1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на факултет? Во Скопје или може некој друг град?

Дискусија во 'Образование' започната од gurgica, 24 март 2010.

?

Каде е подобро да се студира?

  1. Во Скопје

    159 глас(а)
    75,0%
  2. Во некој од помалите градови

    53 глас(а)
    25,0%
  1. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Каква врска има ВМРО со твоето студирање?? Имаш некој врски од СДСМ? Најтопол совет, седни учи си не спиј на тоа увце дека партија ќе ти заврши факултет.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Полагање матура и уписи за на факултет

    Значи мојот родител, заврши во Скопје и е мн успешен во својата струка. Има искуство со студенти и од СК и од мојот град. Тие што студирале во Скопје знат, тие што студирале во мојот град појма немаат. Факултетот во мојот град служи за тиквари и луѓе без мотивација кои има е важно само да имаат диплома и кои ќе чекаат партиски да бидат вработени, како и за перење пари. Факултетите надвор од СК немаат никаков квалитет, и поуспешните на нив студенти 2-3 та година се префрлуваат во СК. Јас сакам да научам и затоа ќе студирам во Скопје. Има многу што идат само да се омажат, како што ми кажуваат многу мои сограѓанкки што студираат во Скопје, таквите се најчесто од Источна Македонија. А се знаат колку се квотите и факултетите не се пренатрупани. Сепак да имавте убави оцени немаше да ми тепате ваков муабет. Очигледно се плаште дека некој што не е од Скопје заслужено со повеќе поени ќе ви го земи местото. Тоа е ваш личен проблем. И немојте така да ги напаѓате провинцијалците и вие скпјаните сте 90% ,2-3колено на провинцијалци. И без студентите и квалитетниот кадар од цела Македонија, Скопје немаше да биди она што е денес и што се стреми да биди, бидејќи сите квалитетни ученици се запишуваат во Скопје и таму остануваат, самите скопски фирми ги вработуваат. е сега кога на некој не му се учи а сака да има диплома, нека повели нека студира во мојот град и нека не плука, по оние кои заслужено се запишале и ќе се запишат во СК.

    И во Корчагин наводно им ги дале прашањата и задачите од екстерните како што напишав погоре, а не во мојот град. Тоа е неправда! Секако екстерните повеќе се вреднуваат, затоа престанете да вреѓате, ќе се пофалиме сите на после 16 август кој каде се запишал и каде го примиле.
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Полагање матура и уписи за на факултет

    Баш ние што имаме најјаки оценки се буниме против тие, како тебе кои имајќи факултет во своето место идат во Скопје, зошто е неправедно и оваа неправда ја трпиме најмногу ние. Пр. на финансиски се влага со 96/100 државна квота, и сакаш да ми кажеш дека некој од друг град пр. Струга со однапред добиено прашања интерно и учел само екстерно, а оценките од 1ва до 4та ги земал лесно како што е кај вас, ќе го земе местото на некој што се мачел тука не знаел прашања и учел се` од 1ва до 4та. И тој наместо да оди на дисперзирани во Струга на истиот смер, ми доаѓа во Скопје.
    Претеризам! Е стварно Скопје треба да прекине да дава жителство баш заради ваквите кои го злоупотребуваат. Се жалеа немале факултети, добија. Сега пак одат во Скопје. Алчни.
     
    На simoncelicius и Jojoba им се допаѓа ова.
  4. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Полагање матура и уписи за на факултет


    Каде тоа извини прочита дека ве плукаме вас "ПРОВИНЦИЈАЛЦИТЕ" ..Каде го прочита тоа обајсни ми ?!?!?!?! :@ :@ Од мравка слон правите !!!!.... Нема повеќе да коментирам, и да враќам на вакви недолични коментари..!!! И да се плашам дека некој ќе ми го земе местото и за твоја информација одлична ученичка сум и секоја оцена сум ја добила со мака и труд, и за разлика од вас многу повеќе имам научено.. Ако ништо друго имам стекнато навика за учење, а поголем дел од вас НЕМААТ. И немој уште еднаш да викаш дека ве напаѓаме, факултет си е факултет, ти да сакаш да научиш, ќе научиш и во твојот град, книгите, материјалот за учење е тој !!..
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Полагање матура и уписи за на факултет

    ж

    Матурата ако беше веродостојна ќе покажеше кој колку научил. ама не е така да ова тврдење не тие валидно. И јас се имам дупнато од учење и секоја оценка ми е заслужена и во мојата гимназија има ученици со врски. а во мојот град нема ни квалитетни професори ни добри условин на факултетот,ако сакаш повели увери се. Имене не ми ги дадоа прашањата од екстерните, туку самите професори ни кажаа дека вие од скопје благовремено сте ги добиле. И повеќе би требало да се плашиш од твоите другари и другарки кои се роднини или деца на функционери и богараши и мафијаши, бидеќи поверојатно е тие да ти го земат местото отколку некоја чесна провинцијалка како мене.
     
