Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на факултет? Во Скопје или може некој друг град?

Дискусија во 'Образование' започната од gurgica, 24 март 2010.

?

Каде е подобро да се студира?

  1. Во Скопје

    160 глас(а)
    75,1%
  2. Во некој од помалите градови

    53 глас(а)
    24,9%
  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Во Скопје
     
  2. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Убаво ја прочитав целата дискусија што се водела тука за факултетите и за “провинцијалките и скопјанките“. Не ми е јасна поентата на некои членови? Им сметал дисбалансот, ги нервирала гужвата? Која гужва, онаа што ја приметуваш од училиштето до дома? Искрено да се вратат сите од каде што потекнуваат, Скопје ќе остане празно. Како беше таа “-Од кај си мор? -Чиста скопјанка од Богданци“ :geek:
    Инаку треба да не’ радува фактот што Скопје се “полни“, затоа што да не беа “провинцијалците“ немаше сите скопјани да земаат “додатна плата“ од 200 и нагоре евра.
    Јас завршив во Скопје, од чиста причина што кога се запишував јас во мојот град и околината немаше голем избор на факултети,па на еден начин бев приморана. И од тогаш останав во Скопје,најдов работа, се омажив ДА ПОТЕНЦИРАМ не со скопјанец, пошто некој во претходните постови имаше искоментирано дека доаѓаме тука да се мажиме :emo: Значи вработена сум, убаво ми е, и воопшто не ми е гајле дали некому сметам :devil:
    Не зборувам скопски, немам комплекс што сум од “провинција“!
    Инаку мислам дека не е убаво да се потенцираат другите универзитети. Конкретно за УГД, сестра ми е студент на правниот факултет, и 80% и’ предаваат професори од Јустинијан :!: Така да контрадикторно е да е каже дека кадарот е таму подобар, а на УГД не, кога се истите професори. (Мислам за Правниот факултет).
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Гледам сте се распишале, сте се раскарале, пуздер сте се направиле меѓу себе.
    Скопје и другите градови се во вечна војна. ТОТАЛНО погрешно - жителите си имаат проблем во психата, па постојано си контрираат меѓу себе.
    Значи од Скопје сум, да бев од Гевгелија, немаше да студирам во Штип затоа што е поблиску, туку во Скопје, затоа што е подобро. Исти ќе ми биле трошоците, но квалитетот различен. А од кај па тоа различен - со исти книги, и различни менталитети на професори. Се е до тоа каква мотивација му е пружана на студентот, а и неговата волја за учење секако.
    А за тоа и идеме да студираме, да се здобиеме со квалитет нели? Некое знаење плус кое што ќе ни служи понатака.
    Но, па и кога ќе видиш - никој не ти ја гледа дипломата, туку знаењето, а знаењето не се добива од книги, туку од искуство. Така да џабе сте се раскарале.

    А за тоа што има гужва во Скопје, си има. Ама па и ние Скопјаните сами, не сме си доволни. Навикнати сме вака, кога ни е пуничко - со топол македонски народ. Празно е во лето, затоа. Не се чувствувате празно вие што плукате на страна? Не може да негирате.

    Апсурдни се расправиите. Јас навистина не ги почитувам, а и муабет не би им направила на оние што се запишале на скопски универзитет, а ни предмет не положиле - не поради од што е тешко ( да беше така, сите ќе бевме вечити бруцоши ) туку од што немаат време од студентскиот живот. И навистина ми пречи кога некој зајадлив колега/колешка ќе ми промрчи како ние од тука немаме студентски живот, и како ни се на готово пружани работите. Не се сите исти, секако. Како што некои од внатрешноста се бедни, така и Скопјанките се супер за никаде. И кај нас фрчи кич, недостојност и к*рвештилок.
    Можам со спокој, да кажам дека факултетот ми овозможи да ги почитувам некого од страна повеќе од некој од тука.

    Затоа залудно генерализирате - и тука си има луѓе кои се посветуваат за учењето и се амбициозни да успеат - и од внатрешноста такви доаѓаат. И тука има џаболебари на кои им е битно само да завршат факултет небитно дали за 4 или 14 години - и од внатрешноста има.

