Многу убав хотел сега имав можност да го разгледам. Верувам бебе кујна е се комплетно во хотелот. За пасирање и остали ствари. Убаво спомена и за стерилизатор се мислев дека треба да носам. За навечер има каде да се прошета?
Преку кавадаречката Атлантик турс, погледни ги цените на страната. Мене ми излезе Ок цената за тоа што го барав, 5 креветен апартман за 10 ноќевања 40 000ден. Едвај најдов за 10 ноќевања.
Да, да. Кујната е иста како за возрасни но си има еден дел за деца со јадење за деца. Јас всушност правев комбинации од детското јадење и јадење за возрасни. Јас носев тогаш Џиџи бебе, каши...а џиџи бебе нели турски се па ги имаше на претек. Варен компир, морков, јогурт, ориз, разни тестенини и печива (бар за тоа се познати турците), овошје...но јас гмечев со вилушка тогаш, но ако побараш да ти испасираат сигурно ќе завршат работа. Јас секоја вечер им ги давав флашите и цуцлите на миење (пиеше малиот вода, сок и чај зашто се плашев да не дехидрира иако цицаше). Услужливи беа ептен. А и да си носиш пасатор сигурно нема да прават проблем затоа што јас горена за турското кафе од првото одење во Турција кое го плаќав 5 евра за мало турско филџанче од тогаш си носам ѓезве и турско кафе, си стои во соба и нема проблем. Зависник сум од турско кафе и првото кафе мора да ми е турско. Самиот комплекс е голем па ние шетавме во рамки на него. Има од отворен театар до лулашки за деца. Во тој дел се хотелски комплекси така да освен хотели нема нешто ко мол, пазар или слично. Најблиску е Анталија која вреди онака да се прошета. Си има од хотелот превоз, се плаќаше нешто ситно со минибус возеа. Голем град. Ние еднаш бевме онака после 17 часот, чисто од радозналост а други тури тогаш не фативме зашто не ми се малтретираше и на поголема одалеченост беа. Онака за шетање ти е Кушадаси. Да си сместена во близина на Лејдис Бич плажата и од хотел малтене не си во центар на градот и има многу работи да се видат. Инаку сите овие Лара, Белек, Сиде, Кемер, Аланија се туристички хотелски комплекси покрај море со сета забава внатре во хотелот бидејќи се друго ти е далеку. Мада секоја вечер организираат разни забави а и денски покрај базен и шанковите. Имаат вечери каде што е целосно медитеранска кујна, интернационална, турска, италијанска...имаш право на 1 резервација бесплатно а ла карте и едни од ретките се турците што не штедат на риби и морски плодови за време на вечера или ручек. Турција за со мало бебе/дете според мене е Закон и ова го кажувам за хотел со 5 * во пониска класа на хотели незнам како е. Хигиената е на прво место исто така а и ми се допаѓа што флаширана вода имаш на секој чекор и си земаш слободно. Има и разни сокови, сладолед, палачинки....тие ги третираат како ужинки (меѓу доручек и ручек и ручек и вечера се ) па ако на дете му се јаде на пример во 16 часот а ручекот бил во 14 часот имаш опција и за тоа од тостови, вафли до разни некои тие турски сукани јадења. Јас на пр. од доручек ке си земев овошје и си го носев на плажа. Тој хотел што е до Сиам Елеганс (не ми текнува како се викаше) тој пак за десетина евра е поскап бидејќи има посебна кујна за вегетаријанци. Таа е шемата за по турски хотели со 5*, се ќе видиш само турци не
Ако имаш и земеш помош ништо да не планираш. На плажа одевме во 8 наутро. Во 10 и 30 веќе се повлекувавме во апартман, а попладне излегувавме во 17 ч. Ја мачкав постојано и постојано беше под сенка, но сепак забележував многу благо црвенило на рачињата, па умирав од страв секој ден. Мое бебе ем му се радуваше на морето, ем не сакаше да се бања, сано ноџињата и ги брцкав. Си носевме базенче, го полневме со морска вода и се шлапкаше во него сакаше. Убаво ми спиеше навечер, ноќите беа свежи. Некоја промена посебна не забележав. Бев опремена со сите можни лекарства, фала богу ништо не ми притреба. За комарци земав некое француско спрејче, жолтко е, 400 денари од Зегин, немаше на Чико, па тоа ми го препорачаа. Немавме проблем со нив, иако ги имаше. И купив од пелените за во вода, гаќички, што и да се. Шешири земајте обавезно. Мојава обожаваше да ја шетаме навечер. Се утепа од возење во луна паркот. Сите коментираа дека им е најмлад посетител
Нема шанси да го утнете најубавиот сладолед во Флогита, слатките им се уште поубави Ептен гламурозна слаткарница Читајќи заборавив кој се интересираше, кој ме тагна, небитно @Bubce38 генерално се раскажа. Подгответе по 10 евра за колички, флипери и сл во играчниците Ние и годинава планираме натаму. Со несташново дете мое, идам најблиску и на проверено... Слободно прашајте ако ве интересира нешто конкретно, а не е погоре кажано. Имам и контакт за супер смештај. Преубав поглед, за 10 сек сте на плажа, голема тераса. Не е агенција, директ кај газдите. 35 евра плаќавме лани од 7 септември.
Блиски мои беја во хотелов и рекоја дека влезот во море има многу камења нозе да искршиш. Воопшто не бил за со деца поради тоа. Во море не се влегувало без обувки по ова се премислив. Инаку го меркав долго време хотелот.
На сама плажа е местово, одлично е за деца, плитко, убаво. Мирно е и чисто, е нема кујна, ама хотелот си има мало ресторанче со свежо приготвена храна. Има во близина таверни, пицерии и слично. За со поголеми деца е супер, ама може и помали. https://afroditibeach.com/ Не е баш на втор крак, пред Метаморфози е.
Мислам дека еднаш те читав за на Ост Сее. Претпоставувам се предомисливте, но да не прогугла некое интересно место тогаш? Некако немаме сили за подалеку, па размислувам за таму.
Баш ме стави во ??? Јас сум била пред 7 год. моите старосватови пред 3 год. исто задоволни беа. Незнам можеби е така.. Eдит - сега видов на трип адвајзер https://www.tripadvisor.com/Hotel_R...ationId=105&albumid=105&filter=7&ff=116310938 претпоставувам мисли на вакви камења....ова го немаше кога јас сум била
Која вила, Bouzalis? Јас имам уплатено за таму од 20ти Август. Ако сте во таа и ако одите порано кажи како е. Прв пат одат флогита.
За јуни ни беше во план али бебе не покажа интерес да го напушти станов Се што гледав беше за со куче некои вили со голем заграден двор на оваа страна https://www.casamundo.de/urlaub-mit...IV7r_tCh0ztwJMEAAYAyAAEgKC_PD_BwE&xd=4dsmuh_m