Сигурно и локалците ќе ви кажат, во морето на некои места знаат да се појават како вртлози и се опасни за луѓето. Башка што не е баш плитко. Ми кажуваа луѓе што секоја година одат во Улцињ на море, е сега не знам дали на сите плажи или само на градската плажа. Распрашајте се детално. Edit: Еве една статија од лани https://www.bokanews.me/region/ulcinj-velika-plaza-je-izuzetno-opasna/ Дека сте со мали деца, затоа пишувам, и јас сакам на Јадран, баш во Улцињ, ама ова ме премислува.
Добро е што сподели Ана, секогаш прво истражувам па одлучувам, ова беше ептен спонтано. Ќе бидеме внимателни.
Не е ладно ич да не се секираш,ние лани бевме почеток на Јули се бањавме ,така да нема правила ,а за климата нема збор,незнам како е во Улцињ,ние беме Бечичи.Баш лани читав истражувања дека последниве години темепратурата на Јадранското море многу се покачила. И ние сме во дилема каде годинава,искрено многу скапо ми се гледа Грција не се нормални со оние цените за сместување,можно е пак Јадран да фатиме на крај ,само близината може да ме предомисли иако не ни е проблем подолго патување. @Lolipop23 ако сакаш пиши ми во пп кај резервираше? @Poppins мислам дека лани беше Црна Гора,може ли ако имаш информација за смештај да ми пишеш..
ние Будва беме од смештајот не ни земавме број и криво ми е , преубав апартмант си беше опремен со се и близу центарот , газдарицата беше префина бабичка .
Понтино Апартментс побарај на букинг. Немаме искуство ама многу позитивни оценки има. 315 евра за 7 ноќи, од 26 август до 02 септември.
Јадранот е убав ама се зависи кое место ќе го одбереш. @lackygirl Охрид е ладен и не ќе можеш и бебе да го бањаш. Ние се мислиме,тоест јас се мислам бидејки маж е тотално незаентересиран на мене остави да одберам. Сега се мислам помеѓу Пефкохори и Полихроно и незнам каде е подобро,вилите двете што ги одбрав се на 20 и 49 м од плажа. Малиот ќе има 7 ипол месеци и ќе го бањам во море
Јас како Црногорка во душа да ти кажам искуство од лице место. Струите што влечат се блиску до реката Бојана т.е. кај што се влева реката во морето и таму струјата носи надоле, а не накај обала. Плажата е огромна и преубава за со деца и доколку сте далеку од реката (а сигурно сте, зашто реката се влева скроз доле) нема простор за грижи.
Пефкохори бевме пред 4 год и никад више.Џунгла на плажа Полихроно лани бевме.Сместени одма на плажа.Тивко мирно убаво мн
Убаво, таман за со бебе, мирно, чиста вода, со плитко. Лани бевме од 26ти август, ептен убаво минавме
Јадранот е идеален за прошетки со деца рано наутро да дишат. Најубавото море на светот. И јас како лаки рипам годинава. Од исти причини. Некој ден на планина и толку. Здравје септември ако спие навечер може да се отиде негде. Иначе домче најубаво.
Тогаш ќе се дружиме по дома ние три со @lackygirl Јас прерипав одмор и лани, дека бев бремена, еве и ова лето, ама ајде здравје догодина ќе одам.
@FreeMind И јас прерипав лани, хахах не појдовме ни до Охрид, страв ми беше многу мене дека пред тоа имав missed abortion и цела бременост се пазев мноогу, од дома на работа и назад, цело лето дома и по свадби само ајде здравје има време ќе одиме
Преубаво, совршено за деца. Достапно, сѐ е блиску, културни угостители. Мирно море, чиста вода, песок. Лани бевме средина на јули во хотел. Препорачувам
И јас рипам одмор. Не ми се верува кога читам дека со мали бебиња одморот бил уживанција До продавница не можам со него на раат да отидам, а не пак на одмор. Знам дека ќе има плачки и мкнење во раце, па и кавги со мм, зошто тој ќе се бања,а дете лепенка за мене, па одморот би бил вистински кошмар. Моето дете не верувам дека би спиело на плажа во количка, ниту дека самата клима ќе го умори. Здравје наредната може да надокнадиме и за оваа. Таман ќе има 1,5 год па ќе му биде интересно, вака на 5,6 или 7 месеци мислам дека би било напорно и за двајцата.
Јас го обожавам местото. Бев со три месечно бебе и поголемото две годишно. Сместени на сама плажа. Типично грчко градче, има лулашки за поголемото, каде да прошеташ, каде да седнеш. Плажата е мала, но нас ни беше ок. Одевме и на други плажи. Во близина од градчето има Лидл. Го сакам и дека околу е борова шума, за децата мелем.