1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на факултет? Во Скопје или може некој друг град?

Дискусија во 'Образование' започната од gurgica, 24 март 2010.

?

Каде е подобро да се студира?

  1. Во Скопје

    159 глас(а)
    75,0%
  2. Во некој од помалите градови

    53 глас(а)
    25,0%
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Да, ама јас планирам и да се запишам и да гласам догодина. Ти ја вмеша политиката во сево ова, а ако сакаш да се чувствуваш и ти убаво во твојот град не е виновен за тоа проектот Скопје 2014, што има врска политиката со тоа, јас го реков тоаза убавото чувствување во однос на густината на населението тука, не за проектите што ти ги спомнуваш зошто имало проект Скопје 2014, а немало Велес 2014, пример.
    И не коментирам во темата Политика веќе месец дена од после изборите, зошто тоа е вечита дискусија на која нема крај.
     
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Plavusa 17 ко прво немаме ништо против тебе,и секој има право да коментира па дури и Офспринг која еве не се запишала на факултет.Форум е ова и секој има право на мислење ама разбери дека ти објаснија која е причината за доагање во твоето мило Скопје?Подобрите услови за живот,за студирање и така натаму. Не можеш да кажеш дека ти е доста од толкава пренаселеност кога денес е вака.Секој си одлучува каде ке студира каде ке живее.Јас учам во Штип ама сакам во Скопје,а зошто?знаеш која е причината што сакам да избегам од Штипскиот универзитет?Тоа што никој не го сфака таму учењето сериозно,доагаат и си одат кога им текне,а исто така и професорите.Чекаме да полагаме еден предмет,сите учиме кој решил да препиша и дознаваме дека дамата е во Америка и не планирала да доага во скора иднина,предава асистент на кој му поставиме обично прашање и не знае да го одговори и одговорот го бара од крајот на книгата.А ние даваме по 200 евра секоја година,за што?да ми предава некој што не знае да одговори просто прашање.Едино од една професорка сум задоволна и таа е од Скопје,да предава и на филолошкиот универзитет во Скопје.Ама битно дошле студенти кои мислаат дека ке поминат лесно доагајки кога сакаат и им се прегледува низ прсти ако не знаат да си прочитат она што го напишале.Дали ке помине тоа така во Скопје?Секако дека не ! Зошто?затоа што има преголема конкуренција.Јас,јас сакам да научам,утре да предавам на деца добивајки го знаењето од врвни професори а не такви ко што ги опишав,зошто јас давам пари а вака си го губам времето.Сакам да се надоградувам со големата конкуренција која би ја имала во Скопје па дај боже да стекнам и ново искуство а не некое да се мери со мене што си нема поим од Англискиот јазик да има утре иста оценка како мене иста диплома.Полесно било во Штип.Да лесно е за оние "неписмените" ама што за оние кои сакаат да учаат?Не ми е мене целта да поминам лесно.Може си во право до некаде за тоа што имаат универзитет во близина на својот град но што ако го нема тоа што го привлекува??Или тогаш нека се запише на друг факултет колку да рече еј јас сум академски граганин а не е тоа што сака да го учи?Затоа одат во Скопје,затоа приликата ја бараат во Скопје каде има подобри услови.Можеби ке дадам пари и за јадење и за стан ама ке знам дека утре кога ке стекнам диплома и знаење и дека ке работам слатко ке си ги трошам парите.
     
    На Denna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    И што да праиме сега, цела Македонија според тебе треба да студира во Скопје, а квотите се ограничени, и тоа значи дека пак ќе има се` повеќе одбиени и пак тие ќе се враќаат во своите места на факултетите таму. Ај ако не нека ги напраат факултетиве во Скопје 20.000+ студенти, па сите да бидеме задоволни, а тоа никогаш нема да биде. Најдобирте факултети се во Скопје најмногу заради професорите, а материјалот е ист. Дали тебе ти предава Шуклев менаџмент на економски тука, или ти предава некој во Штип стопати понекадарен, материјалот ти е тој, дури кај Шуклев е 100пати потешко, а вака си имаш и диплома. Е сеа, ако не одиш ти на предавања не ги слушаш ни едниот, ни другиот и исто ти се фаќа. А и да одиш, во Скопје еве да си ко ќе седнеш во амфитеатар многу ќе чуеш, знаеш. А не дај боже па да идеш нешто да прашаш. Гужви преголеми, и тоа не е добро за никој. Ни јас ќе добијам утре, ни ти ако си до мене во амфитеатарот. А гужвата си стои. Е тоа ми смета.
     