    Јас ги немав сите 5ки во средно, ги немам ни сите 9ки и 10ки на факултет. Но тоа не значи, дека јас не вложувам во себе, дека сум пропалица и неинтелегентна личност.
    Јас ако се чувствувам за вредна личност, без разлика на просекот и местото на раѓање и живеење, не би требало да чувствувам никаква препрека или закана, конкуренција како сакате наречете, за да се вработам на позицијата од соништата. Тука постојат други препреки, но овде не им е темата за да се расприкажам :)
     
    На kikikikirika, Hipster, kara23 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. PorcelainDoll

    PorcelainDoll Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Јас би сакала да одам во град надвор од Македонија. :?:
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.940
    Допаѓања:
    81.252
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно, ќе се запишам на архитектура, во Скопје, да.
    Можеби има архитектура и во мојот град, не сум проверила, ама на приватните универзитети им верувам да не речам ич, а богами не ми се фрлаат пари за некој да ме учи како да цртам велигденски јајца, додека во Штип немам ниту блиски, ниту пак другарки кои планираат да одат таму, па подобра опција ми е државниот во Скопје (плус, ем другарки/другари + сигурен престој кај роднини), така да нема шанси да останам тука, башка ако не одам не би ја почувствувала сета таа фама и прашина која се крева околу студентскиот живот, нели? Мање битно, не е ни важна во овој случај...
    И да, провинцијалка сум и ич не ми е гајле што ќе мислат другите, јас секако нема да одам во Скопје за шетање и менување дечковци, на работа пак, фала богу не ни планирам да останувам - ич да не се секирате, а јас секако ќе си се запишам таму кај што сакам и имам подобри услови - секој со своите желби, планови и можности. ;)
     
  6. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    моите ме тераат да студирам во Турција(не сум турчинка,ама знам турски :) )
    јас би сакала да студирам во Москва,ама ќе видиме што ќе биде..
    има уште време
     
  7. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Не сум од Скопје (фала Богу) и не студирам во Скопје, а студирам во град кој не е мојот роден крај. Многу ме иритираат вакви теми !! Што се не прочитав во темава. Значи Скопје е најразвиен град во нашата државичка-факт. Изборот за факултет е најголем и многу нормално дека баш на УКИМ најмногу ќе се запишуваат. Тоа дали провинцијалците ќе бидат културни или не во продавница или во автобус зависи од карактерот, исто како што и некои Скопјани не се најкултурните суштества на планетава. Прочитав дека на некои им смета дијалектот, а извинете вака ама тешко дека скопскиот говор е најлитературен и да многу смета. Ќе си земам за право да искоментирам и за делот мажачка. Има и Скопјанки кои се омажиле за некој Велешанец, Прилепчанец, Битолчанец, исто како што има и Кавадарчанки кои учеле на економски во Прилеп, а се омажиле за Скопјанец. Значи врска нема каде си на факултет и кој ти е родниот град. Во мојот град има студенти од Скопје и покрај тоа што тој факултет го има и таму и што треба сега ние да правиме ? Има од сите градови студенти, има студенти и од Србија, Црна Гора итн верувале вие или не. Сега кога ќе дојдат во Септември ќе им кажам јас нив убаво. Па не дај Боже некоја од нив да се мажи тука, ќе ја обесиме на плоштад за јајцата на коњот од споменикот !!

    Абе тешко на тие што си имаат комплекси, стравови и сл демони во себе. Тешко на тие што луѓето ги ценат според тоа каде живеат, дали имаат факултет и со кого се омажиле :x А што е најтрагично од се не се компетентни да зборуваат за било што од горенаведеното. :hai:
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.354
    Допаѓања:
    3.627
    Пол:
    Женски
    Да одговорам на темава..Кај сакам таму ќе студирам...Го замислуваат Ск како метропола..хахаха која метропола бе кога цела држава ни е село во споредба со останатите...Во Ск ќе студирам од септември и искрено се надевам дека нема да налетам на некои "skopjanki" кои упорно ќе си се држат до своето...
    ќе биде право лудило во спротивно :rofl:
     
  9. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Нема да студирам во Скопје. Планирам да студирам во Битола.
     
  10. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Мене, искрено ми се прави меракот во некој друг град, не Скопје.
    Не викам дека можеби нема да студирам Скопје, зависи што ќе се одлучам да студирам. Но би сакала да не е Скопје. Брат ми беше во Охрид, помал град, мирно...
     
