Албанија како за со деца? Имате нешто да препорачате? Патем една братучетка се правеше храбра и со дете од точно 40 дена замина на море, пред да стигнат до граница веќе се предомислуваше, кога стигнаа на море после 2 дена детето почна со грчеви и си се вратија на 3 ден место на 9ти.
Ние кога одевме Охрид лани мали имаше година и пол и седеше во базенче со вода од езеро стоплена. Секако дома се бањаме после. Не ги онежнувајте толку децата, после бактерии ова она, нека се јачат. Се шегувам малку ама донекаде и така е.
Нее баш чисто во плиткото за деца,премногу гужва има по плажите и хаос е. Зборам за Ксамил,убаво е наутро само чисто и мирно. За шетање може да шетате во Саранда.
Албанија никако не ја препорачувам зашто тие најпрочуените плажи во Ксамил се гз преку глава, нема игла кај да фрлиш, ни па кај да се сместиш на плажичките кои се многу мали и тесни. За со деца е плитко да но многу нечисто. Неос Мармарас има градска огромна плажа, прекрасна, песочна, со многу чиста вода. Најголем дел од сместувачките места не се на сама плажа, а дали има баш на плажа не сум приметила. Башка што Грција е многу поблиску , бар кога идеш од Скопје.
Неос мармарас, ама 2/3 км пред градчето. Смештаи на плажа, прекрасни плажи, а градот блиску за шетање, смештајот тивко. На неколку км семејна плажа лагамондра,прекрасна песок.
Vo Albanija e ubavo vo Orikum, za so deca ama golemi. E sea patot sto e tezok tezok e. Grcija sekako e najblisku
Ако не ти се брза, наредна недела ќе ти кажам. Таму резервиравме, се надевам дека ќе е добро, хотелот е на сама плажа, т.е двор го дели од плажата, а не е преку улица.
Директно во хотелот резервиравме и уплативме, го контактиравме газдата. Afroditi Beach Hotel, до Ikos Olivia Resort се наоѓа.
Ние лани бевме малку надвор од Геракини во хотел што го нуди Атлантис. Хотелот беше на плажа. Самото место има мал дел за шетање покрај плажа и ништо многу друго. Плажата е широка и песочна ама без препознатливата убава боја на водата што ја има на друго место на краците. Метаморфози има плажа до која се спушта малку а целото место е опкружено со убава борова шума па и во лето може да се избега од жешкото во шума. Има и дел од плажата со природна сенка. Надвор од градчето премачкајте хотелите има вили за сместување ама во тој дел плажата не е уредена. Убаво е за шетање покрај вилите. Метаморфози има и парк со лулашки, мека подлога и слично што мислам дека е супер опција за со мало дете. Шеталиште нема некое освен паркот ама многу е блиску Никити за навечер за шетање.
https://nikana.gr/en/accommodation/sithonia/metamorfosi/1364/blue-stratos-apartments Погледни го и Хотелот Голден бич, полупансион е.
Епа види у вилава, не е бог зна што, но чисто беше, евтино и преку пат е плажата, малку погоре кафич со сенки од дрво, милина, 5е чадор, 2лежалки и 2кафиња Ако успееш да зедеш соба на приземје би било идеално, ние најгоре бевме, па малку скали имаше, но убав голем балкон
Женски ве молам предлог за одмор во Грција за со 10 месечно бебе Сакаме да е блиску, малку км. Апартман веднаш на/до плажа, чист Песочна плажа Врахос многу го препорачуваа. Кажете искуства Ви благодарам
Врахос не е баш блиску. Некои 400км од граница е. Иначе да мирно е, тиркизно море. Има широка и песочна плажа, не е бучно. Се е во прв ред. Како во дупка доаѓа самото местенце, околу се планини.
Пишав одма,се надевам ќе има слободно. Хотел ко ќе почне мали да јаде све,годинававака. Не ми се битни мн собите,битно да е чисто и до плажа... Фала тиии...
Јави се, одма ќе ти кажат. Инаку и јас избрав вилава и бев со ниет да готвам ручекот на бебе, но дали 3пати сварив компир, си мина тие денови само на овошки, купени каши Јас со овој памет би полупансион да видам и јас одмор и плинско и блендер со мене, па ако се укаже можност ќе се готви. Штета бебе мое нејќеше купечки зеленчукови.. На крајот џабе ми беше и кујната, ни за нас не готвев, да се живи и здрави кифлите од Лидл, ручек гиро и топ
Извини што упаѓам во муабет. Колку далеку е од кај нас? И дали е плажата убава, има ли гужва. Пошто сакаме и ние, педијатар ни рече да избегаваме гужви ради морбилите, нема да ни биде примена вакцината. Фала.