1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на факултет? Во Скопје или може некој друг град?

Дискусија во 'Образование' започната од gurgica, 24 март 2010.

?

Каде е подобро да се студира?

  1. Во Скопје

    159 глас(а)
    75,0%
  2. Во некој од помалите градови

    53 глас(а)
    25,0%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Кога ви го нема постот е избришан со причина, а не пак да го испраќате. И дискусијава не е Скопје и провинција, не сме тука да се навредуваме, туку да дискутираме. Доколку се продолжи вака ќе следуваат опомени.
     
    На BurstBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Реално гледано, дискусијава се претвори во исправање на криви дрини. Нит плавуша ќе ме разубеди мене да не дојдам во Скопје, нит па јас ќе разубедам некого да дојде да учи. Секој си оди по својот памет и по своите можности.

    Изначитав се и свашта, од тоа дека провинцијалците иделе со коли па до тоа дека сите имаме ниви и фарми. Конкретно на Јојоба, сакам да и одговорам бидејќи си ја почитувам како форумџика :) , е дека нема врска. Не викам дека ти си имала поинакво искуство, ама од тоа што јас гледам, повеќето провинцијалци, меѓу кои и јас за некој месец, одвај преживуваат месечно, а не пак да јадат во ресторан секој ден. Има исклучоци, еден на сто, се наоѓа и некој таков, ама повеќето... Ај донт тинк соу... :?:

    Пак ќе речам, муабетов што повеќето го вртиме тука е гола вода. Некој поискусен да дојде и да каже тој како поминал да, ама да кажуваме самите ние како ќе биде... Е тоа не признавам. Затоа велам, по 10 години ќе видиме што и како.

    А од конкуренцијата, воопшто не треба да се плашите, ниту пак да ви претставува опасност. За мене, конкуренцијата е дополнителна мотивација. ;)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Иам слушано? Епа јас да тврдам и да се фатам како слеп за стап, нема да биде тоа од рекла-казала, т.е. од слушнато, туку од факти.
    доаѓаат тука да се омажат почитуваните девојки студентки од други градови? Како тоа имало вишок ергени а јас да не знам? :^)
    Будала е некој да дојде во подобро, и да си замине назад во своето место? Викајте ме будала, мило ми е. Ете и будалите можеле факултет да завршат и да магистрираат. Ама мажачката им се лизнала низ прсти. |(
    Мене пак ич не ми смета што во тазе отворениот Економски факултет во Струга нема жива душа. Драго ми е. Плаќаа децата, а настава немаа, ниту полагања, значи само парите им протонаа.

    А како тоа ти сметале гужвите? Ехееее ајде сега мене во Струга туристиве да ми сметаат. Море има да ги бркам и да наредам само стружани да се капат во Црни Дрим. И во струшкиот дел на езерото. И точка. Не сакам гужви. Не сакам да доаѓате тука да ми јадете, пиете, зборувате на дијалекти...!!!
    Секако. |(

    Уште еднаш, од се срце и со добра намера, кога не го знаеш коренот на работите, не труди се со површно гледање да го менуваш светот. Забрана за Скопје да дава жителство? Од толкава агресија со која го браниш локал-патриотизмот, отиде до крајности, па гледаме зошто на нивното височество локал-патриотки им се бришат мислењата.
     
    На kara23, eutixismena, FortuneTeller.xD и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не сите ама поголемиот дел,никаде не спомнав за сите,прочитај убаво пред да напишеш.Реков не знаат да читаат(на поголем дел од студентите,затоа така се изразив,можеби погрешно) не значи дека мислев за сите.Се јавува да прочита домашна излегува пред 150 ученици и и шепоти на професорката:Незнам да читам.Друг прашува,не напишал домашно затоа што незнаел како да го напише насловот и ред други примери кои не мора да ги напоменувам за да ја кажам ситуацијата.Е драга девојко,утре тој што не знае да чита или пишува ке набуба лекција,или ке препише сеедно ке има поголема оценка од тебе или пак иста а на крај ке имате иста диплома,ке се вработи пред тебе а ти ке се молеш за место за работа.Сфакаш сега која ми беше замислата за тоа што го спомнав?Срамота е што сепак има и личности кои навистина знаат и ги има во мојот отсек ама не можат да напреднат зошто ни предаваат професори што бараат одговор од крајот на книгата или чекаат професорот да се врати од Америка.Па трошење на време и пари е тоа.Срамота е вака.
     
