До 2 години се носи во раце, мислам има опција со транспортер ама треба да платиш карта посебно. Количка со транспортер можеш да носиш бесплатно како багаж.
Ај хелп. Треба да уплаќам побрзо, а поима немам кај да одиме Кажувајте мирно место и вода плитка на почетокот за да може деца да се шлапкаат Зашто само наоѓам маана некоја на сите што ке ги најдам... и изгледа во Неа Пори ке завршиме ( а сме биле таму 2 пати) Дали на Јонски брег има место со така плитка вода на почеток? Врахос ми падна во очи ама прочитав некаде водата била одма длабочко за деца.
Врахос ако долго памнам е длабоко, а убаво е оти вилите од плажа ги дели една улица. Тој дел плитко е Амудија. Ама како селце нема ништо. Ама плажа сон. На 10км од Парга.
Моментално сум таму резервиравме преку anastazia paruseva rizou, ако сакаш можам да ти пратам од околнуте вили тел број што им стои на рекламата.
@maja8 зависи дали ќе си платиш карта плус. Јас имав бебешко креветче (bassinet seat) ама бев на долга релација,за на кратка (2часа) си го држев бебето в раце. Искрено,иако кратко беше мачење и за мене и за него.
Гледам сте ја активирале темава па пак да прашам, иако прашањето може "не ми е на место" Вие за Егејот дискутирате, јас да прашам за Јадранот За Чањ Црна гора да ми кажете, ме интересира за плажата конкретно каква е? Дали е премногу "страшно" дека е постојано на удар на сонце, дека сонцето "не заоѓа" и премногу е гужва? Не сум сигурна ама како @AngelOfArh да ја прочитав дека таму биле ? А тетка @emkaemka нудеше некои слики од Чањ
Сакавме во Неа Пори ама погрешно сум сватила за цената и искочи ептен скапичко. Утре треба да се јавам во една агенција дава ласт минут цени во убави вили. За од денес имаше за во Калитеа,Неа пори и Неа потидеа. Ќе видиме утре за каде ќе има. Ние од 21 сме.
Пошо е соодветно за темава од одмор, некој ако има да сподели листа шо е најпотребно да се носи со бебе? Матичната ми нафрли неколку ствари ама ништо конкретно. А ми треба да знам точно шо да барам во аптека. Тенкс
Види јави се во Агенција Бран, Прилепска е. Имаат смештај за Неа Пори, ние бевме еднаш преку нив со смештај на 20метри од плажа, супер смештај за убава цена.
Пробиотик, електролити (зависи и колкаво е бебето), сируп за темп, топломер, јас си носев и бетадин (ако се гребне, исече недај боже), памук, гази, фластери. Антибиотик еден си носам секогаш, Летизен или друг антихистамин.. др нека надополнат други, моментално тоа ми текнува..
Не е до толку лошо, не знам што мислиш под тоа не заоѓа сонцето ама е баш така, местото е под планина и баш порано заоѓа, рано паѓа сенката баш. Гужва е, мала е плажата а доаѓаат и од други места, ама не е до толку многу. Убаво е осмислено. Додека е малово мало не би го носела пак, многу се камењата језиви и многу е блиску длабоко, нека потпорасне ќе одиме пак. Според мене не е за со дете бидејќи нема песок и да е бар за уште метро два плитко, вака одма фаќа длабоко. Годинава Касмил ќе одиме.
Како низ магла ми е муабетот дека обеќав слики, скрос до скрос сум изумила Ај ќе се потрудам да најдам деновиве Водата е поладна од Егеј, но е посолена и убава Плажата сум кажала е убава, најубава во тој дел, односно без карпи и големи камења, најлизу е Сутоморе и таму е крш! И јас не знам како замислуваш дека е на припек Чањ но ОК е, Јадран е поладен и поладно пече сонцето него ли у Грчка одоколу ти е планини и ридови.. Сепак јас пре ја бирам Будва, она ми е у срце, нај ми е и за шетање, плажи и се. Е сега нешто поскапо би поминала, но мислам поубаво ќе е, оно у Чањ и да сакаш да трошиш пари нема на што и каде Само немој да ми кажеш дека гледаш понуда у колибите преку Галеб за 200е полн пансион?!
Оф изгледа во заблуда сум била. Така ми кажаа, дека за разлика од Сутоморе и Петровец (таму сум била и сонцето "рано" заоѓа односно го кријат ридовите и можеш баш онака убаво да си отседиш на плажа без да се плашиш дека ќе изгориш и без да ти биде непријатно топло, посебно што во Сутоморе никогаш не сум била на главната градска плажа туку на дива плажа, затоа и впечатокот општ за таму ми е подобар ) тука плажата е многу широка и поотворена кон морето па затоа демек имаш чувство дека си на припек. Не е така? А зошто тетка Ангел плажата мала? Нели е баш поголема и подолга и поширока? Многу голем дел од неа е закупен со чадори? И нели баш во Чањ е барем малку песочна? Камења во вода или на плажа? Сега ептен ми го помати умот, а дефинитивно таму сакаме да одиме. Тетка Емка сигурно Будва е поубава, ама за со детево мислев помирно, тивко, поедноставно. А зошто нема на што да трошам пари во Чањ,толку е пусто? Ќе шетаме Петровец, Будва, Бар.. Не знам кој е Галеб и кои колиби гледаме во едно убаво хотелче алл инклузив демек блиску до плажа. Инаку јатрва ми ќе одат таму па мислиме и ние да се погодиме на неколку дена, ем друштво ем помош. Ајде тетка Емче најди некоја слика, а и ти тетка Ангел сигурно имаш, ако не ти е проблем прати @AngelOfArh @emkaemka