1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на факултет? Во Скопје или може некој друг град?

Дискусија во 'Образование' започната од gurgica, 24 март 2010.

?

Каде е подобро да се студира?

  1. Во Скопје

    159 глас(а)
    75,0%
  2. Во некој од помалите градови

    53 глас(а)
    25,0%
  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Немам ништо против тие од другите градови,нека одат каде сакаат,и јас ќе одам каде сакам.

    Толку,и поздрав.
     
    На WhiteAngel, Lov3, Plavusa.17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Јас искрено се надевам дека нема да бидам истепана и извреѓана после овај пост. :tmi:


    Најверојатно ќе студирам во Скопје на државен, бидејќи во мојов град нема таков факултет, во Скопје е. Ако не одам Скопје, ќе одам на Фон, во Струга. Има време, ќе размислам потака...
     
    На WhiteAngel, Tinker-Bell, MacaLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Имам дијаметрално спротивен став од оној на Плавуша и никогаш нема ни да се најдеме јас и групата нејзини поддржувачи во врска со прашањево.. и тоа е така бидејќи како и таа, така и јас си имам свои лични причини и искуства за својот став.

    А, ако против ставот на Плавуша се јавиле сите провинцијалки, вклучително и јас е нормално, како што рековте секој со своето искуство, ко прво, а ко второ, слободата да бидеш директен и остар кон една група, значи дека треба да очекуваш дека и некој друг ќе ја искористи слободата да биде директен и остар кон тебе.. т.е групата, во случајов, провинцијалките како и скопјанките кои не студирале тука или студирале ама мислат поинаку.
    Поздрав
     
    На Strumfeta93, najubava2010, MacaLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Дисперзираните студии во другите градови се жива смешка, јасно е како ден.
    Нема да навлегувам што и како околу нив, тоа си е сосема друга тема.
    Тоа мало зрнце квалитетно образование остана тука, во главниот град, на УКИМ.
    Нормално дека секој сака да се докопа на некој начин до подобри квалификации.
    Да не се лажеме, квалитетното образование игра парцијална улога само.
    Секој сака да отиде во друг град, да искуси нешто ново, да набилда на некој начин животно искуство, да се осамостои... зошто па да не дојде во главниот град, ако има можности за тоа?

    Кои сме ние, јас, ти - клучарите од градов?
    Имаме клуч за отклучи - заклучи, па да проповедаме кој може , а кој не смее да студира во Скопје?

    Градот можеби е пренатрупан, ама гужвата ја прават токму луѓето од другите градови.
    Се гледа што скопјани остануваат кога доаѓаат некои празници и сите одат по дома - кафичите зјапаат празни, нема живо пиле по улиците.

    Поентата ми е таа - секој има право да студира кај сака.
    За свои пари - што има некому да се објаснува?

    И мене ми пречат некои кои ПО БУКВАЛНО СЕКОЈА ЦЕНА сакаат да се нагнездат тука, ко мислиш мед и млеко тече по скопските улици, кога нема работа ни за постојаните жители, ама јбг, пак си е нивно право.

    И печалбарите од други земји меѓу кои и нашата во Германија, Италија, Америка, Дубаи итн., може не ги мирисаат, зашто работат за помалку од просекот што за жителите таму е смешка, а за нас богатство, па ниту можат да не спречат да заминеме на печалба, ниту бутур.

    Така е скроен светот, секој си грабнува колку и како што може, ако те бива ќе се избориш за место под сонцето.

    едит: Јас всушност имам проблем со тоа кој и колку се запишуваат воопшто на факултет.
    Денес не е веќе опција дали - тука каде.
    А не е секој за на факултет, да не се лажеме.
    Мене ме боли што на ниво на нација имаме највисок процент на студенти, а сме буквално неписмени.
    Јбг, и тоа е друга тема, таму се имам пожалено соодветно, одамна.
     
    На tropical, Stam, FBI и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    И на Плавуша тоа и беше муабетот и поентата и цело време тоа па тоа пробуваше да го објасни во милион постови наназад.
    Значи девојчето во секој можен пост повторуваше дека и смета само тоа што ги имаат истите факултети пр. во градот каде што живеат,ама они пак во Скопје доаѓаат да студираат.
     
