@monik55 и јас викам Неи Пори. Ама толку сум пристрасна за таму оти пораснавме таму со сестра. Ама убаво е, се имаш. А плажата не е да се гужваш по неа. Плус плитко е ептен.
Ти ќе да си имала некоја симпатија од таму Таму ќе биде,само да го разрешиме превозот денес и утре уплаќам.
За со мали деца Неи Пори плажа широка, никој не ти дише во врат, море плитко и чисто. Местото е мало но има се. Ние мислевме годинава да смениме ама пак си останавме верни на Неи Пори. 4та година по ред Околу превозот ти препорачувам со кола да одите. Побрзо ќе стигнете и нема да чекате многу на граница.
Ti si go znaes racunot najubavo. No nei pori ima i dosta patarini. Ako vozi mm i ako patuvas so moive deca i so kola za 5 ke stignes Prvo ne vozi brzo ( vo kola sme cirkuzi, non stop zborat, placat, frlaat igeacki) vtoro dve pauzi od po pola saat morame, plus malku granica i i ete ti gi pet.
Јас не би со автобус и со дете. Замисли тоа луѓе, секакви луѓе шо патуваат. Па дур се соберат чекаш, па на граница овој сакал да пуши, оној сакал да моча, па дур се соберат сите. Јас последен пат кога бев на одмор со автобус за враќање чекавме три саати на жешкото, автобусот не дојде во договорено време. Мораш секакви непредвидливи ситуации да ги имаш во предвид, или не дај боже бебе да качи температура или било шо па да треба порано да се враќаш. Како ќе го изведеш тоа?
Ехееее. 150 евра ќе дадеш за картон,сообраќајна , нафта, патарини... За чекањето на граница И со кола лани ни се случуваше да чекаме Еднаш 5 часа точно на влез на грчка страна .
@monik55 размисли убаво, ја не би со бус! Поарно 100 евра плус трошок, отколку од старт 1.5 час на граница у најмала рака, само пасоши дури проверат, а што ако има гужва Претпоставувам нема да плаќаш плус седиште за дете, значи цело време в рака ќе ти биде! Мачно за двајцата, бар мене би ми било. Колку за пример, другарка сега во јуни како тебе, со бебче. На враќање, од старт, се расипала климата, а се трга обично 14-16 ч по локално време. Убитачно било, возеле со отворени прозори 7 часа, колку да не се угушат. Не е шала, колку и да е мирен и да спие цел пат. Мој најдобронамерен совет.
Блиски ќе бидат баш во Чањ па на неколку дена би се погодиле заедно, ем друштво, ем помош и затоа конкретно таму сакаме да одиме, односно речиси сме сигурни дека таму ќе биде одморот. Затоа сакав конкретно за Чањ мислење. Инаку сум била на други места во Црна гора, и да се согласувам за Петровец, монденско место.
И јас викам Неи Пори ептен ми е идеално за со мало детенце. За со бус ако го имаш претходно возено и знаеш како реагира на возење нема да имаш мака. Во времето на групните туристички визи увек имаше по 2-3 бебиња во автобусите и немаа мака. Напорно бебе/дете и во кола е напорно. Башка агенциите ради врските на граница многу побрзо минат граница него обичните патници. Секогаш ги носат пасошите на проверка тие и минат многу брзо, не сме чекале воопшто со автобус коа сме оделе. Кола е предност дека може да застанеш кога сакаш, кај сакаш па и да си шеташ во текот на одморот од едно место во друго кога и да ти текне.
И јас се чудам за чекањето на граница. Бие 6 години на одмор одецме се со автобус,и не сме чекале повише од 30 мин. А колони со коли колку сакаш,особено еднаш на косовско-албанска граница таква гужва немам видено ни на Богородица а ние помивме за 10 мин.
@PUPICA не можам јас да ти пишам. Дали ќе можеш да ми пишеш број за контакт за апартманот во Флогита?
https://ekstrabus.com.mk/popustii-2019-2/ види и овде понуди, ја има агенцијата и во Скопје, а годинава цените им се багатела
И ич да не се чека на граница јас не би со бебе во автобус од многу причини. Со кола одмараш кога сакаш, тргнуваш кога ти одговара, местиш клима и Т како ти одговара. Ќе поврати, му се јаде, му се пие. Со кола се организираш сам како сакаш. Да се мора да. Ама ако се има опција со кола, пре би тоа.
Нема да згрешиш со нив, ептен се љубезни и ако во било кое време нешто ти треба можеш да ги бараш. Имало случаеви кога луѓе морале сред одмор да се вратат назад им пуштат од нивните возила да ги земат. На одмори и еднодневни шетњи најчесто со нив одам
Паралиа дали бил некој со детенце? Беа пријатели минатата недела, водата топла,чиста,местото мирно.. ја исфалија ептен. Сум била еднаш и океј ми беше, битно ми е да е плитко и да е песок. Јас прашувам од коа ќе букирам Ако сте за друго место предложете слободно, за во септември ќе ми треба некоја нова област..
Чиста, мирно? Дефинитивно не се биле таму или различна перцепција имаме. Најгнасна е водата во тој дел, одете подолу. Таму е баш зеленикава. А и бучна си е Паралија.
И ние закажавме во вила Боузалис во Неа Флогита ако се зафркнеме сите заедно Кој ќе оди прв да пише како поминал ние сме на крај на август.