Баш убав период за со бебе. Ако сте решени ич не се плаши. Топ ќе му биде, макар и 4-5дена. И јас тогаш воведував. Се опремив Хипп готови со тоа што јадеше за доручек и без проблем поминавме.
@happygirl се сложувам со @duffi. Ќе му годи морскиот воздух на малото. Нема да воведуваш таму нови вкусови, ќе земеш само она што ќе има пробано дотогаш, готови каши. Полесно е додека е вака помало, кога ќе потпорасне подруго е. Ова баш мирен одмор може да ви биде. Секако, ако имате можност.
Во Ставрос само навечер сум била, кога одевме на одмор во Врасна. Тој дел ми е убав за со дете. Топла вода, ситен песок. Оваа година нема да имам одмор, на маж ќе му дадат некој ден, оти меневме раб.места, ама околу Илинден ако сврзиме би сакала таму да одеме на 2,3 дена.
Мајки бил некој во Амос вилата во Калитеа? Уплатив таму преку Атлантис турс кавадарци. Ако била некоја да сподели мислења.
И моето ќе биде 6 ипол месеци, втора половина на јуни ќе ја носиме до Грција. Малку ми е страв, се надевам добро ќе поминеме. Планирам да си носам веќе пробани вкусови, готови кашички. Поискусните сакав да ве прашам со што да ја мачкам за заштита? Можеби смешно но прв пат ми е. На два пати да одиме на плажа, да избегнувам јако сонце? Јуни ќе е, нема да е толку силно веројатно... На плажа ќе ми спие, со што да ја покријам? Тетри да си земам? Во море можам ли да ја внесам? Со пеленка ли? Базенче сакам да и земам, дали да и го наполнам со вода на плажа да си игра, сака вода доста... Ништо не ми е јасно, искусни мами помагајте ...
За мачкање избери некое средство со фактор. Што мислиш тоа од аптека. Јас само на лице му ставав . Покривање со тетри на плажа. Носевме лани и базентче и прежно си беше во него. Полневме вода од морето. Го бањавме и во морето по 5 минутки со пелени за во вода. Имаш на Памперс , мислам Бејбилав имаше и Лупилу од Лидл. Два пати одевме и ние. Сабајље и после ручек . Многу е лесен одморот со толкаво бебе. Ќе ја избанкаш, ги уморува лесно морето, сонцето и спијат на плажа претежно. Дури и мојот неспијач спиеше.
Годинава сакам на Јадран. Бидејќи ќе сме со мало дете и бебе од 6 месеци гледам да е најблиску што може за да не минеме многу време во пат. Затоа кажете искуства за во Црна Гора, Улцињ убаво ли е? Крај на август/почеток на септември какво е времето?
Најубавите плажи од Јадран се Улцин. Долги и песочни. Децата би се изнаиграле. Иначе градежна мафија му еба мамата на Улцин и на цела Црна Гора, несигурни градби во карпести предели, узурпација на плажи итн. Мнозинство албанско население околу 90% и туристи од Косово и Албанија, али гостопримство за мерак. Таму најубаво ќе ве пречекаат. Еснаф луѓе. Ако најдеш на нет хотел или вила со сопствена плажа уште поубаво.
Додека се мислев веќе и букирав. Начекав на попуст на букинг последен апартман на самата плажа и не ми се оставаше. Ова ми беше најбрзо испланираниот одмор досега.
Јадранот е поладен за бебе, јас би Грција, ама годинава ќе скокнеме море, не ми фаќа окото не е толку мал, 7 во јули ќе има.. ќе одиме до Охрид некој ден, и одамна не сум била ми се намерачи
Женски алките против комарци на еурофарм добри се? Искуство некоја? Маж ми рече дека биле за деца над 3 години... ги користела некоја кај бебе? Нормално на ножината планирам да им ги ставам.
Поладен е да, ама јадранската клима е одлична за имунитетот. Не сте мали и вие, таман сте за на море има да се изнаужива бебе. Ако нема друга причина, не се мисли.