Да не испадне дека се убедуваме, не знам колкаво е бебето, ама ако е сега на 5,6 месеци лепенка и е нон стоп со плачки, на 1,5 година ќе е бетер, па плус и проодено, не можеш да го додржиш, оди насекаде, мораш цело време да го мачкаш, па мисли за 3 оброци и ужинки, па досадно му е итн итн.... А бебе додека е, па и по можност да е непројадено цврста храна, кај го ставиш таму си седи, на плажа под чадор, нема потреба ништо да мачкаш, за јадење цицка/млекце, за шетање во количка, уживанции. Климата ќе му годи 100%, ќе ти спие дупло повеќе отколку дома.
Се извинувам шо се ,,мешам во штипки'' aма секое бебе не е за да уживаш ни на кафе со него, не пак на одмор. Едноставно има такви деца шо вриштат и пиштат во секоја ситуација, од чиста мира. Другарка ми има такво дете и искрено ни на гости не го носи не пак на одмор. Самата кажува дека е дете од пеколот избегано. Во количка не седи ни под разно, ако е кај едниот родител во раце пишти да го земи другиот, па обратно... со такво дете одмор е последно нешто шо би ви текнало.
Јас во Врахос одам по 2 пати во лето веќе 3 години. Сум била во во сите месеци, освен што доага народ во јули, генерално е празно, што мене ми е прекрасно. Септември има високи бранови, не би препорачала тогаш да се иде со дете. Плажата е огромна, има кафичи со чадори и празно место ако сакаш сам да се наместиш со чадор. Водата е потопла после јули, во мај ми се случило ич да не влезам цели 10 дена (до мене е проблемот, треба да е многу топло да влезам), а во август се бањав секој ден. Е сега нема голем маркет како Лидл, нема некои посебни активности, ама поубаво место не сум видела. Првиот пат кога отидовме беше зошто плажата ја најдовме на листа 10 најубави плажи во Грција, и беше единствената што не е на остров. Вреди за патот од 6-7 саата, автопатот е мераци за возење. До сега не сум била со бебе, малата ќе биде 7-8 месеци во август, и само заради колата што се расипа нема да идеме годинава. Догодина дефинитивно таму. Ако со малото немате проблем со патување, топло ви го препорачувам. Имам роднини што биле со деца од 3 и 5 години и рекоа дека одлично поминале и со децата.
Ма какво убедување,секој си има свое мислење и си ја знае најубаво сопствената ситуација. Ама, со син ми не можеме низ Куманово да се провозиме без плачки, а не да патуваме минимум 3 саати. Да го ставиш да седи да не е во раце, 2-3 мин максимум издржува,мора да е во раце,и тоа ако е расположен, ако не и во раце кенка. Во количка нема шанса само да седи,мора да се вози,и тоа секако ако сака,може воопшто да не сака да го ставиш во количка. Со играчки не се заигрува уште е мал, освен што става се во уста,па ги расчеша жлебинките,па плаче. Нели,да не навее човек, кој има помирно бебе,тешко дека ќе поверува. Ама такво е,ќе видиме каква ќе е ситуацијата догодина,може и тогаш да не одиме. Ќе се прилагодуваме на ситуацијата. Врахос е многу убаво место,мирно,плажа веднаш до сместувањето, без гужва,има лежалки,ама има место и да си ставиш пешкири. Е ние бевме во септември,и постојано имаше ветер и огромни бранови,јас не влегував во водата,бидејќи брановите ме издигнуваа буквално во водата. Само еден ден беше мирно. Може така ни се погоди,не знам. Има 2 продавници и неколку кафиќи,ресторанчиња. Занимација некоја за деца нема и за шетање една улица отприлика 3 км.
Јас го рипнав првиот одмор со беба требаше да ја носам на 8 месеци сепак големка, ама не отидов, го пуштив мм сам со друштво, јас со мајка. Бебе заспиваше со нишкање, да се нишкаме на 50 степени некаде. Плус заспиваше исклучиво сами да сме во соба, глас да не се слуша. Најголем дел од денот требаше да сме во една соба затворени, во која истовремено требаше и да готвам, не! Другата година беше поинаку, посамостојна, веќе проодена, се заигруваше и беше далеку покомуникативна. Си отидов во хотел се вклучено, што првата година не ќе го можев, уште не јадеше салам. Поминав вистински одмор со јадење, капење и спиење. А сите велеја ќе ми биде најтежок одмор, со проодено дете, на година и осум месеци. Не, прелесен и преубав ми беше. Годинава одам на истото место, што си е сигурно, сигурно, уште повеќе се радувам.
Знам дека се точно година разлика . Јас бев уранополис, теоксенија, храна огромен избор, за мајката вистински одмор . Во хотелот игротека, идеше повремено жена ги занимаваше, позади имаше парк, со крлешки и куќарки, беба уживаше таму. За тоа време ти може да се релаксираш во хидромасажер Плажата е поврзана со подземен тунел, лежалки бесплатни, пијачка имаш и на плажа секако. Едино патот е мачен, ама вреди. И плажата е убава во тој дел.
Букинг и ск агенции го нудат првично полупансион, ама можеш да си побараш алл, ќе дадат. И немој букинг, многу е поскапо. Ние лани побаравме да останеме, самиот хотел ни намали 40 евра на соба отприлика. Базените се со солена вода, може и бејби да се бања. Излишно е да се зборува за базен кога одиш на море, ама не е лошо едно кафе да се испие овде внатре
Минатата година бевме во Грција со 6 месечно бебе...јаооо...замор, и тоа со баба и дедо бевме...така да те разбирам скроз. Супер за тие што имале баш одмор со мало бебе,, јас ја немав таа среќа оваа година ќе ми биде година и пол малово, па се надевам дека подобро ќе поминеме зашто посмирен ми е малце од лани... Инаку мајки со искуство по идење на одмори со деца низ Грчка, некое линкче нешто од кај што сте задоволни плс?
Ние во септември бевме пред 2 години, ветер мн дуваше, морето многу надојде, бранови цело време, имаше денови кога воопшто не влегов во вода.
Јас пак имам среќа со синко, многу сака да се вози. На 6 месеци додуше само во Охрид бевме, ама затоа веќе после тоа сме биле со кола и до Пампорово и Копаоник во зима (Банско и Боровец не правам муабет ), на Тасос, Хрватска, краците неколку пати, лани на 3 години со кола до Прага, годинава пак шетавме. Мене ми се смачува, тој нема гајле. Се си е до детето.