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Плавуша не ги дели луѓето според тоа дали завршиле факултет или не,од каде знаеш зошто не е завршила.
    Друго, ако некој сака да уче,ќе уче и во Скопје и во Штип,Битола или Охрид. Мислите дека во Скопје нема забушанти,што така минуваат? Е,се лажете.
    Трето, ќе ви кажам за братучет ми,инаку тој е од село.Заврши овде рударство пред 2-3 години и сега работи во рудник,шеф. И тоа не поради врски, туку поради знаење. Тој немаше ниедна врска за вработување.
    И на крај краева дипломата е таа, а во Штип, а во Скопје да си учил. Знаењето е битно,не името на градот.
     
  5. peperutce27

    peperutce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Сепак факултетски образованите луѓе се разликуваат од необразованите :D
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не реков дека сите мора да одаат таму.Ако го прочита мојот прв коментар на темата кажав дека не може секој да студира во Скопје>>најголема причина е економската.Ама сега секој ке оди онаму кај што сакал,ти тоа не можеш да го смениш,а да ги избркаш не можеш нАли?Треба да се гордееш што повеке студенти го избираат твојот град,што се свесни за преднистите а не да велиш дека ти пречи.И мене ми пречат некои работи ама еве не можам да ги сменам.Да,во право си,ист е материјалот но што со тоа?Тебе ти е потребен професор кој навистина ке знае да ти објасни а не да ти предава таков како што го опишав.Дојди ти да студираш во Штип па ке кажеш како ке поминеш по една година.Јас сакам да ја стекнам дипломата мегу голема конкуренција и да бидам горда на тоа а не да ја стекнам мегу некој што и сигурно не ја знае азбуката а се запишал колку да рече дека е академски граганин и се мери со мене,чуството и не е баш нај нај,спомна дека не го потценуваш Штипскиот универзитет,епа иди запиши се таму па да видам дали на крај ке имаш пофални зборови.Ке каже некој значи тие студенти кои се запишале во Штип се будали нели?Па пола и повеке отишле таму зошто сакаат да имаат диплома во рака а дали учат и знаат што учат не е битно тоа.И велиш ограничено е се,па да може да се рече,зошто втората година од кога се отвори Филолошкиот во Штип примаа и со школска матура и се мери со некој со државна матура.Зошто примаа?за да се пополни бројот,немаше доволен фонд на студенти,а кај се другите?нормално заминале во Скопје заради подобри услови зошто утре ке знаат дека ке имаат диплома која еве ке им ги отвори вратите полесно за работа отколку тие во Штип.Може и да бидам прва или последна во амфитеатарот ама знам дека ке научам поубаво а не....

    Многу си грешка.Ако сака и десет дипломи нека има ако е прост како трактор џабе ти е ;) нефакултетскиобразовниот и те како може некогаш да испадне попаметен од факултетскиот образованиот човек ;)
     
    На Hipica и Denna им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Може и јас планирам да се запишам на факултет, од каде знаеш ти? ;) А ја вмешав политиката не јас, туку таа е одамна вмешана во секоја пора на нашето живеење, затоа што ни ја наметнаа во секојдневието.

    Ако на пример јас, имам поубави услови за студирање во Велес, секако дека во Велес ќе си останам, сфаќаш, не сум јас виновна ако дојдам во Скопје, добро? Барај ја вината на друго место, а не во провинцијалците што дошле да си ја бараат среќата таму каде што имаат поголеми услови. Од сето тоа што го напиша ти, дали знаеш каков впечаток остави? Не дека ќе ти е гајле, ама знаеш ли како би ги удавила таквите како тебе со два прста, што од носот подалеку не гледаат. И не потценувај зашто не сум јас на факултет, како прво незнаеш зошто не сум, а како второ од каде знаеш дека ако јас се запишам нема да бидам подобра од тебе? Се замислуваш дека си супериорна над луѓето од другите градови? Јас така викам за тие таквите како тебе, да не случајно шарената крава ги родила? Ако ти си ги знаеш твоите можности нема овде предвреме да се бунтуваш, ако знаеш колку си способна нема да се сомневаш во себе и да бараш виновници на темава, туку ќе си веруваш во себе и во тоа што мислиш дека го можеш и ќе си успееш.
     