  5. tanja88

    tanja88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Добро бе луѓе мене стварно не ми е јасно што толку паника се дига за факултети? Мора ли да значи дека тие што студираат во друг град ( освен во Скопје) добиваат гратис дипломи?? Па и таму предаваат доктори на науки..Па ако студирам во Скопје кој ми гарантира дека ќе добијам некое министерско место а ? Оние што не учат нека му мислат или пак оние кои дипломата ја добиле поради тоа што татко му е доктор на науки или висок државен фукционер.Имам братучетка на Медицински факултет во Скопје и ми вика дека за да станеш доктор по општа медицина треба си дете на некој богаташ или професор од факултетот( што е случај со албанците зашто ни најмалку не учат а се имаат положено ), додека ако си дете од средна класа ќе бидеш само медицинска сестра ништо повеќе !! Кажете ми колку од тие што завршија во Скопје се запослени,а кој си учи каде и да е ќе биде ист и материјалот е ист.Па и јас ја имам завршено гимназија со 5.00 просек па некој да не ме пофали, сите се запишаа на факултет па и јас (ќе завршев и медицински да имав врски со деканот ама немам :worried: ) Без потценување,ќе ве молам..
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  6. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Ниту се препукувам ниту се мешам, само ќе си дадам и јас свое мислење. Не само тука, туку секаде упорно се тврди дека само децата од Скопје учат, дека за една оценка се изнамачени за да ја добијат на нам „провинцијалците“ од небо ни паѓаат оценки. Многу убаво е нешто да си мислите, ама не ќе биде лошо да дадете и по некој аргумент :?:

    Ете ви чист пример, се пријавив за стипендија на Фон сите имаа право да се пријават независно дали од Скопје или од провинција. Исти тестови за сите, се бара знаење значи ЗНАЕЊЕ независно дали е стекнато во провинција или во Скопје. И зошто кога толку повеќе се учи во Скопје, некои скопјани имаа претежно дупло помалце бодови од нас провинцијалците кои очигледно ништо не учиме. Ете ист тест. исти критериуми, нели ние немаме знаење како сме можеле повеќе поени да имаме тогаш :wasntme: И уште само еден факт, случајност или не од десетина кандидати кои добивме целосна стипендија две сме од моето школо, кој е само едно микроскопско делче за разлика од Скопје, а и од толкаве Скопје исто двајца има :^)

    Не велам не, има Скопјани кои многу учат и се трудат да постигнат нешто но немојте да велите вие учите ние не учиме. Ако сте толку самоуверени не ни треба да ве плашат, „ситни риби“ како нас кои и така немаат шанси да конкурираат на вашето „огромно“ знаење. Секоја чест на тие што сами се трудат да успеат во животот, а ги има секаде и во Скопје, и во Гевгелија, и во Битола, Штип .. Ма кој е добар нека си просперира, јас си знам како е кога за се треба да се пробиваш и трудиш сам без никакви врски.

    Ама едно запаметете, вам ви е и полесно. Друго е кога ќе си одвоиш од џебот и од храната за да плаќаш ќирија и да учиш, за да успееш во иднина. Јас да не случајно идам во Скопје да се омажам, или да се журкам :x Не! Идам од зорт, оти така ме натерал патот, оти ако останам во мојот град нема да можам, да ги остварам амбициите кои ги имам во однос на моето образование. А не гледам зошто некому би му пречело нашето присуство. За квалитетен кадар секогаш има место под академското небо нели :) Ако се сметате за доволно квалитетни, не гледам причина да стравувате од некој трет.