    На Plavusa.17 и MacaLove им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Убаво сфатив дел од постовите на Плавуша, донекаде имаше поента.

    Еве, колешка на мојата другарка.
    Дипломиравме сите, и верувале или не - работа ја чека дома!
    И тоа асална работа значи, не некоја глупост.
    Градот во кој живее не е малечок и не е провинција воопшто како што милуваме да ги етикетираме.
    Таму си има и сопствен стан, ама не - девојката тврди како средината таму ја гушела, преку таквото и било од малограѓанштина и селски муабети рекла-казала и ми призна дека по секоја цена ќе гледа да се скраси тука.

    Е тука работа - нема.
    Седи под ќирија со уште 4 девојки, се запиша на магистерски само за да испраќаат пари од дома за да преживее, не оти и' се учеше.
    И битното - во Скопје сум, си ја ладам.

    Ете за таквите збореше Плавуша, не за грото, не за сите.
    Дали ми пречи?

    Да.
    Отворено сум и кажала, но нејзино право си е на крајот од денот.
    Причината може да е ваква или онаква, и мене да ми понудат добро платена работа во друг град ќе отидам уште утре ако сакам, и ич нема да ми чуе дали жителите од тој град ќе имаат некакво мислење за мојата одлука.
    Тоа е.
     
    На lolyta777, Shery, enca.69 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Не се сите како другарка ти. Некои одат во Скопје да учат поради поквалитетното образование, некои одат бидејки Скопје има повеке работни места одколку некои др помали градови. Ако нема работно место во местото на живеење на некој студент, секако дека ке бара чаре таму каде што има. Нема да те прашуваат ни тебе ни мене дали може или не. Секаде се бара квалитетен кадар и може некој да биде од најзабутаното село и да биде поквалификуван и поспособен од родените Скопјанки на кои господ им го дал тој "луксуз" да живеат во главниот град. Алелуја :angel:
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам,Трендафилка и се сложувам со тебе затоа и ти удрив лајк на постот :D
    А тоа што те цитирав не се однесуваше на тебе директно, не ме сфаќај погрешно туку општо за сите за да ја доловам поентата на Плавуша што точно сакаше да каже,зашто сите си вадеа заклучоци од постовите и она упорно им потенцираше што е целта на нејзиниот муабет,ама залудно :)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    ^ и не го одговорив јас на крајот истото creshicka, само ти го преџвака во друго паковање?
    А што цело време се удира акцент на неспособните скопјанки, не ми е јасно ?
    Кога се зборува за неспособни од другите градови, револуција се крева, а попатно секој втор пост е како тие од Скопје немаат абер од животот и се нешто особено привилегирани заради улицата и местото на живеење во л.карта.

    Од едно мало градче кај што живеев 6 години секојдневно среќавам неписмени, одвратни суштества кои нашле работа само заради тоа што татко им дипломирал во лепење плакати во месната заедница и нацртал портрет во јаглен техника на фирерот.
    Исто така среќавам и неписмени одвратни суштества од Скопје, кои нашле работа - а истата таа може да ја има некоја далеку поспособна девојка, како Офспринг од ВЕЛЕС, или ЛивингГлам од ОХРИД, сеедно.

    И што е сега поентата?
    Не застанувам на ничија страна, кој како си се снајде, за него си е.
     
