Каде на факултет? Во Скопје или може некој друг град?

Дискусија во 'Образование' започната од gurgica, 24 март 2010.

?

Каде е подобро да се студира?

  1. Во Скопје

    160 глас(а)
    75,1%
  2. Во некој од помалите градови

    53 глас(а)
    24,9%
  1. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Во западно европските држави и најмалите градови имаат факултети и сите се признаени на државно ниво, не значи дека само по главните градови одат на факс. Еве Бугарија како наш сосед ја земам за пример, има развиено високо образование, и има факултети речиси во сите градови, Благоевград, Варна, Пловдив, Стара Загора, Петрич, Сандански и др. сите се полни со факултети, никој не оди во Софија ако истиот факултет го има некаде поблиску до неговиот град. Убаво е кога имаш избор, а не како порано само Ск била опција за факултет, сега барем секој може да си одбере каде повеќе му одговара таму да студира.
     
  2. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    На факс ке си идам у Скопје, на државниот... што убаво сеа ни напраија 400 евра, за мерак :D
     
  3. ma4ence-d

    ma4ence-d Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    8
    сакам да одам на факултетот за безбедност во скопје ама слушнав дека акко прво барат добра успех тоа не ми е многу проблем и најмногу бараат добри врски..... може ли некој да ми каже нешто повеќе за тој факултет и на кој предмети сега во средно да обратам повеќе внимание.... позззз
     
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    аааа многу се нервирам значи кога е отворена ваква дискусија за факултетиве, ауууу ми доаѓа на сите да ви се расцркам :D ама и додека пишувам значи се нервирам :envy: како може да изјавувате дека ако не студираш во скопје демек не си студент, тоа не е факултет и сл. кога и самите сме свесни дека сите ако тргнат во скопјето конкуренцијата ќе биде посилна а со тоа влезните единици (студентите) страдаат :) значи можеби ти ќе бидеш таа одбиената од листата која ќе биде принудена да оди на дисперзираните студии...
    сега за сега толку од мене и мн е доцна ке ме фати сонце ако фатам да пишувам за се и опширно тука зашто вакви теми ме дираат во срце |(
     
  5. danyela

    danyela Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    iskreno jas sega ke se zapisam na fax od ovaa godina i to a na medicina ali ke odam vo stip... celta mi e da zavrsam da ja imam diplomata vo raka i damozam potoa da baram rabota... a vo skopje e pogolema konkurencijata i potesko do doploma.... mislam deka pravilno razmisluvam :D:D:D
    inaku za tie sto mislat deka vo stransvo e "pointeresno".. sestra mi studira vo stranstvo na eden od najjakite fakulteti i sto imam praveno so nea muabet voopsto ne etaka kako sto si zamisluvame deka ima zurki ovo ono... sigurno deka go ima i toa no sepak tamu e drug mentalitetot ne se tolku gostoprimlivi kako kaj nas :D:D
     
  6. gurgica

    gurgica Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Samo edno ke napomenam!
    Poveketo si mislat deka koga ke se kaze stip lesno e.Kako da ne .
    Lesno e za tie sto sakaat da imaat edna obi4na 6.vo toj slua4j ne mora da ucis mnogu.No ako sakas podobra ocenka vo slucaj 9 ili 10 trba da go zagrees stolceto.
    Nemojte da se zalazuvate de3ka koga ke se kaze stip lesno e i tuka si ima nekoi svoi nedostatoci,:P:P
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.351
    Допаѓања:
    200.688
    Пол:
    Женски
    Ај и јас малце да кажам нешто на оваа тема. Како прво, завршив факултет пред скоро 4 години. Студирав во Скопје затоа што нема во друг град таков факултет, барем тогаш немаше, а сега има, колку што знам, во Штип. Но како и да е, отидов во Скопје. Се сложувам со мислењата на повеќето девојки дека не треба се да биде сконцентрирано во Скопје, затоа што сите доаѓаат тука со цел кога ќе завршат факултет (ако го завршат) да останат во главниот град. А Македонија не е само Скопје, и не треба само главниот град да се развива, туку и другите градови, а посебно истокот. Кога почнаа да зборуваат дека ќе се отвораат факултети во другиве градови, си реков супер, конечно нема сите да одат во Скопје. Арно ама, се се сведе на дисперзирани студии. Мое мислење е дека во другите градови треба да префрлат цели факултети, ама буквално цели. Не да им е главното седиште во Скопје, туку седиштето да речеме на филолошкиот факултет да биде на пример во Кочани. Ова го кажувам само како пример. Медицинските факултети треба да останат во главниот град од проста причина што во главниот град се сместени и највисоките и најстручните органи во здравството, затоа што е и најголем град, а тоа им е потребно на студентите за вежбите. Настрана тоа што ситуацијата во здравството кај нас е за никаде.

    Искрено, мислам дека е добро да има т.н. студентски град, како што е на пример Хајделберг во Германија. Таму да биде сконцентрирани факултетите, а после сите да се враќаат во своите градови и таму да работат. Ама такво нешто не верувам дека во скоро време би можело да има.

    А од друга страна, убаво е човек кога ќе запише факултет да запише во друг град, пред се затоа што тоа е начин на осамостојување, не гледајте на тоа само како слобода, како отсуство на некој што ќе ве контролира. Кога си сам во друг град ќе научиш многу и за себеси и за што се си способен и ќе научиш сам да си ги бркаш работите и сето тоа. Не си целосно независен, сепак нели родителите се тие кои плаќаат (ако најдете part-time job, уште подобро, ама со некои факултети тоа е речиси невозможно), но сепак сами одлучувате за се. А за скапо, па скапо е, со нашиов стандард. Скопје особено е навистина скап град за студенти, ама се издржува.
     
