1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.378
    Читај критики од посетители. Точно ќе знаеш дали е наменет за фамилии со деца или парови/самци.
    Секогаш на повеќе страници, за пореално да биде и што повеќе ривјус да има опфатено.
    Конкретно, за Египет, немам искуство.
    Не сум била а мислам дека нема ни да отидеме од слично причини како Фримајнд.
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Ако гледаш според оцени на букинг, барај со 8+, а јас најчесто гледам на www.tripadvisor.com, таму некако ми се најреални. Според нив се ориентирам кога бирам хотел, небитно за каде се работи. Така и го одбрав хотелот кога бевме во Египет. И не зажалив за изборот. Ако одиш во Египет, хотел со 5* е задолжително, ништо подолу, поради ризик од цревни инфекции. Ние бевме во солиден хотел со пет ѕвезди, имав целосно опремена аптека, за секој случај, но фала му на Бога, ништо не искористив. Хотелот беше пречист, храната преубава, за европски вкус, солидно готвена. Jaz Aquamarine е хотелот, тогаш беше дел од друга франшиза, но сега не верувам дека е нешто подолу од тогаш. Во однос на опасност - па секаде ја има. Ние конкретно бевме во Египет во прилично турбулентен период, кога имаше немири и државен удар, во 2013.

    За Турција може и хотел со 4*, не се лоши, меѓутоа се доста поскапи годинава, има доста добри хотелчиња, само треба да знаеш да избереш. Трипадвајзор може многу да ти помогне, јас таму бирам хотели што имаат оценка минимум 4 од 5.
     
    На Feminka22 и orhideea им се допаѓа ова.
  3. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.494
    @Annath те имам читано дека супер сте си поминале.
    Го имам симнато и трипадвајзор :lol: и на трите читам критики. За Египет скоро за сите хотели имам читано дека се стари или храната не е добра или плажата. А сликиве по агенциите топ ама кога ќе отворам и видам какви слики прикачиле туристи :(
    Повеќе сум за Турција имам зачувано 2-3 хотели.
    Обавезно ќе одиме во 5 ѕвезден со ал инклузив. И така детево ми јаде парчиња па нема да му ја мислам за блендер. Ќе си спремам аптека, имаме во темава листа ќе ја побарам.

    Ако била некоја членка Турција нека пише каде и како поминале :)
    Читав дека Анталија било најубаво имало каде да се прошета, не ми се седи само во хотел :lol:
    Кемер скоро секогаш дувало ветар.
    Лара и Белек било исто убаво само за Сиде не прочитав ништо.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    И Турција бевме, ама во Кушадаси. Во хотел со 4 ѕвезди, се вклучено, и таму беше убаво. Се изнашетавме и се одморивме. Е таму храната не е баш по мој вкус, многу е зачинета. Или може така ни се погоди, не знам. Ама генерално супер беше.
    Иначе зависи за кои хотели во Египет имате понуди, можеби не се нови, ама сигурна сум дека има добри. И не секој со пет ѕвезди е ист. Кога бевме ние, имаше неколку други од Македонија, сместени беа во друг хотел, исто со пет ѕвезди, ама многу се жалеа кога се враќавме назад.
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Ние плнираме Пефкохори. За плажа со кола Паљури. Баш ми е така изолирана плажата и мирна за со деца. Лани бремена бевме таму и се изнаспав. Имаше полно со мли деца па нема да ми е страм и да си ја дојам, ако цица уште дотогаш.
    Пефкохори имаш се. Баш забележав на секој чекор имше и педијатри што ми е многу важно за со дете. И плажите не се лоши. Е навечер имаше мн гужви, ама ние бевме баш во топ сезона. Годинава ќе одиме почеток на септември. Таман и бебка ќе има 10 м.
    Ханиоти плажата не ме бендиса вооошто, а и селцето ми беше некако попусто.. Врасна не сум била. Калитеа би одела да не беа скалите, ама и мн променливо ми е времето таму. Секе утро врни дожд :wasntme::rain:
     
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    @Milaаа991 тебе ти се погодило да врне дур си била во Калитеа, нема логика дождот да е врзан баш за тоа место :D

    Ние ништо од морето за годинава, или далеку или муж-лимун табиет се инати со негови филозофии. Сеа треба да тупам мозок за Охридско крајбрејже :doh:
    Вие каде би оделе на Охридско? Мене фаворит ми е Љубаништа ама ќе мора да барам смештај во селото и секој ден со кола до плажа.
     
