Дури и во сезона не би бањала дете во Охрид, во август е ладна водата,не па сега. Кога ќе помислам во август и мене ми беше ладна.
Никаде. Па ни надвор од мк кај шо е потопло. Дома не бања никој дете во ладно. Колку и да е релативно топла водата ипак не е за мало дете . Ја би во вакво нешто ама прво да отстои водата на сонце колку да се затопли
Прошла недела у четвртокот се стопли времето, во саботата бебе мое се шлапаше у плиткото во Охрид, не се натопи до глава, но нозете му беа во вода. Не беше бара топла, ама па ладна и гч ич, чим сум дозволила да се мокри беше ОК. Уствари Охридско и не е толку ладно како што беше некогаш. Веќе цела недела е пекол, па верувам дека е потстоплена убаво, сепак за она убаво бањање не верувам дека е ОК, па и да седи долго, но за шлапање у плитко што да не. Преспа, Дојран битребало да се потопли периодов.
Овде на Крф прошли викенд оти претходно неделата врнеше, викендот беше грч ладна водата. Ја шлапнав со нога само и толку беше, тоа во саботата, во неделата не помислив ни нога да стаам внатре. Во друштво со нас сите беа со мали деца, меѓу кои најмалото 7 месеци, па на два пати го шлапнаа цело во вода по 10тина минути. А колку само помали имаше од тоа на плажа што ги ставаа во вода. Овде дури и се препорачува бебе да се шлапне во ладна вода. Се работи за 2 скроз различни средини. Едно е дома како се бања, друго е на плажа. Секако, секој за свое бебе си знае најдобро.
А бе шо ја напрајвте водана во Охрид, џанам леденици се. Не сте на Северен пол, аман. Еден куп деца пораснале искапени во таа вода уште неопулени, па дека некое настинало, не сум слушнала.
Син ми на 5 ипол месеци го бањавме секој ден во Грција, Егејско море. Овој период беше, не беше ептен стоплена водата, ама ниту настина, ниту се разболе.
Лани во мај (крај на мај) секој ден се бањаше бебе 9 месеца. Оваа недела е во базенче на тераса , сега се спремаме за Гр. па нема да има шанса да го извадиш кога ќе ја види водата
Па јас тргам од мене и моите внуци, затоа би ми било страв да брцнам дете у ладна вода. Не значи дека сум во право. Во Охрид секој пат се разболувам па макар и до глужд коа се брцнувам. Внуците ги ставиш ли во вода после справуј се со мрсоли и температура. Епа во таков случај не верувам дека некој би го бањал детето, сигурно не му е интересно на никој болно дете да расправа на одмор. Ама секој си е случај за себе. Тешко нас нежничките
Тешко дека во ова ќе задржиш 3годишно дете. 6м беше лани во Грција, го брцкавме стално. Настинат беше со растечен нос, го вративме дома нов. Дојран водата е претопла, е сега не е бистра. Ние сме од бебиња секоја год малку на езеро малку море , не се сеќавам да не имаат вратено болни. Имунитет се стекнува на море.
Мое искуство како мајка на две скроз различни деца. Големата од бебе си беше почувствителна и така и си остана, за разлика од бебево што гајле нема. Малово се адаптира од прв ден, дури заспива во бука, сестра ѝ се буди на сред ноќ со плачки од што е превозбудена, а бебево спие. Има влијание и воздухот, водата, тоа што се уморни, ама кај некои деца тоа се одразува со умор и спиење без проблем, а кај некои со умор и раздразливост. Едит: За бањањето: ако внимателно бебето/детето се подготвуваат за бањање во езеро/море, нема да има никакви негативни последици. Значи полека да се разладува, да не е директно од многу жешко во многу ладно, капче на глава, време кога не е премногу жешко во текот на денот итн. Премногу чување и пазење ги прави децата неотпорни и осетливи.
Девојки како да извадам полномошно за ќерка ми да оди во Грција со моите? Од каде се вади? Колку се плаќа? Може ли цела процедура да ми пишете?
Vo policija, dvajcata roditeli i plus na toj sto mu davas polnomostvo. Se popolnuva formular, site se potpisuvaat i policaecot nesto pisuva, zaveruva i ajt so zdravje. Vaka bese pred edno 7,8 godini.
И јас сум ви во друштво! Јас се премислувам за Албанија, не ми е безбедно некако.. што знам. Цениве изгор се веќе, на крај изгледа дома ќе си седиме! Бебе денес во базен едвај 5мин се брцна,ми се џитка одма во раце, а не па на море.. пффф
Ние ќе го носиме,одбравме место во понеделник ќе резервираме. Се надевам добро ќе поминеме,бебе нигде неми правело проблеми па се надевам и таму ќе биде добро. @Chanell* Ти кажав за Албанија,за безбедно безбедно е ама нее за со мало бебе,кај што треба да го шлапкаш во плиткото е гунгула и нее баш чисто. Ние кога одевме имаше еден куп деца со алергија и инфекција на ушите. Елате кај што ќе одиме ние,личи за ептен мирно место.