  8. sanjask

    sanjask Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Mnogu tesko prasanje nema sto :) Koja banalnost e toasto barem sea ima fakulteti nasekade niz zemjava, site sepak da se pikaat vo Skopje??? Luge od stip konkretno mesto da studiraat na pravniot vo Stip tie doagaat vo Skopje ??? Pricinite se mnogu dobro poznati da ne navleguvame vo toa site gi znaeme
     
  9. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    Ама има и многу па што од скопје идат по други градови....
     
  10. AlekBt

    AlekBt Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    Мој совет ! Доколку имате можности запишетесе на факултет надвор од градот каде што живеете !!!Значо не мислам живееш во Куманово и секој ден патуваш за Скопје , или пак Прилеп и секој ден патуваш за Битола. Мислам на начин Да се запишиш на факултет во друг град и таму да живееш ! ЗОШТО !? Според мене има многу причини, а јас ке наведам само некоја. Значи накважно според мене е Стекнување независност, самостојност. Заминуваш од дома и сам си одговорен за своите постапки. Одиш на факултет кога сакаш, колку сакаш, излегваш кога сакаш, се вракаш кога сакаш, сам си правиш јадење, стекнуваш нови пријатели од каде не и има безброј работи ..... Според мене имаш поголеми шанси на некој начин да созрееш, да се оформиш како личност ! Има уште многу да се напиши, но морам да одам , а не сакам да го бришам постот, така да ... ДОКОЛКУ ИМАТЕ МОЖНОСТ ОДЕТЕ НА ФАКС НАДВОР ОД ГРАДОТ КАДЕ ШТО ЖИВЕЕТЕ !!! Немојте да го пропуштите најубавиот живот - СТУДЕНТСКИОТ живот ;) Поздрав
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    ^ Се согласувам со тебе Алек. Навистина е добро да стекнеш искуство од живеење сам, далеку од родителите, да се грижиш сам за се, а не како кога сме дома: кога ќе наидеме и на најмала тешкотија веднаш трчаме кај мама и тато!
     
  12. nastja

    nastja Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Јас сум матурантка и сакам да се запишам на медицина. Дилемата не ми беше на кој факултет ќе го продолжам моето образование туку градот во кој ќе студирам. Бидејќи живеам во Свети Николе дилемата ми беше помеѓу Штип и Скопје, од една страна Штип ми е поблису до дома и можеби полесно ќе си поминам на факултет, но од друга страна Скопје е Скопје и мислам дека образованието е многу поквалитетно и праксата која ќе ја стекнам во текот на студирањето за разлика од ново отворените факултети, и начинот на живеење е многу по друг отколку во помалите места, но се плашам и од тоа да не бидам примена во Скопје. Ве молам ако некој од вас струдира медицина да сподели некои свои искуства во врска со студирањето во Скопје на медицина.
     
  13. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Скопје, дефинитиваменте :)
     
  14. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Морам да кажам дека потполно се согласувам со тебе Алек :)
     
  15. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    61
    Не мора да значи, дека ако живееш сам си самостоен. Па чекаш на твојте за пари за кирија, храна, школување. Според мене ногу си понезависен ако живееш со твојте а заработуваш и студираш, отколку да одеш да живееш сам а па да чекаш да ти праќат пари секој месец и да те перат дома оти там кај шо си ке нема машина за прање, и да ти праќат од време на време зготвено јадење оти цело време виршли и крем ке јадеш оти нели немаш демек време да готвеш до толку учење.
     
  16. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    388
    Јас оваа година сум матурантка и за некое време ќе треба да почнам сериозно да размислувам на оваа тема. Тоа што е сигурно од сега е дека нема да студирам во мојот град а ниту пак во Скопје. :) Во Прилеп си имам економски каде што има отворено и други убави насоки ама мене не ми лежат на срце. :) Скопје го изоставувам и тоа под итна постапка затоа што не ми се допаѓа како град, премногу гужва, голем град е и воедно поскап :$ Би ја одбрала Битола и тоа јазик. Уф од мала сакам да учам јазик, ми оди на училиште и го сакам--->особено англискиот. :)
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    ^ Само да ти кажам дека дипломата за јазик (ете на пример англиски) на Педагошки во Битола и онаа на Филолошки во Скопје немаат иста тежина ;)
     
  18. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    ^За другите факултети од различни градови можеби имаат иста тежина дипломите, но не е исто знаењето. Учењето преку пракса што ќе го стекниш во Скопје на државен нема никаква врска со дисперзираните студии. Да дека на дисперзираните се поминува мноогу полесно, но секако, имаат помаку знаење.
     
  19. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    388
    :( :( :( Прв пат слушам што значи дека врска немам за факултетиве а наскоро ќе трба да се запишувам :$ А оти е тоа така? Знам дека премногу глупаво прашање ама подобро да си прашам кога не знам отколку да се прам дека се знам :angel:
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    ^ Ени мислеше на дисперзирани студии, но еве зошто:
    Педагошкиот во Битола и Филолошки во Скопје припаѓаат на два различни универзитети. Тоа не се дисперзирани студии.
    На Педагошки во Битола можеш да завршиш Англиски јазик, но со таа диплома би можела да работиш во основно училиште, не и во средно.
    Ете тоа е разликата, грубо кажано.