1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на факултет? Во Скопје или може некој друг град?

Дискусија во 'Образование' започната од gurgica, 24 март 2010.

?

Каде е подобро да се студира?

  1. Во Скопје

    159 глас(а)
    75,0%
  2. Во некој од помалите градови

    53 глас(а)
    25,0%
  1. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Уффф |(
    Ако некоја дискусија знае да ме извади од кожа тоа е оваа, за скопјани и провинцијалци! Не се работи за скопјани и провинцијалци Плавуша17, еднаш и засекогаш ти и таквите од твој калибар треба да разберете дека се работи за карактери.
    Дечко ќе земеле, сакале да се мажат со некој ради корист, пополнувале град, зголемувале конкуренција. Па јас знам многу девојки со вакви карактерни особини кои се од Скопје. Нормално е да има такви девојки и од другите градови.

    Цигарче, не ги генерализирај работите. Не секоја девојка од Скопје употребува лилаааа. Пред некој ден се расправав со еден дечко за ова. Ко што во Неготино постои узречица да а ебам, така и во Скопје има пеер (дали го оправдувам или не не е битно). Не споредувајте банални глупости и работи.

    Плавуша, излези од шаблонот кој ти го сервира околината и пробај да разгледаш подалеку од носот. Татко ти има два факултета (што е за почит), но ако тој тебе те учи дека “провинцијалците се зло“- ондак, џабе му факултетите ;).
    Секој се грижи за својата иднина. Секој сака да студира онаму каде што има најдобри услови и најмногу можности за напредок. Никој не е виновен што во неговиот град не се гради силна инфраструктура и што нема развиен факултетски систем.
    Да живееше во Берово, ќе те прашав каде ќе студираше! (биди искрена спрема себе со одговоров, јас веќе го знам).
    Имањето на факултет не е ништо повеќе од обезбедување хартија плус. Јас знам луѓе кои дипломираа, учеа на памет, а практично врска немаат. Еве ти пример наспроти примерот од татко ти.
    Татко ми бил на приемен на Воена академија, имал поени, но наместо него е примен син на генерал, бидејќи квотата била премала.
    Човекот почнал да си работи, наместо да губи неколку години до наредниот конкурс. Тоа е човек на кој му симнувам капа, од 2+2 прави 10, а не 4. Си го има паметот и си ги има тактиките.
    Мајка ми има економски факултет, ама околностите и партиските работи придонесоа да не работи моментално.
    Не се срамам да кажам дека татко ми нема факултет, бидејќи јас, мајка ми и брат ми имаме се што ни е потребно. Сме добиле се’ што сакаме.

    Брат ми го мрзеше да учи и секоја година завршуваше многу добар, седна за матурата и ја направи топ. Тоа што 4 години не учел не го прави глупав туку мрзелив.

    И гледам дека ми го спомнуваш Шуклев. Девојче, јас ќе ти кажам дека со овие муабети рекла-казала, ти никаде не стигнуваш. Шуклев нема ништо да те научи- ќе те измачи. Ама ајде, ако се запишеш на економски ќе те прашам ;)
    Човекот бара да се учат сврзници и членови, а не суштината на материјата- тоа за мене не е добар професор. Оценките се зимаат во зависност од тоа дали имаш способност да научиш 600 страни како стихотворба, на памет.
    Можеби ќе имаш чест да видиш како изгледа предмет воден од проф. Ирена Кикеркова, па да видиш што е квалитет на професор.

    И за крај да се изјаснам на темава. Јас сум во Скопје на факултет, но да живеев во друг град сигурно ќе го одберев Скопје.
    Планирам да се запишам на втор факултет, но ако се случи тоа, тој факултет ќе биде надвор од градот....се разбира ќе бидам вонреден студент- така да девојки, не се секирајте, нема да ви ги крадам дечковците :P
     
    На MaxyMax, The-Queen, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.593
    Кога читам некои вакви постови како овие на Плавушава, сум пресреќна што не сум скопјанка. Инаку и јас студирав во Скопје, постдипломски и така натаму, ги имав сите 5ки, имав 100 поени на приемниот испит(тогаш се полагаше и приемен), имав и просек, и живеев во СКопје, ама пак не фатив скопјанец:)))
    Тогаш да имаше факултети во другите грдови, ќе одев, а не во СКопје да се малтретирам со фаци кои не знаат што значи провинција.
    А за разлика од Плавуша, сум горда што моите родители со скромно образование, имаат учена ќерка:)
    Не се потпирам на татако ми или макја ми, цврсто стојам на нозе, не ми смета никој, не се плашам од конкуренција. Правам се што можам да добијам тоа што треба. Не кукам оти има многу конкуренција, туку седнувам и учам:)
    И јас сум за овие диперзирани студии и факултети нмасекаде. Нема да се мешаме со СКопјани и да трпиме вреѓања.
     
