Каде на факултет? Во Скопје или може некој друг град?

Discussion in 'Образование' started by gurgica, Mar 24, 2010.

?

Каде е подобро да се студира?

  1. Во Скопје

    161 vote(s)
    75.2%
  2. Во некој од помалите градови

    53 vote(s)
    24.8%
  1. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Joined:
    Jul 27, 2010
    Messages:
    1,585
    Likes Received:
    3,438
    ^^
    Сака да ти објасни дека провинцијалците ќе живеат во кал и ќе јадат ајвар и сирење, со доматки, пуштено од нивичките од дома, оти сакаат да си се задржат во Ск. ;)

    Јас порано многу се жустрев на оваа тема, ме нервираше кога некој имаше такво мислење, дека ние идеме да студираме за да се забавуваме, да ги трошиме парите од дома, да си фатиме богати мажи, да им ги земаме работни места ... Додека реалноста е далеку поинаква. Во мојот случај барем.
    Се тресам секогаш кога ќе треба нешто да си купам, оти веќе моите даваат и те како пари за моето студирање, крвната слика ми е заникаде, оти мене не ми готви мамичка по дома, јас средувам, јас чистам, јас живеам без моите. Тие што се приврзани за фамилијата, знаат што зборам.
    Познавам и студенти што во 2-3 месеци еднаш си одат дома, оти автобуските карти се скапи, а тие немаат средства секој викенд да си одат дома.
    Мислите дека е лесно да се студира во Ск, ако не си од Ск?
    Е, не е.
    Ако искусите нешто од ова, тогаш нема да зборите и да ги генерализирате сите, да ги ставате во иста корпа. Оти барем повеќето не се дојдени од причините за кои вие мислите дека се.
    Има и многу лигави деца, дојдени за журки, за мажење, за ку*вање ... Тие даваат лоша слика за провинцијалците.
    Али ко што реков, јас немам такви комплекси, мој живот си е, кај сакам, таму ќе одам, што сакам, тоа ќе правам. Скопјаниве имаат комплекси, ним им сметаме, мене они воопшто не ми сметаат. :D

    CrazyStupidLove - Ако некоја од девојките на брат ти се погодила голема ку*вичка, не мисли дека секоја иде за да му се залепи на брат ти. ;) И јас имам дечко од Ск. Што треба сестра му мене да ми направи? Да ме запали оти одам со брат и, и тоа повеќе од година? :D
    А и ти пак, што се секираш за него, додека има такви што му даваат за една, две, три вечери, сигурно човекот си е задоволен.
     
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Joined:
    Jun 17, 2011
    Messages:
    2,030
    Likes Received:
    4,605
    Gender:
    Female
    Завршив во Скопје но си се вратив дома и си работам дома во струка.

    Да се вратам пак, не би студирала во Скопје повторно. Немам ништо против градот го сакам Скопје :inlove: премногу ама реално мислам дека студентите во помалите градови многу полесно поминуваат. Велиме квалитетно образование, да, ама во денешно време 90% од случаите никој не ти гледа квалитет на образование. И додека моите колеги се мачеа во Скопје 7-8 години да заврат ‘‘квалитетен‘‘ факултет, попаметните деца за 4 години си завршија во помалите градови и си ги фатија работните позиции.

    Друго, доста го пратам образованието во Македонија и со сигурност можам да кажам дека студентските организации мнооогу подобро функционираат во факултетите во помалите градови отколку во Скопје. Дали можете да се сетите, кога последен пат СПУКМ или Слободен индекс или која и да е друга организацја се избориле за нешто? Сетете се само како се влегува во еден посран студентски дом, кои врски треба да се фатат (од искуство зборам), колку нема кај да се пожалиш? Кога СПУКМ организирале некоја забава за студентите, или било какво случување? Студентите во помалите градови многу повеќе се дружат од овие во Скопје.

    Трето, да, нови факултети се, слаб кадар, ама кадар кој навистина се труди. Штипскиот и битолскиот универзитет се мноогу помалку студенти од скопскиот ама отворете нивни билтени ке видите, донеле професори од странство на некое предавање, пуштиле студенти во странство, оствариле соработка со фирми итн итн. Па јас за 5 години студирање ни еднаш не слушнав на мојот факултет некој студент да отиде на пракса или на било што во странство а за тоа да се погрижил факултетот. Уште им понудивме од една студентска организација, да даде факсот пракса за еден странски студент, а за таа сметка ние 5 луѓе да одиме, и не ни одобрија.

