@eli25 Вие за каде се одлучивте? Треба да одчучам овие денови а вилите до плажа што се се скоро распродадени.
Афитос е многу убав, водата пречиста, плажата е потесна, не е од оние широки плажи, мирно место, поголемиот број туристи се странци. За со дете не знам како би било, но паркови за деца, лулашки, такво нешто нема, па не знам колку би му било интересно. Ако сте сместени во вилите доле на плажа супер, но ако сте во горните вили, треба одење до плажа кај што за до плажа се оди по удолница, но за враќање е малку наугорно ( малку уморува). Има Лидл за пазарење, блиску е Калитеа, има доста ресторанчиња кои се скапички, за шетање се неколку улички кои се вртат во круг. Искрено мене Афитос ми е преубав. Ние бевме сместени во вилата Тилемахос преку Игуана. Поглед кон морето е Мислам дека би ви било убаво и со дете.
@Chanell* градчето е многу убаво, плажата убава, ама во памет ми е остансто дека во водата има многу камења. Плус многу стрмно нагоре надоле. За со дете не е баш.
http://www.zefyroshotel.gr/ Види го ова Ано има една плажа која е без камења ама сепак со дете не би Плус стварно нема лулашки ,колички некои занимации за деца...
@eli25 имаше баш едно делче без камен во вода, ама таму многу рано снемува сонце. Ние бевме сместени во истата вила што како @hello-kitty.90 и стварно има поглед за сите пари, многу убаво дворче, ама на плажа строго со кола инаку на враќање ќе скиневме конци
Планираме средина на јули да идеме на одмор у Грција. Бебуш тогаш ќе биде 4+ месеци па ме интересира како ги бањате у море со пеленки или голички?
Јас ја бајнав на почетокот со пелените за во вода. После тоа гола и така повеќе од 5-10мин не ја држев во вода. Тогаш беше 9+ месеци. Кога ја вадев од водата обавезно и ставав пелена.
Не сум била таму на одмор но неколку пати сум била навечер на прошетка. Има многу гужва полно е македонци и срби и многу е жешко зборам за навечер. Страшно топло да се цеди вода од тебе. Јас таму не би одела на одмор никад.
Здраво, што мислите кое место е подобро, флогита или каликратија, ќе одиме на 15 јуни ама не можам да се одлучам каде, не сум била во овој дел. Јас ќе бидам влезена во 8ми месец, а синко има 2 години
Јас откажав во Афитос, ми рекоа многу морски ежиња имало Букирав во Ксамил,Албанија се надевам ок ќе поминеме.
Убаво е а и башка ефтино,но има многу гужва на плажите особено во плиткото незнам како ќе биде за бебе. Има и Аптека и Амуланта. Во долниот дел резервираше?
Зошто не го погледнете Неа Скиони , убаво е за со мали деца , а смештајот поефтин , а блиску до плажа.Имав некои линкови..ќе ви ги пуштам.
Има ли Маркети и каде да се прошета? Јас одма најдов убава вила и ок цени. https://martintravel.com.mk/web/вила-парадајс/
Немаше поголем маркет од типот Лидл туку помали. Еве препорака за сместувања https://nikana.gr/en/accommodation/...0/the-meltemaki-apartments#hotel-availability Оваа жена е многу фина и има ефтино сместување во сам центар,до плажа. http://www.peristerianos.gr/ Или да изберете поблиску Дионисис,Неа Флогита.
Не, морето е никакво. Ни чисто со камења внатре и на плажа нема песок мн е грдо. А за шетање има мн и кафичи таверни продавници... Јас лани бев ама ич не бендисав.