    На BoaVista, Dgirlll, TennisBabe и 3 други им се допаѓа ова.
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Сега се изнервирав. Зошто бе ги навредувате тие што дошле во Штип да учат,зошто велите дека дошле овде само за диплома,не за знаење? Па од кај вие го знаете тоа,не се сите исти,така да не судите одма. Јас имам спомнато дека не го сакам Скопје од причина што таму сите одат, таму се ’ се гради и прави,а овде ништо.
    И уште ова ќе го кажам. Една братучетка учеше во Скопје ветерина,па не најде работа, а братучет ми овде учеше, па одма најде работа.
    Не се сите паметни во Скопје, и не се сите прости надвор од Скопје што живеат. Толку.
     
    На zara, zhap4e, velesanka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Зошто вака нас провинцијалците не отфрлате? Х персони ми кажувале како некои дотични Скопјани ги потценувале. Невр мајнд.

    Каде сакам таму ќе се запишам. Неможе некој Скопјанец да ми каже поблиско ми е Штип или Кочани таму да се запишам. Еве сега 2год сум во Штип и уште 2 ќе бидам и после можеби сакам да дојдам во Скопје. И ќе ме спречи некој? Мое лично право е каде ќе одам.
     
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Никој не ги наввреди,тоа не е навреда ако сум кажала дека не знаат да читаат зошто навистина е така.Тоа е вистината.Се запишал на Филолошки отсек Англиски и завршена школска матура а не знае да чита а утре ке ја има истата диплома како што ја имам јас на која и одат јазиците па од кај да знам може прв ке се вработи а кас ке скапам на шивачка машина или на ридот на лозјето во Италија :x Можеби некој дошол да учи во Штип зошто му е поблиску,може некој заради Економски причини но го зедов тој пример што се случува денес по Факултетите.Да, не се сите исти,некој навистина стекнал знаење од Штип ама што е со тоа што го дадов јас како пример???Трошење време и пари.Верувај денес ги има такви во голем број.И јас не го сакам многу Скопје но јас гледам да завршам на подобар начин и на поубав.А не полесно зошто не е тоа целта.
    Има во Штип некои факултети кои навистина се на нивото ама јас кажав што се случува кај нас.
     
  11. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Плавуша ти реално, забега со коментарите. Не сме глупи, ти ја сфаќаме поентата само ти си малце збркана, прво пишуваш дека си против тоа Скопје да дава жителство, а после викаш немам ништо против да се доаѓа во Скопје. А извини да те прашам твоите од кај се? Само немој да ми кажуваш дека и пра, пра дедо ти е од Скопје. Исто така треба да се спуштиш на земја малце, затоа што ти не си никоја за да кажуваш кој и каде да оди на факултет, ниту па да кажуваш кој каде да коментира. Твоите коментари се потценувачки и нереални.

    Колку само нема врска :D Не се запишува секој на факултет за таа е*ана диплома девојко! Друга работа, многу има врска кој како ќе ти го објасни тоа што треба да го учиш. Средно си па не ги разбираш целосно овие работи и во споредба со материјалот што ќе го имаш на факултет (конкретно за Шуклев се фати, околу 500 страни), сега ти имаш материјалче. Сетоа тоа, ако професорот не ти го објасни преку примери, не знам колку ќе можеш добро да го научиш. Друга работа се гужвите кои си ги прават самите студенти. Значи сите се поделени во две групи, а се настискале во амфитатар двете групи. Дојди на предаваање во втората-полупразно. Така да и тоа не е проблем.
     
  12. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    плавуша17 чекај да се изнасмеам прво па после ке коментирам :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    најдобра си во генерација така? 5,00 просек? тоа по дефолт значи дека ке имаш и успешна матура, под успешна матура мислам оценки не пониски од 4ка и ке имаш многу поени..
    епа кога ти веке имаш многу поени, над 95 да речеме ти секако можеш да се запишеш на факултет во Скопје и нема потреба да ти биде гајле дали во на факултетот ке примаат 200, 2000 или 20 000 студенти, ти секако ке бидеш меѓу првите на листата на запишани студенти.
    и бидејки си попаметна од провинцијалците ке си имаш висок просек, ке имаш знаење, навреме ке ги положиш сите испити и дипломата под рака и ке си најдеш работа..
    значи така би размислувале оние кои не се плашат од конкуренција и кои се сигурни во тоа дека учат и дека заслужени им биле 5ките..
     