    На FBI, enca.69, Victorya и 4 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.327
    Јас убаво сватив на која група се цели, ама знаете дури ни на тие девојки никој нема право да им каже каде сакаат да живеат и за кого да се мажат. Оваа поделба само кај нас изгледа постои. Срамота е, остај што се делиме поради партиска припадност, почнавме и според градовите од каде потекнуваме. И Македонија да е развиена, и во сите градови рози да цветаат, ако некој сака да оди и да учи во Скопје, тоа е негова работа. До кога ние ќе се замараме со вакви глупави поделби? Кој што сака нека си прави, секој има право на избор, секој како што сака нека си живее, мене тоа воопшто не ме интересира. Мене единствено битно ми е јас да си ги завршам студиите, да си најдам работа, па макар и во Скопје.
    А сите девојки на кои им сметаат провинцијалките, нека идат една недела барем во градовите на пример од Источна Македонија, нека идат на тие факултети, па може ќе ви стане јасно зошто сите бегат во Скопје.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Потполно се сложувам со Трендафилка :clap: Јас немам ама баш ништо против сите оние кои доаѓаат да студираат во Скопје, но и јас имам познанички кои дипломирале, имаат отворени работни места, и тоа не било какви туку по струка во родниот град и не сакаат да се вратат, а тука седат под кирија и чекаат работа макар и во кафич (чиј хонорар нормално не ја покрива ни киријата). Тука би плаќале трошоци за превоз, престој и сите останати "услуги" кои ги нуди градот, a би ги немале или се значително пониски во другите градови, ама ете... Тоа стварно не можам да го сфатам и да, ми пречи.
    Немам предрасуди и јасно е дека најчесто баш студентите од страна се појаки затоа што плаќаат дебели пари за да си ги завршат студиите. Ми пречи што не прифаќаат работни места по струка по цена да останат во Скопје, НО не е тоа темата. Темата е каде на факултет и со оглед на тоа дека и јас мислам дека квалитетот на студиите не е ист во другите градови и Скопје, не гледам причина зошто некој ако има можности и капацитет да не дојде да студира во Скопје.
     
    На Tinker-Bell и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Епа добро де,тоа на крајот на краиштата многу нормално дека си е нивна одлука и никој освен самите тие нема да решаваат за тоа.
    Тука станува збор за сопствено мислење,а не дали јас решавам за некоја или не.Значи си го кажувам јас своето мислење,си ги кажувам и причините во врска со тоа и чао пријатно.
    Не ја гледам потребата од расправии и навреди од проста причина што независно од тоа дали на некого му се допаѓало или не,тоа си е мој став.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Енца има право да знае зошто и е избришан постот...треба да и дадат образложение, нели? А Плавуша17, што направи толку што сите и рипнаа тука? :^) Што толку ве извади од колосек нејзиното мислење, како што ти велиш...? Колку и да е нелогично и не се согласувате - нејзино мислење си е тоа и крај...И колку пати само татко и беше спомнат? Не знам во кој контекс го спомнала, али што има лошо во тоа да каже дека родителот и е интелектуалец со завршени 2 факултета...? Кој се најде толку навреден од нејзините постови?
     
    На Jojoba, Rozich, enca.69 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Јас веќе поминав на редот, ама пред мојот град повторно би избрала друг. Прво - смеровите не беа мој избор, но дури и да беа, ако можев да добијам поквалитетно образование во друг град би го избрала тоа.

    Дискусијава на темава не ми е јасна и просто ми е неверојатно дека има луѓе со такви размислувања и ставови како што се изнесоа :|

    Еве и во Охрид доаѓаат многу студенти од Источна Македонија, студентскиот е полн плус станови за издавање, и никогаш ни на крај памет не ми паднало да ми пречат. Сум слушала коментари, обично од постари жени дека тие "таквите" доаѓале овде за да се мажат за Охриѓанец, и тие муабети се страшно глупи и малограѓански.
    Друго, и на темава - некако послабо се спомнуваат машки студенти кои доаѓаат од други градови и се вработуваат, м? Женските повеќе ко да пречат... жени бе жени :D

    Плавуша (и другите кои бранеа таков став) - луѓето кои дошле од друг град поради подобар живот не се нелојална конкуренција, вината за неправеден распоред на работните места барај ја во тие со партиски книшки.
     
    На julie77, lolyta777, FBI и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Точно, Ливинг, еве баш последен тренд кај нас Охрид носат невести од Албанија па ете ниедна од нив не ми е мене виновна за распадот на мојата врска, ни па било која студентка дојдена од Велес или Струмица беше кривецот. Или па ај да ја мразам Кичевчанката омажена тука и вработена во општина која замисли се осмели да роди дури 2 деца и да ми наруши дополнително простор за лично ширење стекнат со правото на раѓање со пренаселеност, :fubar: , а замисли нема поим од облекување, мисли дека имиџ или стајлинг е нешто што се мачка на леб сигурно. Па, на лето како ни паѓа моралот од тие неморални што доаѓаат од страна, не упропастија начисто, дечковците ни ги полудеа, ние си бевме сите крајно неупатени во поим како летна авантура и се чувавме невини за во брак :angel: , јеа рајт, |( !!!