    Четврто, провинцијалците им сметаат најмногу на тие скопјани што се никој и ништо, што се задња дупка на свиролот во својот град. На богатите, на оние кои имаат врски, провинцијалците не им сметаат затоа што уште 10 години да се мачат не можат да ја стигнат нивната позиција која ја добиле благодарение на угледот, врските и парите што ги изградиле во главниот град како негови жители. А на некој што родителите за 50 години живеење во Скопје не успеале да му обезбедат пари, врски, услови и некој углед за да најде работа многу јасно оти ке му смета што Таско од Владимирово по беровска линија се пикнал у министерство.

    До скоро не ја сфаќав изреволтираноста на скопјани ама сега ја сфаќам. Во моето друштво на колеги, сите што се од скопје се сеуште невработени или работат келнери, додека 4 деца од провинција успејаа да се вработатна добри работни позиции во струката и тоа во Скопје. И нормално, го боли, го боди во очи, тој да работи келнер а колегата од Митрашинци да седи во канцеларија. Ама драги мои скопјани, Македонија е држава на сите нас, кој каде сака нека бара работа, тој град не е на татко ви фирмата па да ви смета некој шо дошол од страна. Уште подобро, ако не бараат македонците жителство во Скопје, ке станете град со поголем дел албанско население. :fubar: Сетете се само, колку вие имате ваши роднини кои заради подобар живот отишле во странство? И сега, братучедка ти шо отишла во Торонто е ОК, а овој од Струга шо дошол од Ск не е ок .

    Да сумирам, запишување на факултет во друг град, а барање работа кој каде му е среќата (и врските).
     
  3. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Joined:
    Dec 30, 2010
    Messages:
    349
    Likes Received:
    124
    Gender:
    Female
    Па јас еве во Битола планирам да одам...
     
  4. Westlife

    Westlife Популарен член

    Joined:
    Jun 7, 2011
    Messages:
    642
    Likes Received:
    617

    Ова твое мислење ми помогна да се одлучам,ти благодарам kikikikirika ке те честам кафица :)
     
    kikikikirika likes this.
  5. tropical

    tropical Истакнат член

    Joined:
    Feb 26, 2012
    Messages:
    202
    Likes Received:
    61
    Факултетите под УКИМ се формирани порано од оние во другите градови. Во Ск 50 % од студентите одат за забава, кафе, дружење, а не за учење, но останатите 50 % одат навистина да научат нешто. Јас не сум од Ск, но таму ќе студирам на филолошкиот, бидејќи мислам дека е подобар кадарот, поквалитетен. И не треба да има забуни затоа што во другите градови помалку се учи. Навистина можеби самите професори бараат помалку и полесно си поминуваат студентите, но оној кој сака да учи секаде ќе учи без разлика каде е. Познавам многу студенти што стуираат о Ск и од другите градови, па самите кажуваат дека е тешко. Но, тоа значи дека тие сакаче да научат нешто, и сакаат да бидат некој и нешто во иднина. Сега не се бара квантитетот, туку квалитетот...Никој нема да те праша колку и како си учел, туку секој го бара знаењето, кое понатаму треба да го спроведиш во самата работа која би ја извршувал. Можам да дадам еден општ пример за медицината во Скопје и Штип, особено за праксата кога станува збор... Во Штип работат на кукли, а во Скопје на лешеви, но кога станува збор за лабораториите во Штип е нова и е подобра за разлика од Скопската..што значи дека секој факултет си има свои предности и свои слаби страни. Никој не треба да се потценува и омаловажува, затоа што иако некој учи многу помалце тој самиот можеби има поголемо знаење од тој што учи многу, секој со својот кликер. Јас пак ќе се надоврзам за квалитетот на факултетите во Скопје, затоа што мислам дека имаат поквалитетен кадар, и повеќе се измачувани самите студенти, но со тоа секако стануваат подобри гледано од аспект на знаењата и генијалноста...Но, ако сака некој вистински да научи не е важно каде студира!
     
    Freedomsense and M.Kunis like this.
  6. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Joined:
    May 15, 2022
    Messages:
    1,447
    Likes Received:
    5,729
    Gender:
    Female
    Во нашата држава моментално УКИМ во Скопје нуди најголем квалитет споредено со останатите факултети мислам.