  11. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    реално надобар за студирање е универзитетот Кирил и методиј да не се лазжеме . е сега што и ма луге сто немаат пари да дојдат во ск е исто факт: а факт е и дека има Скопјани што одат во Штип за да завршат полесно факултет , како на времето што одеа во Софија . да е полесно по другите градови е полесно и тоа го знаат сите и тие што студираат таму и е факт за кој едноставно не се расправа. можат и од другите градови да излезат стручњаци не спорам ама процентот ке биде мнооогу помал и веројатноста тоа да се случи е мнооогу мала. Медицински факултет во Штип нема еден асален професор на пример и тоа доктори ке бидат :( ....ама тоа е тоа ...нашата ни државичка бедна :?:
     
    На agirl17 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Jaс сум за во Скопје бидејќи таму има најдобри факултети . Филозовски факултет Кирил и Методиј го препорачувам :bow:
     
  13. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Бидејќи сум од Скопје, најверојатно тука и ќе студирам, само сеуште незнам на кој факултет :D

    Инаку да, се согласувам дека најдобар за студирање е универзитетот св.Кирил и Методиј :)
     
  14. AngelAny

    AngelAny Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Пааа...искрено сум мн во голема дилема.. Сакам да одам во Ск...но се плашам како ќе ми биде. Знам дека имаа мнооогууу кои се од др градови..па ништо не им фали. Па затоа ако може некој да ми каже повеќе информации..
    Како се справивте со градот,како ви беше на почеток, а потоа? Како е со друштвото, со колегите на факс? Колку е скапо..значи месечни трошоци? Дали често излегувате низ градот,(вечерно, денски)? Се вкупно Каков е животот?
    Би ви била премногу благодарна.!!! :$ позз
     
  15. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Нема да налеташ ако не им родиш дете на браќата нивни ;)
    На темава има комплекси и од двете страни, баш е онака за читање со пуканки у рака.
    Еве што е поентата. Да, во Скопје има најдобри услови моментално за студирање во земјичево. Затоа оние кои можат треба да студираат, тоа е нивно право и нема потреба зошто да не си овозможат, ако можат повторувам. Ама откако ќе завршат нека се вратат домче, нека побараат некое пристојно работиче, па после во градовите околу кај што нема да мора да плаќаат високи кирии, па на крај во Скопје. Зошто? Затоа што во толку многу народ овде, се наоѓаат и оние кои прифаќаат мизерни услови за работа, на сметка за што работодавците ги намалуваат давачките постојано, ако некогаш некој работел за 20 000 ко од шала, сега да шала е да најдеш работа за 20 000. Никој не ги дава! Затоа што реално, скопјани живеат во Скопје, никој не им праќа јадење од дома, да тргнеме прво од основното што е потребно - храна. Реално многу поголем е процентот на провинцијалци кои си имаат соптвени нивички барем за лични потреби, отколку скопјани каде секој четврт живее во зграда. И од тука автоматски провинцијалец кој знае како да заштеди и дошол овде затоа што нема избор (или нејќе да најде на друго место) ќе прифати да работи за, еве лупам сума од 8 000. Работодавецот не е будала више да плаќа 10 000 на други, кога има некои што ќе работат за помалце. И цврц, работа за скопјани нема. Затоа не зборете глупости дека ради провинцијалците скопјани зимале повисока плата, муда за бубрези, смешка жива. Провинцијалецот ќе најде кирија во некој подрум за 50 евра, скопјанец не е научен така. Да пораспиздени сме, апсолутно признавам. Ама тоа е што е. Снајди се па живеј, ќе учиш и ти да кратиш од се кога мораш.
    И мене некој на дијалект да ми каже дека е од Скопје ќе пие бокс у фаца, затоа што мрзам комплекси. Провинцијалците им дале поголеми вредности на скопјани пошто се од Скопје, не самите. А реално тоа е мизерија.
    Најдобрите колеги и колешки од факс ми се провинцијалци, али ако приметам дека некоја од нив му се пушти на брат ми или братучед ми, или не дај боже некој колега мене затоа што сум од Скопје, или па дека се дружат со мене ради тоа, ЌЕ БИДЕ ПРАВО ЛУДИЛО ;)
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Јас по се’ изгледа сепак ќе одам во Скопје. Се предомислувам за факултет, некако фармацијата ми е потешка, а факултетот за кој размислувам да студирам го нема тука. Тато ми даде зелено светло, мама не ме пушта. Гајле ми е. И другарка ми и другар ми таму ќе студират. Но, јас имам едно мислење за Скопје како град. Мислам дека е многу страшно да се живее таму,ми е страв од студирањето таму, што знам, јас тоа така си го зацртав, знам дека не е така како што мислам, ама сепак не можам да го извадам од главата тоа. Знам дека не е толку лошо за живеење. Сакам да го искусам студенскиот живот надвор од овој град, далеку од семејството. Ќе видам како ќе испадне, но до некаде сум сигурна дека таму ќе одам.
     
  17. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Јас се размислувам дали да биде Скопје или Штип. Скопје би го одбрала зошто ќе се здобијам со поквалитетно знаење, пракса, а Штип бидејќи ми е многу блиску и трошоците нема да бидат исти.