    Мене лично барање вина во надворешни фактори на кои едно не може да се влијае, друго се живи луѓе кои не ги познаваш ни па имаш било какво право да им судиш ми е одраз на незрелост која е на ментално ниво и нема врска со години на старост ни па ниво на образование. И било кој мој личен или професионален успех или неуспех е мое дело и доколку некој е поуспешен од мене немам проблем со тоа, само што никогаш не сум сметала дека сопруг од метрополата е врвот на животното постигнување. Ту, бре потфрлување и погрешно таргетирање смајлиштоплука.
     
    На FortuneTeller.xD, LivingGlam и BoaVista им се допаѓа ова.
  16. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    И мене ми помина редот, па еве пишувам пак се со цел да го изнесам моето мислење во врска со темава.
    Значи, јас сум од Скопје, но доколку би била од друг град би студирала во Скопје (не се сомневам во тоа).
    Зошто? Има многу причини за тоа:

    1. Концентрацијата на студенти е поголема. Таа голема маса на луѓе помеѓу кои се наоѓаш ти нуди многу позитивни и негативни искуства. Кога има некој проект-семинар за студенти, конкуренцијата е голема. Самото тоа те тера да се трудиш повеќе, да размислуваш и да ја бараш најгенијалната идеја за да оствариш учество. Мотивацијата и предизвикот е поголем.
    Се работи на стручни трудови кои се презентираат, во можност си да разгледаш како повеќе групи ја изработиле задачата и да извлечеш по најмалку еден податок или техника од презентацијата кои ти се допаднале. Тоа ќе ти послужи како искуство плус.

    2. Скопје е најнаселениот град во Р.М. При правење на стручни трудови, има повеќе правни и физички тела до кои можеш да се обратиш.
    Истото се однесува и за наоѓањето на соодветна практикантска работа.

    3. Сите институции ти се на дофат. Реално гледано, тоа е голема предност.

    4. Студентите од другите градови се осамостојуваат. Учат како да живеат сами, како да заштедат......

    Ова во глобала го сметам за предност.

    Дисперзираните студии не ги сметам за квалитетно образование. Мислам дека професорите гледаат само да го завршат предавањето.
     
    На BoaVista, JuLleE, kara23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    секој со среќата своја :D , секој си го бара местото на оваа земја, каде што мисли дека ќе може да просперира и да успее во животот. Предностите за самите студенти веќе се спомнати над мене (за осамостојување, поголем град, бегање од малограѓанството, повеќе можности, повеќе смерови, најценети факултети...)
    Меѓутоа, мора да се земат во предвид и парите кои студентите ги оставаат!!!! За кирија, автобуси, храна, облека, ноќни клубови, кафичи, ресторани, на самиот факултет пред се (кој факултети не би биле тоа што се, да не беа студентите од цела Македонија низ минатите години)...итн..... :)
     
  18. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Што само во Скопје и по други градови има факултети... Треба и во КУМАНОВО да се отворат некои.. повеќе сакам да учам во Куманово отколку во Скопје.. пошто сум си навикната на мојот град.. А и не е мал градот редно е и Куманово да има факултет.
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    21.761
    Пол:
    Женски
    Студирам на УГД во Штип, Англиски јазик и книжевност, насока превод и толкување. Конкретно за мојот факултет, можам да кажам дека нема врска! Завршив 2ра година сега во јуни, имам висок просек, постигнат не со многу учење. Мислам дека ми е грешка што се запишав овде на факултет. Чувствувам дека заборавив голем дел од наученото во средно по англиски јазик, затоа што на факултетов едноставно не зборуваме воопшто! И тој вокабулар што го имав, сега ми е намален. Со многу колеги го имам правено овој муабет, ептен лесно може да се заврши овој факултет, имаме еден куп колеги и колешки кои не знаат името да си го кажат на англиски, а без проблем минуваат години! Апсурдно! Ако не се ангажирам самата да читам книги на англиски, филмови без превод и сл., џабе ми е овој факултет. Сметам дека ми е најголема грешка што студирам овде. Не го препорачувам на никој, да не се зафркнете како мене :)
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Скопје :*