Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на факултет? Во Скопје или може некој друг град?

Дискусија во 'Образование' започната од gurgica, 24 март 2010.

?

Каде е подобро да се студира?

  1. Во Скопје

    160 глас(а)
    75,1%
  2. Во некој од помалите градови

    53 глас(а)
    24,9%
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Е да си ми жива за ова! :clap: А како тргнало колку и да не веруваа во Скопје до пред некоја година, се чудеа како во западниот дел се живее ... ете го сега и понатаму има да надвладее и во Скопје.
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Оф леле колку ограничен народ, оф леле колку примитивни мислења! Абе голем к*р ако се запишеш во Ск на факултет! Запиши се на Оксфорд да те видам! И деца ај за почеток запишете се, па потоа постудирајте и после ќе зборуваме. О леле колку искомплексиран народ провинијалките дечковците ќе би ги земат, абе во провинција нема мажи ? А некогаш сте си помислиле ли тие провинцијалки колку пари само оставаат во тоа ваше Скопје? Значи МАКЕДОНЧЕТО е страшен народ да неречам една шака народ, а толку простулук во него. Наместо да сте среќни што ќе запознаете нови личности, што ќе имате каде да идете надвор од Скопје вие комплекси лечите! А што сте седнале на фемина одете пазете си ги дечковците, уписи се ближат можби некоја подранила не си се чека до септемвти!
     
    На shiningstar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
  5. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Љубљана колку што знам има забрана, или што и да е за доселување од страна... :?:
    Така да, не ќе да е баш небулоза дека може некој град да го направи овој потег...
     
    На Plavusa.17, Rozich, MacaLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Енца, во Словенија е поинаква политиката на развој.
    Таму секој град е центар на култура, образование, индустрија итн.
    Кај нас не е. Врвот на просветата се концентрирал во Скопје. И сите бизниси. Во помалите градови и она мало никулче надеж, умира од суша.
    Не е адекватно да се споредува.
     
    На TennisBabe, Strumfeta93 и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Реалноста е дека во Скопје има повеке услови за успех.
    На крај сите се согласуваме со едно-дека се палши од конкуренција.Ако е сигурна во своите способности нема да има потреба да кажува кој да доага кој не ако не и е страв наместо да биде срекна.Па повекето нови студенти од страна ке и бидат мотивација + да се докаже.

    И се уште чекам да ми одговори на прашањето:Дали полагала матура или ке полага следната година.Најпрвин нека ги види резултатите и дали ке има одличен успех зошто има случаеви што цело време биле со 5ки ама на крај завршиле со слаб успех или паднале.Од кај да знаеме дека случајов со нејзе нема да биде ист?
     
  8. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Не не ми беше поентата да споредувам...камо среќа да можевме да се споредуваме... ;)
    Само дека постои како ајде ,,опција,, да ја наречам, а и Љубљана сепак во однос на другите градови како и да е поразвиена е, али не е тоа темата, а ни мојата поента...
    Јас само искоментирав во стилот дека темава стана тема за девојкава... :tmi:
    Јас дел се согласувам, дел не, со нејзе....но тоа е нејзино, и само нејзино мислење...ми се допаѓа што упорно го брани, затоа што и да каже дека сега е убедена дека тоа е така, или не е така, тоа ќе биде лицемерење, како и бидете сигурни 50% од постовите тука...знам што мисли конкретно мојата потесна и поширока околина на темава, а тука за чудо никој таков...ол фајф... :)
    И мене да речеме до некаде ми смета, но само одредена категорија од наведените девојки од другите градови, не сите, како што ми сметаат и 50% од ,,скопјанките,, нели...
    Ама исто, она што е побитно е дека и јас не сум сигурна, да бев од страна дали и јас немаше да сакам да дојдам тука, и тука да го барам моето место под сонцето, во име на подобар живот :?: па затоа и почнав да се воздржувам од коментирање на овие теми, иако порано и јас скокав побајаги...ама секој треба од себе да тргне, нели...? :)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Енца грешка си за Словенија. Баш од лани мислам дека ептен ги намалија партиципациите на факултетите во Словенија за странски студенти се со цел да привлечат студенти, а и да ги задржат една од причините е тоа што морталитетот е многу поголем во однос со на наталитетот! Имам другарки од мојот град кои студираат во Словенија и и нудат работа после дипломирањето!
     
  10. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Темава се развива со брзина на светлината, ама штета што упорно се полни со оффтопици :|

    Еве сега ќе глумам медијатор (зошто имам основа, јас сум производ од провинцијалска јајце клетка и скопски сперматозоит- колку чудно и грдо да звучи ова).
    Како за почеток ќе ја повикам Плавуша17, да се произнесе во однос на темава и добро ако треба и два пати да го прочита насловот но нека одговори каде на факс Скопје или друг град?
    Потоа ќе ги замолам останатите девојки да одговорат доколку ете имаат мислење и став кој секако би бил онтопик.

