Ако не е породена нормално е да “оди” на 40 дена секаде се додека не се роди. Е од кога ќе се роди ќе сфати. И јас одев сегде и се правев. И вежбав дури. А вака у реално време гледам да легнам негде макар и на пет минути не мора плажа да е само рамно и тивко.
Ние и во Охрид ќе одиме во август со баба и деде да искористиме гратис некој ден. Ама таму не го бањам во езеро,може во базенче со купечка вода од туба. Тие ќе ни бидат последните денови по цел ден со бебе се враќаме и тргам на работа
Не би однела толку мало бебе на одмор. Што ќе му правам, секако не смее на сонце. А и мајката колку е способна да оди на одмор на 40дена,незнам. Па и никаква вакцина примено што знам јас. НнЕ би се осудила.Моево ќе биде околу 9м. Ако одиме и уште се мислам како ќе се организирам зашто имам уште две деца. Најверојатно ќе биде тато со големите на плажа, а ние повеќе во соба и понавечер и наутро на плажа.
На плажа наутро до 11 и после 17часот. Тоа и за мали и големи важи. Постот погоре не ми беше за на 40 дена, после вториот месец си придојдовме, фати ред и беше полесно.
Многу одат на одмор со дете откако ќе наполни 40 дена поради имунитетот - немам некој зорт за одмор. Ако има причини да не се оди како што наведоа некои од членките погоре - е во ред.
Затоа пишав, ако ти е прво бебе и ако не си породена ќе сватиш што велам и јас се ќе правев како што вели @FreeMind дури и ќе вежбав, но немам време ни да се помочам а и царски завршив така да и неможам ни физички али да не бегаме од темата, кажав што мислам за одмор со бебе ето барем до 2 месеци НЕ.
Ај и јас како @Sesil да си кажам. Имам одено во Охрид неколку пати и тоа крај на јули. Водата не е како од Северен пол,ама е далеку поладна од морето во Грција. И јас сум се бањала во водата,ама баш ми е било ладно, ќе попливаш малку и излегуваш на сонце. За разлика на море каде е попријатно да седиш во вода. Во Охрид би ставила дете да се бања во сопствено базенче со вода од езеро,која претходно би ја почекала да се стопли. Е сега,дете од 3 год да убедиш да седи во базанче,а да не влегува во езеро незнам колку е изводливо. И на море кога би одела со мало дете би избрала да одам во јули/август. Крај на мај/почеток на јуни ми е некако рано за капење. Тоа е мое мислење од сегашна перспектива,што ќе мислам догодина кога ќе се решавам за одење на одмор ќе видиме. Ама стојам на ставот дека Охрид ми е далеку поладен и во поглед на клима и топлина на вода,па сепак би одела на море.
Барем 2м да е бебчето, ниту педијатрите советуваат и даваат зелено светло за помало бебче да се изнесе на пат (освен ако мора нели и има причина). Јас се породив царски, уште кога дојдов дома бев фит, нити рана болеше, нити грб од спинална. Бебе ми спиеше по 20+ часа, лесно фативме ред за доење, грчеви имаше, но ништо посебно, без плачки и бесони ноќи минаа. Значи ако се ти е како ,,по планот,, за 2м од пораѓај шетај бебе на море, јас би и изводливо би ми било со мое бебе да идам Е сега ако термин ти е крај на јули, тогаш и се породиш, за 2м тоа е веќе накај октомври и октомври, па да сте живи и здрави наредна година ќе идете @monik55 ОК нема да го внесеш бебе у Охридско, но у базентче оти не би ставила од таа вода?
Искуства со Ситонија, Сарти... Мојата не е баш бебе, 4 год. ама ми треба чиста вода и да нема угорници, комарци и оси
Угорници нема, ама има многу комарци. Плажата е голема и убава, ама често има ветер и бранови и мислам другите на вториот крак се подобри за дете. Ние бевме во Сарти кога мали имаше година и пол и супер си поминавме, ама секогаш шетаме по различни плажи и не ми беше толку битно.
Ние оваа година решивме прв дел од одморот пак да го поминеме во Неа Скиони. Веќе сме биле, па проверено ми е.
Незнам дали ќе одиме мила,онака прашав да и извадам порано па ако одиме здравје да не испадне во 5 за 12 да и бркам за пасош А ако нешто искочи ке одиме на крациве ама крај на август таман пред да почнам со работа
Мајки мислење/искуство за Неос Мармарас? Какво е местото за со детенце, дали е бучно, дали е достапно во поглед на продавници, аптеки и слично? Од тоа што успеав да сфатам сместувањата се на високо, нема плажа во самото гратче туку во околината.. Мм ме уверува дека преку пријател нашол нешто на "сама плажа", а тука прочитав нема плажа Колешка ми рече плажата огромна песочна долга, тука прочитав нема плажа
Има мали плажи во самиот град, ама пред и после градот има долги песочни плажи. Селцето е како на височинка, ама е убавко, има доста продавници, има каде да се шета, башка може и до другите селца да одите ако сте со кола. Е сега аптеки и слично не знам, пошто таму сум била кога немав деца
Има плажа како нема. Градската плажа на која има и апартмани преку улицата е сосема коректна. Вода чиста и бистра, топла, плитко. За деца одлична. Гратчето е баш убаво и има све. Точно дека е угорници и удолнини ама има смештај и долу на 'рамното'. На 7-8 км чинам е Лагомандра, на 2 км е Порто Карас ( влезница 10 еур). Вурвуру е на некои 20 км. Има каде да прошетате ако ви е досадно
За ништо. Да влезеш во комплексот хотели, да се бањаш на нивната плажа, да ги видиш јахтите и да ги користиш базените