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Не знаат да читаат? Кои? Сите? Не ми се верува. Ти си слушнала еден да незнае да чита англиски,али сите..? Точно дека даде пример за еден студент,ама ги навреди сите. Што, не знаат да читаат е за еднина? Или сепак не.

    Патем, ’провинцијалците’ повеќе успеваат од скопјаните.


    Заборавив да кажам. Сите пишуваме како провинцијалците одиле во Скопје,а никој не пишува дека скопјани доаѓаат во другите градови да учат. Да,има такви случаи,конкретно во моето школо има еден скопјанец што учи. И што сега. Не се важи,м.
     
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ле-ле сте се фатиле за мене ко слеп за стап :D Абе мое мислење и крај бе луѓе што сеа, истото и истото се вергла не знам колку страни и мене ми е глупо да го пишувам пак. Едноставно сметам дека нема потреба некој што има факултет во близина да доаѓа во Скопје и готово, не дека тоа ќе смени нешто де, и онака сите дискусии на форумов се само тоа и ништо повеќе од сопствени ставови. Како ја напраивте, сите се исповреѓавте за вас сигурно сум според Оффспринг се замислувам како ``газдарица на Скопје`` или не знам што, а интересното е што многу малку се нафаќаат да си го кажат искреното мислење како моето и не се замараат, тука сте се закачиле сите од други градови што сте дошле да студирате во Скопје и се осеќате навредени па целовреме враќате на мои коментари па ме терате да се повторувам.
    А има и такви фини од Скопје што не осетиле гужви толку многу по другите факултети и на било кое друго место од Скопјево па и не им е гајле што е системов ваков, баш ги брига се залагаат за демократија :D Абе ај секој по својот пат и живот кој каде го носи на крајот на краиштата дискусијава се претвори во ѓубре и очекував сите коментари и мои и ваши да се избришани ама гледам не се, нека стојат де.
    Велешанка, ми сметаат гужвите што се прават во Скопје, а другите факултети се празни, ете тоа ми е како заклучок на се`.
     
  15. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Значи целава дискусија е пренасочена не кон темата Скопје или друг град туку скопјански vs. провинцијалки. Видете, јас сум од Скопје, студирам тука, во државна квота, на мојот факултет во мојата генерација сум меѓу првите по успех (иако реално и не е голем успех). Ни имам врски, ни сум зачленета во партија, нити гласав сега,нити ќе гласам, па пак си го терам факултетот. Не провинцијалка абе кој сака нека дојде ич око не ми трепнува, си учам за мене. Конкуренција не ми е никој, затоа што не се ни трудам да бидам над некој си учам колку што мене лично ми е доволно. И да ви кажам искрено мнозинството на мојот факултет се провинцијалци и од нив само 2-3 дали дошле да учат, а другите или проаѓаат со врски или си се прошетаа една година низ „големиот“ град ги боли таквото. Која економска криза иначе? Па скопјани се едни од посиромашните, ако веќе глобализираме. Кажете ми кој од провинција нема нива? Кој нема фарма?? Ако веќе вмешавме политика, субвенциите да не се мали случајно?? Не дека скопјани не можат да имаат нива или фарма, ама ете се занимаваат претежно со административни работи. Додека јас идам со автобус на факултет и немам абер дека некогаш ќе добијам кола од моите, они на факултет ми доаѓаат со различни коли, секој ден акаат низ продавници секој ден се во нешто ново. Јадат исклучиво во ресторани, искачаат секој Божји ден, а јас штедам 6 месеци од се за да отидам на одмор. Пак ќе кажам, не важи за сите, фала богу, кој си успеал си успеал алал да му е. Ама во глобала што сакате кажете провинцијалците имаат повеќе пари. Значи по стоти пат да се вратиме на темата, не е ова кој е подобар и кој е поголема конкуренција, туку зошто кога имаат свои факултети доаѓаат пак во Скопје? За кадарот расчистивме, дипломата исто се вреднува, ако веќе спомнувате економија, во банка ќе се вработи тој што има врски, а таму само ќе му ја погледнат дипломата дали е од државен или приватен факултет, а не дали е од универзитетот во Скопје или во Штип. И ај размислете колку од вработените било каде низ градов ви зборат скопски? Јас искрено се помалце ги приметувам било да е во банка, продавница, бутик, ресторан, кафуле,болница. Ај барем да дојдат да студираат и да си одат, ама остануваат овде. И колку од нив се учени од дома да дојдат во Скопје и СЕ да направат да останат? (не сите нормално, кој ќе се навреди си ја има мувата на капата) А нивните родители усвари не сфаќаат дека ги праќаат во град, во кој веќе НЕМА ни работа, ни добри услови за живот. Кога зборам со некого не го слушам неговиот дијалект туку вредноста на зборовите кои излегуваат од неговата уста, ама да ми извините Скопје се угуши од пренаселеност и повторувам, во него не останаа ни 50% Скопјани. И да тоа ми смета.
     