  3. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    факултет? Скопје.
    Тука сум родена. Да бев од друг град, пак Скопје.
    А како мислите бе вие скопјани други драги, како им е на овие од Австралија, Канада што им се трупаме по земјите? Што? Ние не им крадеме нив места на факс, работа и слично?
    Луѓето од другите градови не ми сметаат додека не кенкаат за нас од Скопје. Не ми ни смета, нека студираат, а врски има и таму и таму. Од двете страни. Нека учи народов, ако веќе квалитетно го прави тоа. Од мене благодарам за кириите. И ние од Скопје имаме добивка, а не е убаво сигурно некој од надвор да фрла по 150 евра месечно за тоа.
     
    На marama, Strumfeta93, FBI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    1. УКИМ и се што вклучува високообразовниот систем на државава, а е лоцирано во Скопје е не благодарение на оваа влада, не благодарение на претходна некоја влада, а благодарение на моите родители, твоите и родителите на сите овие провинцијалки кои ти реплицираат... благодарение на родителите на нивните родители итн. Со нивни пари е изграден!
    Па од тука е нивното право: прво, без оглед дали се упишале, дали завршила или не факултет да коментираат и второ, правото да секоја од нив седне со своите родители и слободно разговара „каде понатаму“ без да на грб го носат теретот ДА НЕ ГО ПРОПАДНЕМЕ ПРОЕКТОТ НА ВЛАДАТА ЗА ФАКУЛТЕТ ВО СЕКОЕ СЕЛО, пошто тоа е сеќирација на владата која многу ја почитуваш, а родителите ќе си се сеќираат само за едно, каде нивното дете ќе добие најквалитетно образование за парите што тие можат да ги фрлат за сите години студирање. Па, ако е тоа Скопје, бујрум и за тие од Штип, бујрум и за тие од кај годе и да се, а си го имаат истото факултетче стокмено од оваа влада кај нив во двор , но сметаат дека не е доволно за нивното дете!
    Разбираш КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ПАРИТЕ ШТО ЌЕ ГИ ДАВА!
    Што се однесува до проектот, кој што ти рече во едно од милионите твои мислења, страници, страници наназад „абе нели разбирате дека со ова го рушите дрн дрн проектот на владата“, како што ти реков погоре ќе се сеќира владата, пошто ако проектот вреди, ако е добро скоцкан нема да пропадне де ќе продолжи да постои ко што постои еден УКИМ иако ете во време на Југославија секој што можел да си дозволи да студира одел во друг град Белград, Загреб, Љубљана (вклучително и јас и сите оние кои студирале надвор), иако една Воена академија, која ете пропуштила капацитет како твојот татко, продолжила да функционира.
    Па, ова ќе е тест за владата што ти ја поддржуваш, колку ги бива, колку се умешни да направат одличен проект во образованието, нешто што другите не успеале. Народот нема што да го тераш ко да е стадо овци па да си седи таму каде што ти или владата определиле да седат. Природен тек на нештата се вика тоа. Секој фрла пари за нешто, така што има слобода да бира, а дали тебе ти се прави гужва или не, мислиш треба да го сеќира мојот татко или таткото на било која од девојкиве тука? Пошто и самата велиш „татко ми отиде на воена академија во Белград дрн дрн... пошто се знаеше дека во Југославија таа беше најпрестижна, за разлика од таа кај нас“. Види бугати, татко ти бил умен доволно да знае дека треба да бира квалитет, а не да глуми скопски патриота и да остане во Скопје за да не пропадне овдешната академија нели? Но, ваљда отишол пошто бил капацитет нели, знаел дека може да издржи таму и дека ќе добие повеќе одошто тука... видиш истото што го прават и овие девојкиве провинцијалки што доаѓаат во Скопје.