    Еве јас ќе почнам прва, студирам во Скопје, политички студии на Јустинијан. Ем што ми е блиску, ем што има на некој начин реномиран и добар кадар. Да имав можност ќе студирав и во Софија но ете немам, па си ги пуштив нозете колку ми е долга чегата.

    А сега фино лепо правам чек аут од темава, и ќе се обидам да не коментирам веќе, и јас сум инат ама ете несакам некому да го наметнувам своето мислење, зошто сите имаме неприкосновено право на истото.

    П.С. Ова веќе одамна престана да личи на дискусија се повеќе и повеќе се стреми кон препукувања и навреди на лична основа. А тоа не е целта на форумов.

    А сега останете ми со здравје, со добри и позитивни мисли и без тензии, навреди и сл.
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.432
    Допаѓања:
    91.604
    Пол:
    Женски
    Он-топик: познавам многу луѓе од другите градови или еве провинција ко што милуваме да кажеме. На сите ама баш на сите им препорачувам тука да се запишат на факултет, па кој може да си дозволи и средно. Зошто да не? Секој има право да си студира каде сака и што сака. Па и јас ако сакам ќе се запишам Велес, Охрид, Прилеп каде сакам ако таму ги има студиите кои што ги сакам.
     
    На zhap4e, All-that, TennisBabe и 2 други им се допаѓа ова.
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Моја другарка која сега ќе магистрира баш има проблем, дека сака да работи а треба да се врати...како и да е...не навлагам во оваа тема, не сум ни доволно информирана што е право...и да не е така веќе, значи било, кога претела опасност и на Љубљана значи, ама сепак мојот став баш на оваа тема веќе го изнесов...
    Она што е најбитно, адресата на живеење несмее никако да биде основа за предрасуди, ама баш никакви, затоа што е добиена на лотарија, со раѓањето, а не по посебни заслуги и почести...
    Разликувам луѓе и нелуѓе, а не места на живеење...
    И мене ми смета, Скопје е стварно пренатрупано, ама и од супер и од несупер луѓе од страна,тоа е факт, има секакви, најразлични...само кој може со сигурност да каже дека ако бил на другата страна и тој не би го направил истото? како што реков, јас, за себе не сум ...
    На крај, на кој како му одговара и како му дозволуваат можностите...
     
  13. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Грубо ја поминав темава, бидејќи има многу мислења и немам време да ги читам. Понапред забележав како една кажува дека сега кога вмро дошле на власт, тешко дека ќе завршела факултет. Точно е дека политиката е навлезена во длабоко во сите сфери на општеството, па и во образованието. Претседателот на ССУКМ се бира на партиска линија и тоа факт, кој никој не може да го оспори и втор факт е дека тие соби во студентските домови најпрво ги добиваат студентите со партиска книшка од владејачката партија...Ако овие два аргумента ги тргнеме на страна и ги занемариме рецимо, тогаш слободно можам да кажам дека политиката и политичките партии немаат врска со вашето студирање и учење...Ако си амбициозен и вреден, нема да се замараш со тоа која партија е на власт.Ќе си гледаш да си учиш, да постигнеш резултати итн...За вработување веќе е сосем поинаква приказната. :)
    Во однос на тоа кој факултет вреди, а кој не, јас ќе го кажам следново - признавам само студирање на Кирил и Методиј, во Скопје и Климент Охридски во Битола. Оние инстант квази факултетчиња по државичката што никнаа не ги сметам ни малку за образовни институции, било да се во Куманово, Скопје, Велес или Крива Паланка. Значи нема везе кај се лоцирани :!: - тоа не се високо образовни институции и точка. За приватните факултети ситуацијата е трагична и комична истовремено. Тоа е купување на дипломата со пари, курчење низ кафе барот по факултетот во некоја деловна униформа со кравата( човек ќе си рече којзнае што се и колкави интелекти се) |( и шетање по екскурзии низ Европа, као демек практична настава изведуваат... Ако сакаш политички науки или право, оди на Јустинијан запиши се ако имаш муда и ако си способен, а не да им го пуниш џебот на Фијат Цановски и Бојо Андреевски, кои се полни као брод од таквите "амбициозни интелекти" кои немаат ниту една мозочна вијуга.
    Најдобро ќе беше државава да даваше стипендии на поталентираните деца да студираат надвор негде, наместо да вложува во некој смешни објекти т.н дисперзирани факултети.
    Јас да живеев рецимо во Крива Палнка, сигурно немаше таму да упишам факултет, туку ќе дојдев во Скопје и ќе се запишав тука на саглам факултет, а да имав повеќе средства немаше ниту во Скопје да студирам, туку ќе отидев надвор од Македонија некаде.

