1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на факултет? Во Скопје или може некој друг град?

Дискусија во 'Образование' започната од gurgica, 24 март 2010.

?

Каде е подобро да се студира?

  1. Во Скопје

    159 глас(а)
    75,0%
  2. Во некој од помалите градови

    53 глас(а)
    25,0%
  1. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски

    Тоа е моето постизборно мислење, сега се ќе биди полошо во државата, тоа сакав да кажам, а не дека се надевам на пратија, бидејќи не сум во ниту една партија и мразам, партиски вработувања и не за џабе сум ја отворила темата Невладина организација или политичка партија?.
    Ко ќе си најдиш работа наструката, те молам пиши ни, оти со тој факултет е поверојатно да стигниш само до кафичите на Широк Сокак и до 30 години да си седиш таму како останатите невработени безделничари, дури не се преобучиш за да работиш нешто друго, не те вреѓам, само сум реална, бидејќи знам колку можи и не можи да се просперира во Битола, најголем просперитет има тој со ќе отвори кафич и толку.
     
  2. invisiable

    invisiable Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    8
    Во Скопје дефинитивно...И во Битола е добар универзитетот но бидејќи Скопје ми е поблиску таму на некој од техничките факултети..сметам дека имаат најдобра перспектива(А за оние факултетите кои се отворени пред 4-5 години по Радовиш,Гевгелија,Штип не ми влеваат многу доверба со дипломите/подруго си е кога одиш на факултет со 50 годишна традиција)...мое мислење :)
     
  3. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Во врска со претходните постови за многубројните студенти од други градови кои доаѓаат да учат во Скопје...донекаде плавуша е во право. Е сега, јас не сум од Скопје, од Битола сум и не дека тука нема убави факултети, но едноставно го нема факултетот на којшто јас сакам да студирам ( фармација ), па посекако ќе дојдам во Скопје за да го учам тоа што го сакам. Од друга страна, пак, стварно многу ме нервираат некои разгалени дечиња кои ќе дојдат во Скопје за да "учат ", а нема да се појават на ниту едно предавање и ќе живеат "студентски" живот од типит на пијанење, журки до зори, бркање филмови бидејќи "хелоуууу во Скопје сме" |( . Е сега, за студентите кои доаѓаат во Скопје за да учат на факултет кој го има и во нивниот град....од една страна не го оправдувам тоа бидејќи материјалите се исти, и кој што има желба да научи, ќе го научи материјалот, без разлика дали е на економски факултет во Прилеп или економски факултет во Скопје на пример.
     
  4. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Јас морам да се сложам 100% со Плавуша иако искрено понекогаш е неверојатно дрска :D ама тоа што го пишува така си е! Скопје е пренаселено! Ама сериозно пренаселено, а ни 50% во него не се Скопјани. Единствено прифаќам да дојде некој да студира тука ако и само ако во неговиот град или во близина го нема тој факултет. И мојот да го немаше овде, а да го имаше само во Штип на пр јас ќе отидев. Значи ајде молим те, демек во другите градови за 9ка требало помалце учење, а во Скопје повеќе иии што? Ти ако сакаш да учиш нема да ти е битна оценката туку материјалот! А тоа демек студентите од провинција биле конкуренција, хах |( . Конкуренција е секој кој има желба за учење и кој сака да успее. До душа ако те води една причина плус па може, а тоа е желбата да се остане во Скопје. Нема работа веќе ни тука. Преполн е градов, се е преполно! И Бејбиблонд јас не те следам на форумов па да читам кои и какви теми си отварала, а и ако ради Груевски планираш да одиш во странство што тогаш се буниш дека факултетите во другите градови биле нула? Среќен пат и успешно студирање ВО СТРАНСТВО!
     