    2. Велиш, сепак татко ти седел во академијата и не излегувал надвор од неа да прави гужви :D низ Белград. Ама, сепак татко ти му го зел местото на некој београџанин бугати, кој исто пцуел што некој што дошол да им ги кара жените таму го примиле, а не некој што е таму за да учи... ама сепак, нели татко ти си доаѓал тука по мајка ти и дури се вратил и ја оженил мајка ти, а не некоја тамошна лепотица и да си остане да си пушти корени во Србија.. згора на се отишол да земе диплома, па дома имаш типичен пример бе девојко за да размислуваш поинаку.
    Освен тоа, ако веќе ти е на тебе на Јојоба и сите останати скопјанки натрупано во градов, заради провинцијалците, тогаш спомнете и на владава дека кога е толку натрупан Скопје тоа што на студентите им треба е не само тие прцул студентски домови, а еден студентски град во Скопјево или малку надвор од Скопјево. И ете, нек им обезбедат превоз, нек им направат таму кафичи, дискотеки, продавници, трговски центри се што на пример има една Софија да речеме... пошто проблем со сместување имаат сите кои доаѓаат да студираат, повеќето не успеваат да добијат смештај во студентски, а не можат да си дозволат да плаќаат ќирија и сметки и транспорт и се останато, а се сепак капацитети, кои вредат не за УКИМ, а вредат за еден Харвард, за еден Оксфорд, Сорбона итн. Ама толку можат. Така што и на провинцијалците им е преку да не кажам што од гужви и исфурани скопјани, кои мислат дека татко им е сопственик на градов, на факултет идат со три тони шминка, мастика во уста ко да идат на модна ревија, ама знаењето си го оставаат дома.. и идат со коли. Или можда само провинцијалците се богати а? Тогаш ако се само они, ја не знам како тоа провинцијата не се развиеше до сега, кога и да беше некој од тие локал богаташи ќе инвестираше ќе си го направеше градот убавини.

    3. Пошто зборуваш за економски факултет. Не знам дал економијава ти е цел за понатаму или чисто онака зборуваш, ама... знаеш што прави тоа за нашава локална економија.. идењето на провинцијалци во нашиов град кои седат цела една учебна година? Место да трошат на храна, пијалоци, козметика во нивните градови трошат тука. Па, ако не трошеа плус и они, ако плус и они не се населуваа во Скопје, Скопје бе не ќе беше Скопје какво го знаете,туку ќе беа неколкуте маала кои беа на времето, немаше да прерасне во толкав град ;) .
    Згора на се, прашај ги оние што издаваат станови, колку би им било од корист да нема тука студенти од другите градови па да си имаат гарантирани ќираџии најмалку две години, да си зимаат пари за ништо.

    А, за да можете да си го браните ставот, како што беше она со Карина ја изругавте бидејќи зела стипендија од ФОН и се плашела од бодовите, па Офи пошто не завршила факултет, па сите провинцијалки што не успеале во Скопје и со подвиткани опаши се вратиле дома.... и јас кога се упишував се плашев дали ќе ме примат на факултет и јас се плашев од тестовите и размислував какви се мозоци ќе се пријават на фах па може нема да ме примат.
    А не студирав тука, ама па ме примија на правниот кај нас, само што ја избрав стипендијата од софиски универзитет :wasntme: само три стипендии годишно даваат и само 8 души примаат се на се. И види ме страшна пропалица сум... нити еден Бугарин не ќарив :D не омажив и со подвиена опашка се вратив во Македонија истиот ден кога ја зедов дипломата, не им земав државјанство пу јазк, тука се вработив. Не успеав во Софија :wasntme: Прав лузер.
     
    На DAngel, zara, velesanka и 4 други им се допаѓа ова.
  6. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Не ми е јасно само едно..Зошто ги потценувате факултетите надвор од Скопје?
    Јас сум од Скопје.И мајка и татко и прадедо и дедо од Скопје.Тука ќе учам.Но зошто во неколку коментари овде видов дека Скопје ова Скопје она факултетите таму вака онака?! Јас стварно не гледам ништо (по)сјајно во Скопје.Јас ќе работам надвор од земјата.Колку луѓе дојдени од секаде,со факултети пак немаат работа овде,а истите институции во помалите градови зјаат празни.Како и факултетите.Нови се,нормално неможе да се како Кирил и Методиј со толку години работа,но со тек на време и нивниот стандарт ќе се крене.Не се крева тој сам од себе,треба некој да оди да студира таму,а кој? :^) Неможе никој на никого да кажува каде да оди да студира,но ако му е мило да даваат неговите толку пари за да студира во Скопје (поради големината на зборот ли е што ли е не знам) е стварно жалосно.И на крај + да не му го вреднуваат факултетот. :|
    Не ми смета никој тука,ако сакаат нека го спојат Скопје и со Куманово и Тетово од пренаселеност,само не знам што ќе биде тогаш,жалосно е што изумираат другите градови,полека,но сигурно.. :x
     