    Едит - тоа што во Битола отворија лабораторија по генетика, исклучително го ценам и подржувам.
     
    На enca.69 и JuLleE им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.565
    Не е лошо тоа што има Плавуша спротиставен став од мнозинството,туку лошо е што тоа лошо го прави и нема аргументи, го прави ради некои погрешни работи. Тамам работа сите да имавме ист став,напротив,убаво е да има критички настроена маса и од обете страни за да се случува нешто во општеството и добро е ако истото се применува ,а не саде се седи и го*на се јаде. И не можам да мразам некого само затоа што не размислува ко мене,а можам да не го поштувам зошто тоа го прави од лоши побуди и ми дава ирелевантни аргументи и не знае кај тера. И да форум е место за дискусии,а не за тапшање по рамо,јас одбивам да го читам ако се претвори во таков.
    Не претерувајте и не ја пренесувајте дискусијата по други теми аман за аман! Погрди работи се пишуваат од овие на Плавуша ама штета што форумов нема скенер па да ги видиме.И одбивам да читам некој што глумата цело време, а у суштина не е кадарен да изгради став у животот и ми пречи кога таквите се тапшани и се кул.

    На крајот,нека мисли што сака,вистината е поинаква,оние од тн провинција пак ќе дојдат и ќе ја згмечат зошто сигурно ќе има барем 100 подобри од неа и ќе вредат,некои и ќе дојдат и да се омажат што знае исто така да биде точно,но тоа не е заради тоа што се од провинција,туку исто му доаѓа ко и обичните скопски спонзоруши.Тоа се неамбициозни суштества од кои нема потреба да се плаши и за крај.Не е страшно ако дојде некој да студира тука,страшно станува кога сите се лоцираат тука и Скопје станува центарот на Македонија и се зголемува јазот помеѓу него у другите градови што и понатака ќе го поттикнува истото со што не можам никого да обвинам зошто сака да дојде тука,да живее и да работи,впрочем секој гледа за својата егизтенција.А тоа не е ништо друго туку продукт на оние кои ги бранеше во ек на предизборие (реков не е место за политика,ама аргументот ми држи вода),зошто ниту имаат план,ниту имаат стратегија,како целата држава да ни се развива,туку поважно им беше бронзени муда да праат и слични глупавштини.Скопје е преоптеретен тоа е факт и го оправдувам тоа се додека остатоков од земјава ни тоне во мизерија,го оправдувам секој оној кој се бори за својот живот и нека се трупа и понатака за да ги истиснат овие сељачишта скопски кои само за го*на јадење и џаболебарење ги бива,па се плашат и ќењаат за провинцијата.Мочковци и мочли.Сто пати подобри и поамбициозни деца има од внатрешноста и сметам дека си заслужуваат шанса да опстанат во ова малце поголемо село и да оправат дел од фирмите кога во нивниот роден град нема шанси за тоа.
    Излегувам во 12 и пол по јадење у централно градско подрачје ги гледам мочковци на моја возраст у Битсиани и актовки пијат кафе,бизнис тераат у кафиќиве,а го знам мрсулкото дека ни факултетот не го доврши,а знак прашалник е дали уопште работи,ама е од оние тврдокорните скопјани кои ругаат по се живо и диво и за излог се прави и душа дал да речат иии види го ти Стојко,човек станал.Е не може веќе така.
    Немам ништо против,кој сака нека повели,ќе се дружиме и ќе си се запознаваме.Прекрасни луѓе познавам од внатрешноста,ненапувани,амбициозни и паметни,капа симнувам.

    И значи,ок,нека има контра став,ама не го сфаќајте трагично,има такви кои немаат контра став од вашиот и го контаминираат просторот со бљувотини тука,а и во реалноста,еднакви на имели. Кога е дискусија мора да има жестокост, сакам кога ја има,не сакам кога ја нема, не сакам и кога медиокритет станува паразит и стигнува до признание.Е тоа е лошо.

    Благодарам,се повлекувам.
     
    На Stam, Theodora, najubava2010 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Рано ми е за да размислувам на темава, зошто допрва ќе бидам трета година, но..