    На Plavusa.17 и anastasijaki им се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Во склоп со дискусијата, со сета почит кон девојчињата форумџики кои ги почитувам многу, извинете, ама морам да ви реплицирам. :)

    Значи не го преценувајте Скопје, прво како град, а потоа како место каде што се наоѓаат факултетите. Има и поубави градови и подобри факултети од оние во Скопје. Само, нека ми се обезбедат доволно средства, па нема да ме видите во Скопје. ;)

    Немојте да мислите дека идам од што сакам во Скопје. Се затрчав јас да давам 250+ евра месечно, немам што да им правам дома и ме чешаат во џебот. Од мака идам, мислите мене ми се става здрава нога во трн ?! Идам да студирам затоа што тие факултети се најдобри од понудените во Македонија, а не дека нема подобри.

    Не разбирам, како викате дека ви ги градат местата на листата за упис и ви го земаат просторот за живеење ?? Малку себично е тоа да се каже. И сами рековте - за тој што учи, секаде има место. Епа од каде е стравот од конкуренцијата ?? Нели, според прочитаните постови, скопските гимназии се најјаки, таму најмногу се учи, ние имаме подарени оцени во другиве градови... Тогаш не би требало да ве плашат пар провинцијалци. ;)
     
    На eutixismena, 1209, DAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  6. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Мислам дека голема грешка е што факултетите по другите градови имаат ниски критериуми и што луѓе кои немаат основни познавања завршуваат и добиваат дипломи. Јас планирам да продолжам во својот град (не Скопје) и не би рекла дека по завршувањето ќе имам поголемо или приближно идентично знаење со студентите кои завршуваат во Скопје. Не ги поддржувам студентите кои се запишале на било кој факултет и било каде а немаат за цел да научат нешто а уште помалуку оние отстрана кои отишле во Скопје поради забава и на некој начин му го завземале местото на некој кој навистина имал желба да научи нешто.
    А дечките кои идат во Скопје заради забава си ги пакуваат куферите уште првата година (освен ако не се на некој приватен универзитет)
    И за крај би ве замолила да прастанете со тие препукувања Скопје-Провинција бидејќи стварно нема смисла знаењето и способностите на некогу да ги проценувате според местото на живеење бидејќи секаде помалку или повеќе има послаби и појаки училишта, послаби и појаки класеви, построги професори, незаслужени оценки, врски и сл....
     
  7. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Ако требаше цела Македонија да оди во Скопје да учи, зошто тогаш испоотворија низа факултети низ цела Македонија како оние во Скопје? Ете на пример Штип. Јас пак велам, оправдано е за тој што навистина има голема желба да се запише на факултет кој го нема во неговиот град, ниту пак во град кој е во близина на родниот. Но, стварно глупо е некои на пример од мојот град од Битола се запишуваат на економски факултет во Скопје, кога Прилеп им е на два чекори што се вели зборот, божем во Скопје подобар бил факултетот, или па уште поглупо е од самиот Прилеп студенти заминуваат во Скопје на економски, или пак од Штип заминуваат во Скопје на медицински, а имаат медицинскиво Штип :x Сега јасно е дека не се еднакво квалитетни факултетите, но кој има желба и способност за учење, ќе научи, а и на овие повеќето што се правдаат дека дошле во Скопје само бидејќи тука факултетот е поквалитетен од истиот факултет во нивниот град, тука доаѓаат и заради други причини кои претходно ги споменав.
     