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Нема што докажувања и покажувања која какви мотиви имала дали да учи или да се мажи не почитувам луѓе неспособни да се носат со предизвикот конкуренција на приватен или професионален план и три извичници ставам зад ова!!!
    За сите такви има убава изрека „на кривиот к*р му сметаат влакната„ и ова важи во било која насока од провинција кон метропола и обратно и измеѓу!!!
    И сите загрижени за миграциите и феномените на зголемен наталитет или увезен промискуитет олабавете на крајот на краиштата уставот гарантрира секому право на сопствен слободен избор на дејствување и размислување бидејќи ова не се илегални активности каде ќе учам и кого ќе сексам, така да прашајте се ху д фак ар ју за да се инволвирате неповикани?!
     
    На julie77, Phyramide, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Прво, затоа што морам ако сакам да се здобијам со најквалитетно образование. Владата ако сака нека ми отвори факултет и во подрумов мој, јас пак ќе дојдам таму. Нелогично е да се преправаме дека сите факултети исто функционираат, кога кај нас во две различни училници, два професора различно предаваат. Отворањето на дисперзирани студии е за да им се овозможи на тие со послаби финансии да студираат. Ама, ќе си ја прашам јас долнава дали да се запишам на осигурување или на нутриционизам и абе работа, работа... Причам ви приче. Сите во Македонија здраво ќе се хранат и сите ќе се осигуруваат. Ахам, да. :geek:

    Да имам средства, би одела да студирам некаде во странство. Мислам дека во Шведска и во Чешка студирањето е бесплатно, само ти треба да си го платиш престојот, храната итн. Тоа е многу за мене, не е во ред моите дома да јадат леб и кромид а јас да си кулирам во странство. Верувајте, сакам да се промешам со луѓе од септември, ако се дограбам до некоја стипендија, па да си фанам патот, најсреќна ќе бидам.

    И на моите ќе им биде тешко, месечно само за мене ќе одат 200+, а не барам никакви луксузи, да се разбереме. Ама па тешкото ќе се издржи некои 4-5 години, а ако останам овде, завршам нешто за кое нема работа, тогаш тешкото ќе биде многу подолго од 4 години. Подобро ужасен крај отколку ужаси без крај. :D
     
  9. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Леле бе ко Скопје Париз да е го направи у пм...
    Цел живот сум во Скопје,и искрено да не бев тука порасната,да не ми беа луѓето кои ми се драги тука ,да не ја знаев секоја уличка ко да е некој ќош кај мене дома,и за крај нели политиката треба да се умеша во сеа, да беше децентрализирана Макеодинјава како што не е,па да имаше подеднакви шанси за успех во сите градови,
    воопшто немаше да ми биде проблем да живеам во Струмица,Охрид,Битола итн...
    Незнам што имаш толку против тие што не се од Скопје,и незнам каков заклучок можеш да донесеш од две-три девојки со кои очито си имала личен проблем.
    Покварени,лицемерни и луѓе од корист има секаде.И во Скопје и во Гевгелија и во ЊуЈорк.
    Сосема ми е разбирливо зошто се доселуваат во Скопје,и ја да не сум од тука би се доселила,зошто во другите градови повеќето факултети не даваат потенцијал и шанси за било каков напредок,а за работа да не зборам.
    Секој сака да си успее во животот,и нормално дека ако тоа подразбира доселување во Скопје ,ќе проба.

    За пренаселувањето во Скопје не е крив народот,туку политиката која целиот потенцијал,економска моќ,знаменитости...ги сместува со главниот град,а другите тотално ги запоставува.

    И Плавуша незнам зошто воопшто дискутираш на оваа тема тука,кога воопшто не е за тоа,дали ти ги поднесуваш "провинцијалките" или не.
    Мислааааам,им се фучка на нив дали ти ги сакаш |(
     
    На julie77 и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    .......
     
    На Tinker-Bell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    И он топик не сум се изјаснила во врска со темата. На факултет ќе одам во Скопје, од кај и да сум и да сум била пак во Скопје ќе сум идела. Колку и да се жали некој тоа нема да се смени, никој не е надлежен да кажува кој каде ќе се запишува.
     
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ....
     