    Секоја чест на оние кои стварно се трудат, кои што учат, кои што имаат јасно поставена цел за тоа што сакаат да станат утре во животот. Го почитувам тоа, многу. Факт е дека многумина од Скопјево се исплашени поради заземањето на некое „нивно“ место утре во факултетите од страна на „Провинцијалците“ и дека во најголемиот дел затоа и ги плукаат. (Плавуша, не се однесуваше ова на тебе :) )

    Јас сум од Скопје, но се ставам во ситуација кога живеам во друг град, а притоа се сметам себеси за квалитетен ученик кој што заслужува да се стекне со соодветно образование од област која што би ме интересирала. Нормално дека би си ги спакувала куферите и дека би се преселила во Скопје, тогаш воопшто не би ме интересирала бројката на жители во главниот град, дали ќе бидам вишок или не, единствено што би ме интересирало ќе биде факултетот и мојата иднина. Кога во Скопје се наоѓаат главните факултети да речеме, тогаш зошто квалитетниот кадар од останатите градови низ Македонија да не дојде и да си ја проба среќата? :)

    Она што, ВООПШТО не го оправдувам е кога доаѓаат со изговор дека се на факс, а уствари бараат дечко за мажење. (Океј де, се случува некогаш нормално да се запознае идниот партнер, али не на доленаведениов начин).
    Кога ќе видам некоја девојка, со минич до пи*кетината, штикла 20ка, цепа на дијалект, а околу неа друштво од 20 добро ситуирани дечки, она се кикоти ли се кикоти, изводи бесни глисти, ама битно нели, дошла школо да учи. И сеа ја нешо као демек треба да веруем у таа приказна како она се труди да успее, бла бла бла. Ми се гади од ваквиве случаеви, :puke: , а ги има премногу. Сите сме свесни за тоа, само некој признава, некој не.

    Тоа е, од прилика.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.565
    У Скопје ги има Припор,Ѓорче,Драчево,Пинтија,Трубарево,Јурумлери и се наоѓа по некоја сељанка што сака да се омужи за центарец или некој од Аеродром (патем ова е најголемиот извор на сељачишта у тренерки) за да ја шета количката у Бисер. Шо се потресуете не ми е јасно?!

    Тоа се друга врста на народ што тоа го прави кај и да е,нема веза со студирањето у Скопје.Ако не и успее у Скопје,а таа е од некое битолско село,ќе најде начин да се омажи за некој од центар на Битола или бар со некој шо има имот.Ова веќе не е предмет на дискусија,мужењево.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    А на крај краева пак и што е битно дали некоја дошла да учи, да се мажи или да работи позади мтв. Нејзин живот, нејзина работа. Нема мене што да ме засега.
    Некој нека се мажи од љубов, некој за пари, некој за статус, некој за локација....кој за што сака, негово право. Што има јас да му велам некого: "Ако сакаш да учиш седи, ако не - оди си дома"
    Разберете дека луѓето се тоа што се не ради местото на потекло, туку ради други фактори.
     
    На karina8, Phyramide, LivingGlam и 4 други им се допаѓа ова.
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски

    Точно е дека секој бара поквалитетно образование, но имај на ум дека некои студенти не студираат во Гевгелија/Штип/Радовиш бидејки така сакаат, туку бидејки неможат на друго место поради финансиската состојба. Сето тоа е поради цените за сместување на студенти кои им се АСТРОНОМСКИ. Има такви за кои тоа не претставува голем проблем, но има и такви кои се лишени од правото на поквалитетно образование но не по нивна вина. Вие деца мора да сватите некои работи, дека неможат сите да си дозволат воопшто да се ЗАПИШАТ на БИЛО КОЈ факултет не пак во СКОПЈЕ каде што е значително поскапо студирањето. А тоа што рече дека не е квалитетно студирањето во Гевгелија конкретно, тука ке те исправам и ке ти кажам дека факултетот е прилично нов, па неможе да се рамне со оние кои постојат години и години наназад. Од каде знаеш ти дека за 20-30 години нема овие факултети да ги надминат оние во Скопје??
    Инаку факултетот во Гевгелија има струка за работа во хотел. Знаеме дека во Гевгелија има многу големи хотели кои за скопскиот Александар Палас или не знам кој друг таму, претставуваат ПОИМ. Просечната плата за вработување според завршеното образование во хотел во Гевгелија е од 900-1700 евра. Плата за која некој студент на ЕКОНОМСКИ или на било кој факултет во СКОПЈЕ може само да сонува. Не потценувајте, факултет си е факултет никаде не даваат оцени без покажано знаење. ;)
     
    На Rozich и Hiii им се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Малограѓанштина излегува од сите страни :x , навистина ве читав и се воздржував да коментирам- на вакви теми само си потврдувам колку не сме open minded како народ и колку сме полни со предрасуди и малограѓанштина :x .
    (секаде има и исклучоци, се разбира ;) )

    И зошто не ја заклучите темата да се смират страстите, очигледно е дека можеме да дискутираме само за козметика и такви минорни работи без да летаат пердуви, или кога ќе подразмислам и таму не е мирно :)


    *Постот ми е како едно резиме на последните 10 (или повеќе) страни, и не е наменет кон никој, само е одраз на една неутрална опсервација.
     
    На Stam, Theodora, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.