    На Plavusa.17 и Jojoba им се допаѓа ова.
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Како 1. Скопје не го преценуваме, само го цениме и ние, а гледам и од другиве градови го ценат со самото тоа што одат таму да студираат, нели?! Најдобрите факултети од државава се таму викате да, ама тоа не значи дека секој треба да тргне во поход кон Скопје и да има за цел да студира тука, а на 2 чекори има ист таков факултет, ама не, мора да пишува Скопје, нели. Ме нервира тоа, не го преценуваме ние Скопје, вие го преценувате кои нозе ќе искршите да дојдете да студирате тука. Искрено. Зборам најмногу за тие кои имаат факултет во близина и на истиот само во Скопје ќе конкурираат. Па ако не е којзнае што, што доаѓате тогаш? Не бидете контрадикторни. Има мноооогу подобри факултети во светов да, ама не секој има можности да оди во странство и не секој сака. Туку ќе си рече некој: подобро ќе одам во Скопје, отколку во странство, па да плаќам ќирија, па и таму факултетот да го плаќам и книгите и стопати поскапо ќе ми се фати. Е да, да ме извинете таква е математиката. А и економскиот тука, што е толкав интерес дека е 424ти во светот можеби?!
    Факт е дека 90% од матурантите сакаат во Скопје, ретко кој е задоволен од факултетот во близина на неговото место, а зошто се отворија секаде факултети тогаш, и како ќе тргне тој проект во развој ? Никако со ваквите размислувања. И да, сум против Скопје да дава веќе жителство зошто претеризам е па не сум во Кина, некој што не знае литературно 2 збора да каже се запишува на факултет само и само зошто ги праел оценките од 1ва до 4та, ги знаел прашањата интерно, прошол лесно проектна и екстерно научил. И сами кажувате како ви беа дадени прашањата интерно. И таква конкуренција не ни признавам, ги гледав моите другарки како учеа се` интерно не знаеа од кај да фатат и на крај послаби резултати од некој што појма немал од предметот ги набубал прашањата и ги напишал одговорите. Срамота.

    Пак ќе повторам, не го преценуваме ние Скопје, туку вие што се испотепавте да дојдете да студирате тука, а особено оние кои имаат ист факултет во близина. Зошто постојат други градови ? Зошто постојат исти факултети како во Скопје и во другите градови ? За пак сите да ги спремат куферите за накај Скопје? НЕ!

    И пак ќе речам што имам речено во друга тема а тоа е следново: Ако некој од Штип имајќи економски доаѓа во Скопје да студира на истиот, тогаш за да се одржи баланс тоа значи дека и јас утре треба да отидам во Штип имајќи го тука економскиот карши Битпазар? Тоа треба да значи? Не, ова доведува до претеризам и дисбаланс, што воопшто не ми се допаѓа и се надевам ќе дојде крајот и на тоа.
     
    На anastasijaki и Jojoba им се допаѓа ова.
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Плавуша, ништо лично, ама мала си за толку бунтовно да изјавуваш локал-патриотизам. Од селективноста кон луѓето од други градови, зрели личности се откажуваат кога ќе ја согледаат фактичката состојба во државава.
     
    На senza.parole, Neytiri, Mishela и 8 други им се допаѓа ова.
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Во Скопје несакам. Во мојот град има универзитет, а јас да трчам во Скопје,да давам толку пари за сместување,за храна и други работи, нема шанси. Ке се запишам на некои од нашиве, од толку сигурно еден ќе одберам кој ме привлекува.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.425
    Plavusa.17 колку сакаш негирај ама ти премногу се плашиш од конкуренција.
    гледајки ги твоите размислувања, ако мислиш дека твоите 5ки се многу повеке заслужени од нашите, тогаш тоа ке го покажеш на факултетот.. кога сите ние ке паѓаме на сите можни предмети, оти ние не учиме, а вие со вашите навики стекнати за учење ке го покажете знаењето и ке достигнете далеку подобри резултати од нас.
    и да не зборувај дека во Скопје се зборува литературно, само тоа немој оти сите убаво знаеме како повеќе од пола се лигават зборувајќи и го уништуваат нашиот јазик.

    не учам во Скопје, се запишав во Штип толку заради ваквите исфрустрирани "скопјанки" на кои главен виновник за нивниот неуспех се провинцијалките.
     
