сакаше баш нешто да плва во вода ама уживаше да игра во песок/камчиња. Плус бевме таа година во Хрватска и се изнаспа под борова сенка. На планина сме го носеле само во зима на снег и тоа од година дена секоја година и супер сме си поминувале. Одлуката е ваша. Со соодветна подготовка секаде се оди. @Girly90 зависи која ти е дефиницијата за пензионерска наспроти журкачка плажа. На некои вистински журкачки плажи има многу гужва и бука. На некои има многу млади кои нема баш да сакаат да им плаче бебе до нив или да гледаат како бебе цица, му се менува пелена и слично. На плажи со повеќе деца полагодно е. Осетив лани кога ни требаше баш одмор и завршивме во хотел со 90% гости со деца. Не ни беше гајле дали дете плаче за сладолед, не сака да јаде, сака друго лоопатче и слично зашто сите гости беа со слична мака и сите беа искулирани по тоа прашање. Со бебе на 8 месеци е полесно на било каква плажа да си зашто уште не оди и ти го контролираш малтене. Сум била и со слична возраст бебе и шетавме, ама мислам дека на бебето му беше поудобно на плажа без многу бука, а и мене ми беше поедноставно кога требаше да го заспијам, надојам и слично. Инаку јас па не ни сакам цело време да см на журкачка плажа. Мене ми е Хрватска омилена дестинација, каде што има малтене приватни мали плажички на кои си ти и морето и за промена одиме и на тоа вон стандрадните плажи.