    На eutixismena, zara и macysh им се допаѓа ова.
  6. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Полагање матура и уписи за на факултет

    Срце искрено ама јас исто така НЕ ГИ ИМАВ прашањата од матурата ;) ;) Тие што ги имале, како што кажа се деца на големи функционери, јас НЕ.. А тие богатите и вакви и такви како што ти ги нарекуваш, 100% нема да се запишат на државен факултет ! Поздрав !
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Полагање матура и уписи за на факултет

    ^Материјалот е тој, книгите се исти. Не мора ни на предавања да одиш можеш да си учиш од книги и онака професорите истото го предаваат, е сеа нормално во Скопје се најдобрите од Македонија, ама материјалот е сегде ист. Така да, не ти е за учење, не правете филмови зошто ако го знаеш материјалот сегде ќе полагаш, никој знаењето не ти го одзема. Тебе маката ти е да се пофалиш дека во Скопје си дошла, да дојдеш тука да поживееш да видиш како е. Тоа ти е тебе желбата.
     
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Полагање матура и уписи за на факултет

    еве бидејќи никако да ме сфатите , ќе викажам со пример. На факултетот во мојот град за да се положи математика со 9ка не е потребно да знаеш да решаваш интеграли, додека во Скопје на електро не можиш да поминиш ни со 6ка ако не знаеш одлично да решаваш интеграли. Со други зборови не е до материјалот до критериумите е и до професорите и на факултетот во мојот град не учат од книгите од кои учат во Скопје туку од скратени верзии односно од скрипти. И самата гледам колку знај мојот родител и други познаници кои студирале во СК , а колку оние кои студирале во мојот град. Сепак во Скопје идат оние кои се средна класа бидејќи сиромашните (имаат 100% стипендии ако двајцата родители им се пријавени како невработени) и богатите од мојот град студираат во Словенија. Епа сега се надевам дека сфативте каде планирам да се запишам и колку добро сум упатена, па не сум и јас будала да ви ги полнам џебовите ваши секој месец по 200 евра кирија и по 100ка денот за превоз да ми бега, кога факултетот во мојот град ми е на 5 мин од дома. и треба да бидите горди што има луѓе што идат да учат на вашите квалитетни факултети. а квалитетот е резултат на конкуренцијата,од која вие се плашите за жал, а не треба.
     
    На Dgirlll и eutixismena им се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Полагање матура и уписи за на факултет

    Абе бејбиблонд, ние не се плашиме од конкуренција, аман. На Електро нема жива душа така е зборот, конкуренција викаш ти, е во тоа требало да си упатена. И дека ретко кој стига и 2ра година таму, врвни математичари. А за твоја информација, татко ми има Електро уште од времето кога се учело на српско-хрватски со висок просек. Колку било многу потешко тогаш, па и сега е многу тешко. Мора да знаеш премногу математика и физика. Тоа е.
     
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Полагање матура и уписи за на факултет

    И татко ми исто, ништо чудно и да се познават. сепак мило ми е што конечно преку пример ме разбра, и онака не планирам да студирам филозофија. Инаку знам дека ретко кој 2ра стига на електро и затоа е квалитетен. а како се мислењата за ФИНКИ? или затоа треба нова тема да отворам?
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Полагање матура и уписи за на факултет

    Мило ми е што си се осмелила на Електро да се запишеш, баш убаво, за најквалитетен се смета во државава а и пошироко. Е за ФИНКИ не знам стварно не сум упатена можеш во СДП да прашаш, ама за факултетот мислења дека нема корупција, нема конкуренција, нема исти задачи од збирки и учебници, најтежок факултет ииииии многу вредна диплома :)
     
  12. CrySTal1O4

    CrySTal1O4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    6
    Полагање матура и уписи за на факултет

    .... Ах, ти паметната Скопјанка на тато. Пу-пу да не се случи нешто да се преселите, автоматски ќе ти опадне интелигенцијата, ниедна оценка нема да ти е заслужна, и прашањата секако ќе ги добиеш на готово, та не мора воопшто да се трудиш.

    Во кој свет живееш? Македонци сме сите, ало! Во државата владее безредие, уште малку ни фали у анархија да живееме. А безредието е доволно рамномерно распределено. Да ти посочам, на екстерните на македонски можеше да се потшепне и препише, па и другар неписмен доби есеј по мобилен. Шо можам јас тука? Ништо. Да пукнам од завист, и да се плукнам у неправдата ако заврши над мене у процентили

    Од друга страна, математика екстерниот не можев да мрднам. Англиски интерниот полагавме 5 души распоредени у голема училница. Дали мојот труд и петка по англиски се дискредитира автоматски бидејќи јас сум од провинцијата? Не ги ставај во исто лонче по градови, ставај ги во исто лонче по чесност. Бидејќи идиоти/препишувачи се исто рамномерно размножени насегде. Професори што даваат прашања ги има у секој град, а врските и те како функционираат било каде по државава.


    Ти да завршиш у Штип/Гевгелија/Кочани/Радовиш и после иди со таа диплома да видам кај ќе те вработат. Луѓе со завршен факултет од Ск не можат да се вработат, ало! Сите целиме кон најквалитетното у државата, а нема голема дискусија дека најквалитетниот кадар е во Скопје....И те молам немој јас/вас. Разгледај си наоколу и кажи ми дека немаш соученици идиоти што им пишувале прелазна оцена да не ги паѓаат. Ако ги немаш наоколу у твое школо, ги има у друго школо у Ск. Исто важи и за помалите градови, не се сите школи тра-ла-ла, ниту пак добиваме оценки без труд. Само да се умаловажувало....

    Да, врвна желба ми е да дојдам у Ск, и тие 4 години ќе ги искористам секоја вечер во диско да го пронајдам Мр. паричник и ќе му се вселам у Ск и ќе се откажам од факултетот. Бајка на векот. Препрочитај што реков на Annie.mk. Вработи се со завршен факс од Гевгелија/Штип/Радовиш па после збори ми дека важно е знаењето. Ебаго, иди учи на ФОН ако е само до знаењето, дека таму каде-каде подобри услови имаш за учење од државниве....
     
    На eutixismena, macysh и babyblond им се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Полагање матура и уписи за на факултет

    Перцентили* а инаку разбирам што сакаш да кажеш, а ако сите размислуваат како тебе што ќе биде? Премногу одбиени под црвената линија кои ќе се вратат во своето место или на друг факултет и пак ќе бидат вечно незадоволни. Па мајкуму пак ќе пишам по 100ти пат факултетиве се ограничени а и не се џабе отворени факултети насекаде. А зошто на пр. во Гевгелија ако живееш не завршиш таму и таму да си бараш работа? Или пак ти сакаш во Скопје да работиш, нели.
    Да, сите сакаат најдобро, ама ако одат сите кон тоа Скопје Кина ќе биде.
     
  14. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Полагање матура и уписи за на факултет

    Значи студентите кои немаат доволно финансиски средства за да се запишат на некој од факултетите во Скопје и се запиши на некој дисперзиран факултет во нивниот град или во негова близина, е тиквар кој нема поим од животот, така?!
    Ако некој сака да учи, ќе научи и на едниот и на другиот факултет. Точка!
     
    На Annie.mk1, Plavusa.17 и babyblond им се допаѓа ова.
  15. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Полагање матура и уписи за на факултет

    на тие што сум налетала појма немале, не зборам генерално,зборам од искуство, ама ако завршам во мојот град не ми бегат уште 2 години на интернет учење од туторијали и уште толку пари колку што биле студиите по курсеви за да ги стигнам тие што завршиле во Скопје. отприлика исто во пари ми се фаќа.
     
  16. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Полагање матура и уписи за на факултет

    CrySTal1O4 немој ти мене да ми кажуваш Скопјанка на тато вака или така :@ :@ :@ Прво и ОСНОВНО ти ништо не знаеш за мојот живот, па така да не СМЕЕШ ниту пак треба од чиста кулутра да се мешаш во мои лични работи :@ За тоа паметна ваква таква, фала му на Бог се трудам да бидам !! Ако ти си ги добила прашањата на готово, не значи дека и јас сум ги добила !! Второ за оцените девојко, НЕ, многу ретко на некој му пишале пролазна оцена, сите други си оделе на полагање, така да немој мене да ми кажуваш што како се случувало во мое училиште ! Вие одете на ФОН ако ви е за условите срце !!.. И така има отворено на повеќе места во Македонија.. Дај не замарај и не збори и не мешај мои лични работи во вакви постови..!! А најмалку РОДИТЕЛИ !!!.. Со среќа нека ти е , дојди запиши се, дај боже заврши, и биди си она што сакаш во животот.. Се најдобро од мене.. Поздрав
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CrySTal1O4

    CrySTal1O4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    6
    Полагање матура и уписи за на факултет

    Благодарам за поправката. Не сакам да кажам кај точно живеам, меѓутоа со диплома од факултетов ко у мојот град, мислам дека нигде не би била примена, искрено. Инаку кон што целам? Да идам постдипломски надвор од државава. Кога сме веќе таму, целев и додипломски, ама си имав проблеми со моите..... Ама бегам тотално од темата. :)

    Не се нервирај толку. Ова е форум, и вакво избувнување и користење големи букви ми личи ко да ми се дереш. Зошто? Те повредуваат навредите без основи? Ете, и мене ме навредува да ми го омаловажуваат школото и моите професори коишто не ми беа од помош ама баш ич у интерните предмети, а и мислам дека си ги заслужив оценките у годините фала богу.

    Второ, да ти посочам колку голем хипокрит си со тоа што самата претпоставуваш дека јас сум ги добила прашањата на готово, кога скапав дома активно учејќи за матура. Сега од нигде, ти сакаш мене да ми судиш дали јас сум достојна да студирам во Скопје. А она што јас кажав за твоето школо (а реков само дека СИГУРНО постои по некој идиот, ако не у твоето, у некое друго у Ск што препишува и што му пишуваат пролазни оценки) ако е мешање у твоето училиште, ти пред некој пост само што се умеша у сите училишта у Македонија што не се од Ск! Од каде ти имаш информации за секој единствен професор у секое единствено школо и за секој надзорен што не чувал у училница? Затоа не се прави навредена и обештетена, и не се дери на она што јас го напишав, бидејќи ти почна многу полошо....

    Трето, ти спомна дека најважно е знаењето и затоа да се запишеме у факс у нашиот град. Ако се запишам у факс у мојот град, е исто ко вие да се запишете на ФОН. Значи добивате диплома на која слободно можете да си играте икс-точка дека не ви мењава ама баш ништо.
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Полагање матура и уписи за на факултет

    CrySTal1O4 Многу ме интересира каде тоа јас го омаловажив твоето училиште ?!.. И каде тоа прочита дека ти судам дали да дојдеш во Скопје или не ?!?!.. Јас ги осудувам оние кои доаѓаат заради забава тука и кои после неполна година се враќаат во својот роден град.. ! Реков и претходно секоја ЧЕСТ на оние кои навистина доаѓаат да научат.. А за материјалот е секаде ист срце, секаде исто се учи, можеби малку повеќе нас не малтретираат тука, да не речам во "метрополава" која што не наликува на ништо, ама каде каде мора да биде порегуларно од кај вас..Како што наведов и погоре, среќно па се надевам дека некогаш ќе ни го пренесеш твоето знаење и искуство кое си го добила ! ;)
     
  19. CrySTal1O4

    CrySTal1O4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    6
    Полагање матура и уписи за на факултет


    Ти болдирав три ствари коишто ги рече, за кои немаш докази освен зборувањето на твоите почитувани другар(к)и. Нормално е да си го цениш своето и да мислиш дека е едно од најстрогите, најценетите и најзаслужните школи, ама не прави споредба со се` останато, бидејќи не си го посетила сето тоа за да имаш коректен заклучок. Другото е се` лук и вода и закачање без никаква основа. Се извинувам ако те испровоцирав без основа. ;)
     
  20. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Полагање матура и уписи за на факултет


    Ај уживај си ;) ;) А тоа со прашањата го спомнав од причини што ти , како што ме нарече мене Скопјанка на тато (без да знаееш како, со кој и каде живеам), рече дека сум ги имала прашањата.. И дај не коментирај повеќе тука.. За нешто што ти треба пиши ЛП слободно, па ќе се разбереме ;) :*