    На mila89, Neytiri, BoaVista и 3 други им се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Не можев да ги прочитам буквално сите мислења, но горе долу од она што прочитав, забележав ништо повеќе, а фалбаџиството колку ни е нас Скопјани, напорно и тешко средното и како со огромен труд си ги добиваме оценките за разлика од оние од провинција.
    Хм!
    Оценките деца, радувајте им се сега, пошто можат да ви останат само како пусти желби и соништа дека по било каков начин се показател на вашата интелегенција. Факултетот и се што следи понатаму ама ич не ви е доказ за тоа колку вие ќе сте спремни за она што следи понатаму, пошто зубачите, пардон бубачите од средно обично на факултет се губат.
    Бар мојата генерација беше таква... да зубачите останаа со испити не земени, а оние помалку што учеле ко што сметате во помалите градови ги прошишуваа ко на шала... ама знаете зашто, пошто во главата имале повеќе одошто овие што напамет учеле за петка и се тепале со два прста пред професорката.. а да и ја избирале можда баш катедрата на професорката во прва клупа за седење (не е ова наменето за сите оние кои седеле во таа клупа, да не се пронајде некој).
    Јас учев во соседството, така не бирав да се дружам исклучиво со скопјани и скопјанки, пошто таму бевме сите со ист третман-Македонци. Па од тоа што видов какви капацитети се дојдени, кои изгледами вие не сакате да си го признаете или сте ја имале таа среќа да налетате на интелекуално поназадени од вас личности пак сега ви е ќејф колку сме ние од Скопје јаки.
    ГЛУПОСТИ на квадрат!
    Страшни капацитети има во останатите градови, кои не се должат на фактот што учеле во средно или основно каде што лесно се поминувало, а е бидејќи отсекогаш имале во главата. Тоа, сори ама никој не може да му го земе, нити да му го даде на некој што го нема.
    Кој сака, каде сака ќе се запише... а оној кој вистински го бива секаде ќе си учи и секаде ќе си е над толпата.. остатокот можат само да си се тешат со приказни, кои ќе ги направат да се осеќаат посигурни во својата интелегенција.
     
    На senza.parole, Neytiri, Dgirlll и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Што се не се изначитав.Другите градови што имале факултети не биле факултети и уште триста чуда :o Па не можат сите во Скопје.Не сме сите добро финансиски обезбедени како за почеток да одиш да студираш таму.И не е битно кој каде ке се запише на факултет зошто денес и неписмени се запишуваат,па после неколку години ке го видеш со диплома во рака.Тоа го кажувам зошто јас студирам во Штип иако не сакав таму првите денови налетав на секакви личности:Се запишал на Англиски а не знае да си прочита она што го напишал а ти се скапуваш со учење и како што рече некој ке ја има истата диплома како твојата па ако има повеке срека ке се вработи прв а ти ке седеш на машина за шиење.Исто така од Скопје се префрлуваа во Штип за да продолжат со студии со изговор дека било тешко.Па ако не учиш ке биде и те како тешко.Кога гледаш исто ти се фака,а Скопје а Штип а Битола,исто се учи,може некои предмети се сменети ама таа е дипломата,само штета е што некои што се неписмени можат да се споредуваат со тебе и да ја имаат истата диплома па кој знае може и повисоки оценки.
    Како кажа zhap4e што потполно се согласувам со неа бубалиците се губаат на факултет.Имав соученици кои секогаш имаа 5ки Англиски ама на крај или паднаа на матурата или се запишаа на Приватен Факултет,а зошто?зошто им е страв ама затоа плакаат секоја година по 2000 евра па затоа дипломата им е загарантирана.Исто така и други кои ги познавав и кои ги фалеа секогаш се запишаа на Приватен,зошто бе/страв ви е да идете на државен од преголемата конкуренција?
    Навистина не ги разбирам оние кои велаат дека ако си во Скопје значи си некој и нешто.Како што напоменав не е секој за таму.
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Ајде пак одново да објаснам, не сфаќај лично. :D Значи, кога во некој град ќе се отворат универзитети, очекувано е дека со тоа ќе се појават и студенти, идни жители итн итн. Зошто нема дисперзирани студии од Харвард ?! Тоа е таму, на едно место, одиш таму да студираш и се враќаш ДОМА. Фактот што во Македонија нема работни места во секој град го прави Скопје пренатрупано. Нозе да искршам за да дојдам нема, ниту пак ми се трча да дојдам. Го правам затоа што немам друг избор.