    На Tinker-Bell и MacaLove им се допаѓа ова.
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ију! Шта вам би? Плавуша, не се умори бе? :)

    Абе све ок, твое мислење, нејзино мислење, негово мислење ама твоето мислење се однесува на жаби, а темава е за баби. Преведено, ти зборуваш за тоа како градот ти бил пренатрупан и треба да се стопира давање на жителство (кај беше смајлито што се крсти?) а темава е каде на факултет?
    Па рече дека имаш петки, није ваљда да не го разбираш насловов на темава :^)

    Ајт, интересни сте ми за следење, пак и секогаш се наоѓа нешто што ќе го разбранува форумот :D

    Него озбилно, препирање бидна големо мислиш се караме дали е поубаво да се студира во Виена или во Берлин.
    А зборуваме за македонски факултети. Не ги потценувам, искрено многу солидно образование имам стекнато на легендарниот ми УКИМ, но за жал на други места во светот сме потценувани :( Нашата диплома во Европа е парче тоалетна хартија. Така да деца - односно Плавушице ај не се трескај и не си прави шимпанзо потези у груда за факултетите во Македонија, односно во Скопје, кога ќе пораснеш и кога ќе почнеш да студираш - ќе воочиш самата, ваљда и се надевам, дека оној твој „став“ кој денес толку крвнички го браниш да не речам, бил само една голема глупост за пополнување на неколку летни здодевни денови.
    Знаеш во реалноста е малку поинаку и таа дипломата е само калап кој сама си го формираш и кој подоцна само ќе те плукне во едно општество во кое повторно мораш да се бориш за да бидеш некој и нешто. И тогаш никој нема да те прашува - КАДЕ си завршила. Сеедно е и ќе биде :)
     
    На Strumfeta93, LivingGlam, FBI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
  15. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    од скопје сум студирам во помал град и преубаво ми е. прво и основно стварно го вкусуваш тој студентски живот со цимерки итн :) второ е многу евтино а башка е ново и е интересно :) убаво е да пробаш и видиш!!
     
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.320
    Пол:
    Женски
    Инаку во контекс на темата јас сум од Кочани и ќе студирам во твоето ценето Скопје.Инаку како град не го сакам,бучен ми е, огромен, џунгла.Јас сум научена на мало местенце, мирно и доаѓам во Ск затоа што морам, а не затоа што сакам.Како право другарките и дечко ми се во Штип, моите немаат големи финансии и знам како ќе и е додека јас студирам, па факултетите во другите градови кои ми се близу да беа добри и да го имаше факултетот што јас го сакам немаше ни да размислувам да дојдам и да ти бидам конкуренција и да ти го заземам саканото ти место на живеење.Прочитав предходно дека коментираш нешто за литературно говорење.Да те просветлам голем од вас не говорат литературно туку говорат лигавејќи се(без навреда на скопјанките на форумот)А тоа што велиш не знаат два збора на литературно да кажат,а доѓаат тука на факс тоа е затоа што постојат дијалекти девојко и јас како и другите не планирам кога ќе дојдам да студирам да зборувам литературно, ќе си го задржам простиот дијалект.
    За матурата, од нашата гимназија имаше многу јаки ученици и паралелки и прашањата интерно не ни беа дадени туку моравме да учиме.А сепак голем број положија со 5ки а екстерно голем број беа со 4ки и 5ки.Јас знам како се учи и слободно можам да кажам дека кај нас има некои многу строги дури и злобни проф. со кои многу е тешко да излезеш на крај.Не велам дека не ми било поппуштано или дека често не сум се вадела на стара слава, но знам дека оценките и од годините и од матурата ми се залужени.
    И ако си учела и ако си сигурна во твоите способности нема што да се плашиш од нас конкурентите затоа што тоа што го знаеш никој нема да ти го украде.А и многу често се докажало дека знаењето во оваа наша држава малку придонесува за тоа како ќе живееш во иднина или што ќе работиш, толку ни е заникаде државата.Секој си гледа за себе нам ич не ни е гајле дали ти сметаме тебе или на тие како тебе,сме учеле и сме заслужиле да студираме без разлика дали тоа ќе е во Скопје, Битола, Прилеп или било кој друг град.Секој со своите можности и својата среќа.Шта чеш, снајди се па живи.
     