    На anastasijaki и passion.for.fashion им се допаѓа ова.
  16. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    не си им менаџер на другите факултети па да се секираш за нив ;)
     
    На eutixismena и Denna им се допаѓа ова.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Дискутираме де, не сум им, туку зошто сите да доаѓаат тука, а другите да се празни? Ме нервира тој дисбаланс, тоа е тоа.

    Многу од нив, иам слушано и како доаѓаат тука да се омажат почитуваните девојки студентки од други градови. Будала е некој да дојде во подобро, и да си замине назад во своето место, дај молим те. Во однос на пренаселеноста, не сфаќа никој тука што сакам да кажам ја во милион постови.
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Да беше барем малце подобро, никако да се сфати дека и Скопје е веќе дно дна. Која разлика само, јас да имав можност одма ќе се тргнев од гужвиве и ужасната напнатост, а некој се труди цел живот за да дојде овде.
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Се прашувам зошто за на Сорбона имаш листи на чекање на факултетот а во Јурумлери што отвориле факултет е празно - ајде сите у Јурумлери да пополниме шуплини :^)

    Добро, нели е јасно ко ден? Секогаш главните градови биле и се административни, културни и образовни центри. Се додека некој не понуди да речеме за македонски стандард нешто поарно во Македонија - не е возможно да се очекува некаков баланс и урамнотежена распределба на студентите во сите градови каде што постојат факултети.
    Впрочем, универзитетското образование е работа на избор. А ако мене ми кажат дали сакам Барселона или мало гратче со едвај илјада жители високо на Пиринеите, секако дека ќе ја бирам Барселона - према мои стандарди, и невозможно е жителите од Барселона да ме ишкаат као - е капацитетот на градот е пополнет, слушај ти ни ја полниш жичарата, ај ако може да те прашам нешто - ај мрш оттука!

    Каааде бе? :)

    Кога почнав да студирам мојот избор сосема спонтано падна на Скопје, затоа што бев дома и во Скопје е факултетот на кој што сакав да студирам. Да ми нудеа нешто подобро во Тетово ќе отидев таму.
    Студенти од други градови еден куп, да не речам провинцијалци без никаков подтон (да не ме разберете погрешно). И што сега? Борба за опстанок бе! Онаа од Неготино не успеала, ама таа колешката од Куманово успеа. И? Да ја пуцам ли? Не. Јас исто така успеав.

    Впрочем кој е проблемот тука? Искрено мене билокој од Прилеп, Штип, Охрид, ма од кај и да е да ме праша еве утре - дали го советувам да дојде во Скопје, ако е тоа негова желба и може да си го дозволи тоа - ќе му урлам со задоволство ДА! А не уште и да го бркам :?:
    Работава, Скопје е мој град ахам а јас сум негов, али која сум јас да ставам рампи за - ти може да влезеш, ааама тебе ќе ти напраам Олимпијада СТОП! :D

    И да се надополнам за крај - детски муабети ви се кавгиве и не разбирам како у секоја втора тема ќе се најде некој кој ќе ја повтори кавгата од темата - Скопје вс провинција. Навистина е здодевно и некако неубаво :|
     
    На BoaVista, FortuneTeller.xD, Hipica и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    [mod-vulgarnosti:33hp743i][/mod-vulgarnosti:33hp743i]