    Општопознато е дека економскиот и правниот се едни од најпопуларните факултети за запишување на студенти. Студентите што доаѓаат од други места во Скопје, верувај дека учат. Можеби не сите, ама добри 80-90% да. Затоа што не е исто да завршиш дисперзирани студии и факултет. Кога дисперзираните студии ќе ги имаат истите, ама баш истите услови, тогаш ќе ги признаам за факултети. А предавања двапати неделно по еден час, да ми извиниш, ама не е факултет. :!: Повторно, доаѓаат солидни ученици со високи амбиции.

    Е овде се лажеш. Од мојата генерација, општо од градот, дали 100-200 студенти ќе дојдат во Скопје. Значи од 1000 матуранти, 10 - 20% идат. Првиот и најголем проблем се парите. Вториот проблем е желбата за учење. Не не гледај ти нас овде, поголемиот дел се пресреќни со дипломчето од дисперзирани.

    За тоа колку и дали учиме за матура во другите градови, бујрум па види. Резултатите и сами кажуваат. Нели, ти самата велиш дека секаде материјалот е ист, исто се учи. Така и јас ти велам сега. Немој да се вадиш на учењата на твоите другарки и на она што ти го имаш слушнато. Кога година ќе поминеш низ овој ураган од матура, ќе правиме муабет. А за конкуренцијата дали е призната или не, муабетот е по 10 години. Ќе видиме кој и до каде стасал. :)

    Постојат за тие со послаби финансии. Тоа не се факултети, тоа се дисперзирани студии. И воопшто не се истепавме да дојдеме, ама кога некој ќе ми ги разложи работите овака и ме прави помалку вредна од тоа што сум, ми се дига косата.

    Ќе дојде да, во идеалната држава и во идеални услови. Кога секаде ќе има исти амфитеатри, исто спремни професори и исти УСЛОВИ. Сега за сега, во џунглата, се игра по правилата кои таа ги налага. И јас ќе ги играм тие, ако тоа е патот до успехот.
     
    На FortuneTeller.xD и zhap4e им се допаѓа ова.
  15. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Во Скопје. Близу ми е :)
     