    На eli25, Ano и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  7. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    2 пати бев по 1 недела и 2 пати врнеше од сабајле. Баш и собарката рече дека скоро секогаш било така. Можи само јас таква среќа имав. 8)
    Охрид дефинитивно би одела Љубаниште само што е камен водата или Струга во автокампот во бунгаловите Ливадиште како потопла опција. Евентуално Радожда за смештај. Таман да се искористи и аквапаркот од Изгрев. :D:sun:
     
    Последна измена: 30 април 2019
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    @Kitten ладничка водата е во Љубаниште за мали деца.
    Јас би идела во градот на твое место. Ако е убаво времето ќе си одите со комбе на Парк или Потпеш.
    Ако се затвориш во Љубаниште досадно ќе им е ако врне или слично.
     
    На Feminka22 и Kitten им се допаѓа ова.
  9. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.968
    Допаѓања:
    59.589
    Пол:
    Женски
    Гледам уште понуди и неодлучни сме ама изгледа Пефкохори ќе биде одма до плажа.
    Ние без кола ќе одиме така да таа плажа што е таму таа ќе биде.
    Кога бевме во Калитеа во 7 дена само еднаш заврна.
     
  10. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Изгледа мене само со Калитеа ми паѓа паричката. :D
    И Полихроно не е лошо за со деца.
     
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Не сум за во градот, секој ден треба со кола да патуваме, а Потпеш е ептен камења (освен ако не се сменило, одамна не сум била), ќе искрши нозе големово. На Парк плажата каква е?

    Камп со бебе годиначе отпаѓа, многу е мрцварење, аквапарк со мали деца уште ми е мисловна именка. Незнам стварно. Љубаништа стварно е ладничко, посебно ноќите, ама плажата и плитко песочно дно е идеално за деца. Плус ќе одиме во шпицот, после 20ти јули, па рачунам ќе биде жешко, брзо ќе се грее водата. Е сеа, не е море... :(
     
  12. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Во бунгаловите е супер. Имаш купатилце, куњичка и терасичка. За во камп и без деца не би одела. Во аквапаркот имаше дел баш за мали деца и мн беше интересно. Е да ќе треба мн вардење да не појде на страшните.8)
    Љубаниште јас од ладното добив цистит и од тогаш само на сончање сум таму. :D
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Зошто толку мали деца на базен ?
    Не ви е..шубе?
     
    На Feminka22 и Kitten им се допаѓа ова.
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Ние лани бевме во Сиде. Хотелот ни се погоди и прекрасно поминавме. Horus Paradise Luxury, така се вика хотелот, со 5 ѕвезди е, задоволна бев од се, плажата топ, јадење во изобилие, син ми беше 1,5 година немавме проблем некој голем со јадењето, јадеше салати, овошје, супи, риба...
    Целиот одмор бевме стационирани во хотелот, не прошетавме воопшто надвор од него за да ти кажам какво е местото, мене ми беше битно плажата да е убава, а и самиот хотел нуди доста активности па времето ни беше исполнето.
    Во врска со оценките, мислам дека имаше оценка 4/5 на tripadvisor и на google, на booking го немаше. 4 оценка на овие и 8 на букинг ти е сосема доволно, ко што кажа Дани читај ги рецензиите така ќе добиеш пореална слика. Некогаш луѓето навистина се цепидлаки, т.е. во влакното јајце бараат па даваат послаби оцени.
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Бебе ни јас не би бањала ни под разно. Големата е скоро 5, прв пат лани беше на базен.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Јас немам лошо искуство и многу сакам базени, ама колешка од лани од Турција од базен неможе девојчето да си го опорави.
     
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Што му е?
     
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Фатило некоја инфекција во увото од нечиста вода
     
  19. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.171
    Пол:
    Женски
    Полихроно никако! Посебно со деца.не.
    Имам одено еднаш Полихроно, камења еден куп големи. Неможиш да влезиш во вода.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Зависи на кој дел. Има делови и што не се со камења. А малиот секако па и нема да оди. Знам ко бевме имаше мн фамилии со бебиња и баш си рековме нареден пат ваму со бебе. :D
    Мене Ханиоти ми остави таков впечаток. Ама само на 1 час бевме и не ишетавме. Можеби и таму има почисти делови. 8-|