    Само да се надоврзам на тоа јас како личност никогаш не ми паднало на памет да се омажам за скопјанец за да живеам во Скопје, или пак кога веќе сум таму да кршам јазик да зборувам скопски и да се прталам, да глумам скопјанка тоа никогаш не ми паднало на памет. Јас одам таму за да учам, да се стекнам со знаење, па еден ден дај боже да успеам и да се вработам. Незнам како некои може да има такво мислење за луѓето кои не се од Скопје, ама како што кажав секој си има различно мислење. Сега ако не прочитав за ова мажењето за скопјани за да останат во Скопје никогаш немало ни да ми текне :lol: дека има луѓе кои така размислуваат.
     
    На WarriorAngel и Mishela им се допаѓа ова.
  18. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    Студирам во Штип. И ми смета тоа што го потценувате овој универзитет. Дојдете, видете, па зборувајте за квалитетот на професорите и за тоа колку бараат за оцена.
    Ќе зборувам конкретно за мојот факултет - економски. На овој универзитет предаваат професори кои се многу успешни. Имаме професори кои се менаџери на успешни фирми, берзански аналитичари, извршни директори на брокерски куќи и слично. Кај нас предавањата и вежбите се задолжители и на нив се учи ненормално многу. Ретко кој професор те тера да научиш напамет нешто. Сите се обидуваат да ја сфатиме суштината на економијата, што кога ќе испаднеме надвор, кога како зошто да инвестираме и во што, како менаџери што треба да правиме доколку се случи некој проблем и слично. Исто така професорите се достапни за нас секој ден, во секое време. Никој од нив нема да ти направи проблем доколку отидеш во канцеларија и го прашаш некое прашање без разлика дали е од материјалот, дали е од она што он го предава, дали е од економијата. Секој ќе се потруди колку што е можно подобро да ти објасни. Имаме професор кој дури и телефонскиот број си го има запишано на канцеларијата, во случај ако ни треба а не е во канцеларија да го најдеме. :rofl: Исто и за потпис, ако не можеш да отидеш на закажаниот термин, можеш и во ходник и во канцеларија во секое време да добиеш.
    Во врска со оцените треба и те како да се помачиш да добиеш 6ка. Имаме два колоквиума кои носат по 20 поена и завршен испит(30 поена) КОЈ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН. Без разлика колку поени имаш од семинарски, редовност активност колоквиуми и слично, можеш да паднеш. Има професори кои сакаат да освоиш минимум 10 поени на завршен да те пуштат, има што сакаат 15 има и професор кој сака сите 3/5 прашања да ти бидат комплетно точни за да може макар и 6ка да ти стави. Ретко, многу ретко професор може да даде испит, завршен сеедно само на заокружување бидејќи сите го делат истото мислење, не сакаат од нас да направат студенти кои учат на памет, сакаат да го разбираме материјалот.
    Имаме по секој предмет изработка и презентации на семинарски кои помагаат да се опуштиме при јавно обраќање, помагаат во тоа да се изразуваме точно, економски, како што доликува на еден академски граѓанин.
    Друга предност на факултетот е тоа што никој професор не бара од тебе да купуваш негова книга. Материјали имаме и на интернет и во копирница и никој не се замара од што учиме. Еднаш на едно меѓу првите предавања во 1 година прашавме еден професор каде да ја најдеме книгата, и тој ни кажа дека има во копирница, можете да позајмите и дека тоа на некој начин не е нивен проблем да не снабдуваат со книги. Дури ни рече вие ако не сакате не ни морате да ја користите книгата што јас ви ја препорачувам, доколку најдете подобра слободно учете од таа.
    Никогаш не се каам што се запишав тука, иако на моменти нешто знае да ме извади од такт. Во глобала студирањето е одлично.
     
    На TheKiketoo, thelittle17, rakce69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Crazy LIKE! Потполно се согласувам со тебе. Поаѓам од Веро, пред 3-4 год плата даваше 12 000 ден, сега едвај минималната 8.300 денари, зошто? Па оди во Веро и види кој работи. Во секој втор бутик платата е 8 000 ден, зошто, затоа што има и некој кој се нафаќа да работи за 8 000 ден, некој кој тие пари му се добредојдени буквално му стигаат како џепарац. Сами ја спуштаат цената, па после во Скопје неможеме да најдеме работа, епа неможеме. Кој е будала и несака да плати помалце? Нема такви мислам дека...
     
  20. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472

    :o :o :o извини :^) :^) :^) ние од провинција во штали живееме|( |( Само во Скопје изгледа луѓето живеат во станови и куќи. Боже мили што се нема да прочитам
     
    На something, TheKiketoo, angelina1 и 2 други им се допаѓа ова.