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Еј еј еј, велешанка смири се, мое мислење на кое имам право и никој нема да го смени зошто со причина сум го изградила секако со малку исклучоци на оние кои немаат факултет во близина па доаѓаат во Скопје ;) .Си се запишала во Штип, што ти е тебе проблемот тогаш? Со среќа нека ти е де што ме интересира мене тоа, тука дискутирам јас за оние кои планираат да се запишуваат во Скопје, значи зборам за Скопје и матурантите што целат кон факултетите во него и затоа немаш што ти мене да ми се обраќаш кога немаш врска со Скопје и со факултетиве тука, а јас зборам за тоа, да ти е јасно.
    И не, не се плашам од конкуренција, туку се гадам од фактот што знам многу примери кои ги имаа прашањата интерно а 2 чисти немаат и извадија јаки оцени, проектна најобична и 5ка, само екстерно учеле и после тие ќе бидат исто рангирани со некои кои ги немале прашањата, па фино лепо и поштено си учеле се` и сешто. Тоа не е до учениците, до системот е и немојте да ми викате дека не е така. Дури и една форумџика тука ми рече:`` Де бе во Скопје зошто е толку строго кај тебе во гимназија, кај нас ни ги дадоа сите прашања.. итн.``. Додека тука секој е револтиран заради таквите Паметњаковичи кои ги имале прашањата и мудро си ги набубале, вие мене тука ми продавате приказни, немојте аман!
    Дузи, јас не сфаќам ништо лично, туку имам мислење дека останатите сфаќаат. Мое мислење де, така сметам и готово, што? Реков, за тие како тебе кои немаат друга опција секоја почит, супер што доаѓаат во Скопје, мило ми е, АМА за тие кои имаат во близина (ова по 98638973875287 пат) ист таков факултет па пак доаѓаат, епа не, нема да ги поддржам туку напротив. Значи немам против доаѓање во Скопје, сфатете веќе после постов редно е, имам против оние кои го имаат истиот факултет во близина и повторно одат во Скопје! Е затоа државава никогаш нема да тргне напред, токму затоа, зошто проектите како и овој со факултети насекаде низ Македонија го пропаѓате.
    А, конечно паметно мислење, почитувам Старбакс.
    И доста ми реплицирате, јас си го кажав мислењето и немам што друго освен ова да ви кажам, освен да го повторам, а разумниот човек нема таква потреба.
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Еј еј, полека малку, каде се затрча? За твоето Скопје се црпат пари од цела Македонија, m`kay? И сега ти изигруваш овде дека си газдарица на градот и поставуваш граници дека не смее Скопје да дава жителство? Чекај малку, не се `провинцијалците виновни`, туку владата која ти толку многу ја бранеше пред изборите затоа што е во Скопје преполно.Оваа и било која предходно што уво не ја болело за ништо. Зашто оваа влада што очи ни ископа за неа нема ништо обезбедено за останатите градови m`kay? Уште толку не дотолчи. И немој да ми кажеш дека отворила факултети во сите градови оти факултетите се со никакви услови, мизерија. Очи корнете за Скопје 2014, прашај од каде толку пари за Скопје да се кити и дали само вие Скопјани ќе си враќате парите за кредитите или и останатиот народ од државава? Или тогаш убаво е а? Убаво е кога само за Скопје се гледа, кога останативе градови замираат, тогаш ќутите како да не кажам што, а кога ќе ви се населат таму навредувате и потценувате. Знаеш зошто идат на факултет во Скопје? Затоа што факултетите по другите градови се МИЗЕРНИ ете затоа. Затоа што се отворија факултети во секое село со НИКАКОВ кадар. Мене знаеш колку ми е гајле за исфрустрираните ванаби Њујоркчанки како тебе, дали ќе се осеќале дека некој им го зема местото? Таков е животот бе, снајде се па живеј, ако не те бива и овде нема да те бива на велешкиов факултет и на Скопскиот и на штипскиот. Ти да не го држиш Господ за таквото ако живееш во Скопје, над мене ли си? Над било кој друг што доаѓа од друг град? Извини, и јас и ти, и Велешанка и Дузи, за жал, сите сме од Македонија...И многу е јасно дека неможе да се рамни Правен факултет во Скопје со оној во Кочани, на пример. И тебе никој не ти е виновен овде, гледам си седнала и бараш виновници за сопствениот неуспех што впрочем е секогаш така најлесно е за сопствениот неуспех да си најдеш причина или да обвиниш некој. И поарно заќути си кога врска немаш. Мене ич не ми е гајле за факултетите оти јас не студирам, ама малку собери си го јазикот кога немаш право да потценуваш, оти некој утре ќе гладува за твоето лилааааа Скупје. Ајт.
     
    На ElenaOfRivendell, senza.parole, MoreNa-22 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Апсолутно нема никаква потреба од препирање Скопје или друг град, па секој има право да студира тоа што го привлекува.
    Јас сум од Скопје, и сум на Правен но ако ме влечело нешто друго ќе сум отидела во друг град, или доколку знам дека на пример во Неготино има подобри политички студии таму ќе сум се запишела. Никој од Неготино неможе да ми каже дали да се запишам или не, мое право е да студирам каде сакам затоа Плавуша треба малце да си ги смириш страстите, Скопје не е твое или мое, па да кажуваш што може а што не. Само на твоја лична територија можеш да кажуваш што е дозволено, што треба а што не.

    Безпотрено се возбудувате, Скопје вака, Скопје така, како да Кирил и Методиј е Харвард а Скопје Кемриџ, мислам далеку сме од квалитетно образование, имаме кадри ама немаме организација тоа е факт.