  17. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Прашање до Плавуша
    ако виде нека одговори

    Полага државна матура?или наредната учебна година ке полагаш?Ако не си прво положи ја,види си ги резултатите па после зборувај зошто има случаеви кои цело време од 1 до 4 година оценките им се 5ки (речиси поклонети)а на крај паднаа на матура или добија слаби резултати.Од кај знаеме дека истово нема да е случај со тебе?
    Битно си се испофали на крај :)
     
  18. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Не се секирај, Плавуша не е единствена што го дели тоа мислење. Мноооогу скопјанки го мислат истото ама или не пишуваат затоа што од вакви дискусии стварно нема излез :D или па не сакаат да си ги навредат виртуелните пријателки од провинција. Скопје е далеку од Њу Јорк и тоа е мојата цел, дека не е ама баш ништо само огромна дупка полна со прашина и врева, ама сите се залетуваат МИСЛЕЈЌИ дека е Њу Јорк или Париз! Дипломата е иста на државните факултети, знаењето кое ќе го усвоиш зависи само од тебе, така да коментарите дека овде имало подобро образование се излишни. Конкретно за правен или економски 60% од студентите не ни идат на предавања така да не зборете за квалитетен кадар кога не ни има кој да го слуша :)
    Карина, аргументите на Плавуша, кои пред тоа ги напишав јас, слободно може колку сака да ги цитира затоа што се вистинити, за жал немам толкава имагинација и време да измислувам такви работи. И да, за мене е таа реалноста и ниеден коментар на девојка која не го искусила тоа не признавам нити ми значи, ама нема зошто да ја навредам. И ние и вие знаеме се многу добро, ама ова е форум, тука може да се замачкуваат очи. Зошто се браните толку, ако се е лага? Јас кога ќе слушнам нешто за мене ако е лага само ја игнорирам, ама ако е вистина и сакам да ја прикријам се бранам. :)
    П.С. јас се одјавувам од темава, досадна е истото се врти во круг цело време |( . Борбата скопјанки v.s. провинцијалки will never die, така да залудно потрошени букви се сите овие :D Не дека на некој му значи, само онака да си кажам :wasntme: И онака ќе бидат избришани мислењава :hai:
    А да, се гледаме на факултет од септември ;) Со среќа бруцошки
     
    На Rozich, Plavusa.17 и enca.69 им се допаѓа ова.
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Охооо журка. :D

    Ниту сфаќам зошто на едниве толку им сметаат провинцијалците, ниту сфаќам зошто другиве толку се подпалувате за нечие мислење. Си кажала што си мисли, ок нејзино си е нека си држи до тоа.

    И кај мене 60 посто се од провинција, па се изнаоѓаат и идиоти и фини деца.

    Ако дечко ми сака да ме остави тој може и за некоја Скопјанка да го направи истото сигурно дека некоја девојка од провинција не му фрлила магија ... некоја друга му се харесва и мене ќе ми рече чао. поедноставно од тоа не може да е.

    Така да, секој си се бори за својата среќа и за сопствената подобра иднина. Некои имаат поддршка од дома, некои немаат. Како и да е секој од нас има различна перцепција за она што е добро за нас.

    Јас очигледно поинаку гледам од сите тука, и најискрено би сакала да се тргнам од Скопјево баш затоа што толку е воздигнато, и увеличено, како божем не знам што да е, ама штета е што не можам, тие ми се можностите. Би сакала да завршам во Штип, Битола, Струмица, Прилеп, било каде. Диплома е диплома, а звање си е звање. Луѓето по другите градови се фини (језда и таму има идиоти, ама со некои од овде тие се неспоредливи), а не исфрустрирани како повеќето тука. Да не ти дадат потпис зашто си ја напишала професорицата со едно презиме а таа имала две презимиња, и јас тоа на гравче треба да го видам.
    Факултет си е факултет. Учи учи учи, по три години ништо од тоа не знаеш, останува само праксата. А добра пракса може и надвор од скопјево да се има, уствари добра пракса може сегде да се има. Така да мене не ми е релевантно демек Скопје најдобро место за образование. Ако си ја сакам професијата, јас можам да бидам добар доктор(пример) и со диплома од Штип. Ако учам нешто што не сакам, можам да се окозам од учење во Скопјево или било каде, па пак за ништо да не ме бива...

    Фала на внимание, олабавете малку, нели форум беше ова. :)
     
    На Rozich и marama им се допаѓа ова.
  20. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Плус тоа треба да сте среќни затоа што деца со се повисок просек, вистински талент и интелект доаѓаат да се образуваат во Скопје па со тоа може и нешто ќе придобиете (Зборувам за тие кои немаат финансии за школување ван Македонија) Ама ти изгледа се плашиш оти тие ќе ви ја земат и работата а :lol:
    Е тогаш напорно учи си и ќе нема проблем :lol: