Колку саати има до таму?Не е баш блиску.Со бус дефинитивно одите?Ја се мислам некако страв ми е подолго да патувам дали ќе издржат.
http://vesnatours.mk/вила-lina-метаморфозис-2019/ Пишува 50 м од плажа па нее далеку. 4 часа е патот како што си пишува?
За 5-5.5ч некаде, со брзо поминување на граница и две стоења по 10-15мин. Топ избор е Метаморфози Две години.
Не не никако, едни пријатели така мало бебче цело го изгореле, и тоа под шатор под сенка било цело време, цело пликови било, одвај го спасија што се вели, седи си дома не си барај беља.
Ако не се лажам го имам слушано Сајковски на едно интервју, назначи бар 2 полни месеци да има. И нормално на сонце никако.
Исто си помислив, моево 6 месеци е уште не ми се носи оти неможам јас лично да се малтретирам, цел терет на мене, а до 40 дена па и до 2 месеци незнаев кај се наоѓам, никаков ред за ништо немаше бебе, а незнам @NEA дали ти е прво бебе, дали си породена, ако си секоја чест за храброста, а ако не си породена кога ќе се породиш поинаку ќе мислиш и уште еднаш едно големо НЕ од мене.
Се зависи од бебето, ако е мирно и нема грчеви, што ќе правите дома, исто и таму, со разлика што таму ќе дише морски воздух и ќе билда имунитет. Е сега ако е плачливо, без ред и ништо не му се погодув, тогаш се согласувам оти ќе биде малтретирање. Моето беше бајче , не сакаше денско спиење, ама од прв ден ја спие ноќта цела , со будење за цицање само и продолжуваше. Немаше грчеви и сакаше да спие во количка додека шета. Легнуваше пред 20часот, што беше ептен олеснително.
Знам дека се таман 6 месеци, ама 40 дена??? Мене лично ми е терет, не мислам дека ќе се одморам, туку дека ќе се уморам затоа до Охрид ќе појдиме 3,4 дена, барем и блиску ни е 1 сат патување, иначе.