    Дека Скопје е пренаселено е точно, но што да се прави кога во главниот град (читај Скопје) има најмногу можности за успех т.е. има избор за факултет, полесно се наоѓа работа ...едноставно има повеќе можности за успех отколку во поамлите градови.
    И нормално е луѓето кои имаат потреба од тоа да дојдат и да се обидат да си го олеснат прашањето поврзано со егзистенција тука, наместо да останат во својот град да седат дома, да кукат дека нема работа и да бидат терет на државата (читај социјални случаи) и едвај да сврзуваат крај со крај.

    И мене не ми се допаѓаат гужви во автобус, на улица, на факултет но шта је ту је, и јас да знам дека негде би имала можност за посветла иднина (и за тоа имам финансии) нормално дека би се обидела и би си ја пробала среќата во такви околности. Што сакам да кажам?
    -Ако јас имам довоно пари за да отидам да студирам на Харвард(пример) сигурно нема да бидам локал-патриот и да останам во Скопје кога знам дека со таа диплома сите врати сегде во светот би ми биле отворени утре кога ќе барам работа, а не вака да се туфкам и мислам дали и колку ќе ми ја признаат.

    Апсурдно е да зборуваме на оваа тема, уште помалку вредно е да влегувате во вакви жолчни расправи кога никој неможе и нема право да влијае врз туѓ избор или некој некому да забрани нешто.

    Затоа матуранти со среќа, се надевам дека ќе си ги остварите желбите и ќе се запишете на факултетот кој го посакувате.
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Види Офспринг, додека ти не студираш јас сум 5.00 и една од најдобрите барем кај мене, догодина сум матурантка и идам на факс, така да ќути, за неуспех немој да ми збориш, барем не ти. Барем планирам да се запишам на факултет. А и, кога ти не си планирала и не си се запишала, што бараш да коментираш, м? Извини ама, тука коментираме тие што ќе се запишуваме, и ете тие што се запишале во Скопје или друг град, а тие што дошле со желба да успеат па не успеале си ги собрале работите и правец дома, имаат право да се лутат, ама не мене, туку на себе. Така да.. ајт ти.
    Само да ти дообјаснам, пошто очигледно ти се исфрустрира нешто. Јас не се осеќам ко газдарица ор ватевр, само како жител на Скопје. Не сум никоја да кажувам дали Скопје да дава жителство или не, само сметам дека треба да престане да дава, јасно пишав, сакам убаво да си се осеќам во мојот град, а не како во Кина од гужви и толку многу луѓе.
    Политика ако веќе мешаш, отворени се факултети во секое село да, таков е проектот на крајот на краиштата па Владава мнозинството ја избра, што?! И факултетите еве ќе го земам за пр. Штип воопшто не се за потценување според мене, не дека имам изградено некое мислење, ама не се баш мизерни како што викаш :mm: Опозицијата секогаш има право да се буни, така да те сфаќам до негде, ама не скроз зошто не си студент, не си планирала да бидеш, а чудно па ти смета лично овој проект ;) Во однос на другите градови, одамна се замрени како што викаш, а не откако почна Скопје 2014, добро?! Барем Скопје се опраи да заличи на главен град, а гледам и по другите градови се почнува не во секој, ама се почнува од мртва точка на која беа.
    И да, сите не идат во Скопје ради проектот 2014 како што викаш, од секогаш иделе. Само порано имале за што, немале факултети, а сега имаат факултети и пак идат.
    Прочитај ми ги сите постови, и ќе ти биде јасно што сакам да кажам во нив јас. Клучната работа е следната:
    А и.. јас не барам виновници за мојот успех всушност сама сум си заслужна, да не бараш ти па ме најде мене, за твојот конкретен неуспех во Скопје? Трагикомично.
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    И јас сакам бе убаво да се чувствувам во мојот град, ама некој очигледно несака, или го мрзи да се замара, за јас да се чувствувам убаво во Велес или било кој друг, во било кој друг град. Зошто да не коментирам тука? Ако сакам ќе коментирам, имам право никаде не пишува да не коментираат оние што не се запишани на факултет, исто како што и ти, што немаш право на глас сеуште а коментираш во политика :*
     
    На mila89, BoaVista, maca99 и 3 други им се допаѓа ова.