    Да прокоментирам конкретно на темава, на факултет во Скопје како што знаете ќе си ја искористам целосната стипендија на Фон па нека ни е со среќа на сите идни бруцоши :)
     
    На FortuneTeller.xD, zhap4e, baguf4e и 9 други им се допаѓа ова.
  7. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Има луѓе, нелуѓе и скупјани ! - Игор Џамбазов :D

    Да не одам оф топик ... Студирам во Скопје затоа што МОРАМ значи одам да си ја земам дипломата , од проста причина што квалитет како во Скопје не можам да најдам во Битола , Кичево , Тетово .... Тоа е мојата причина... Точно е дека некои си одат и од 16 причина , уште поточно е дека на некои (скопјани , а немаат ни с од скопско во нив мајка и од запад македонски таткото од истокот ) и то по автоматизам они се скопјани |( :tmi: како и да е ... им смета што Провицијалциве им ги земале работните места ... |( Секој си бара подобра иднина бе сестро :!: . Што се лутите , што се чудите ? :^)

    Да ви предложи некој т,е да сте во можност да одите на пример да студирате во Словенија ,Хрватска би одбиле ? ! :^) Колку ги има такви ? :wasntme:
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Каде на факултет? - Одоговор: во Скопје.

    Татко ми и мајка ми црнчат, покрај редовната работа имаат уште две сезонски за нели јас и брат ми да можеме да студираме во големиот град.
    Искрено во план ми беше (пошто вака од провинција многу пари имам) да си патувам секој ден релација Охрид-Скопје со Галеб, ама ништо од планот... нивите ни ги фати суша, на фармата ни умреа 20 овци, па морам да се задоволам со стан од 50 квадрати кој го делам со уште двајца и пола час пешачење до факултет.

    |( :puke:
     
    На zhap4e, Victorya, cigarce и 2 други им се допаѓа ова.
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    зошто само да си се карате :)
    може некој да ни забрани кај сакаме да студираме?
    некоја од форумџикиве ни плаќа ?
    абе да ни се живи и здрави родителите !
    а тоа гужви,други градови,провинцијалки :D
    смешно ми е коа некој навредува некој без притоа да го знае значењето на зборот !!!
    ама знаете сеа конкуренција голема здравје у август на уписи и ајдееее удрете :D
    него и за тоа матурата видов се купувала нешто :lol:
    па да бе да ! јас можам да ви тврдат дека Васил Антевски - Дрен ги имаа прашањате по Македонски !
    и сеа што правиме? кај се провинцијалките да рушат просек?
    или и покрај прашањата се нема знаења колку нив?
    да не бидам сватена погрешно Секоја чест за девојките од другите градови !
     
    На zhap4e и esperanca им се допаѓа ова.
  10. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Планирам да се запишувам во Штип, од проста причина што ако учам во Скопје, ќе треба да седам во студентски. Не дека тоа ми е понижување, далеку од тоа, не сакам да бидам погрешно сфатена, само не можам да учам седната на стол (мислам на читалната) и пребирам многу за јадење.
    А да седам Скопје во стан, не иди во предвид, не планирам моите дома да умираат за јадење буквално за јас да сум сместена комфорно.

    Вистина е дека факултетот во Скопје е далеку понапреден во однос на Штип, особено праксата (конктерно зборувам за медицински факултет), но ако човек сака да учи, и ваму и таму ќе учи и ќе заврши, ако се запишува колку ради-реда и на три факултети да се запиши, и три дипломи да има џабе е. Поважно е искуството што се стекнува во текот на работењето отколку факултетската диплома.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Значи еве ја мојата приказна..сега ќе одам 4 година,од битола сумм..а на факултет сакам да продолжам на јазици,знам дека ми е рано за размислување..ама сепак си врви времето,со оглед на то шо сакам да студирам во Скопје со цел за подобар живот и сл..мислам дека факултетите во Скопје се нешто поќе од Битола,дипломата нема да биди иста, ако завршам Педагошки во Битола , или Филолошки во Скопје, сепак е различно,мајка ми ич нејќи да студирам во Скопје зато шо ич го нејќи како град,и стално ми вика да се запишам тука, ама дефинитивно нема да ја послушам,сепак се работи за мој живот,за моја иднина,и за она јас шо сакам да го работам во иднина, од друга страна сакам да стекнам независност,самостојност,сама да одлучвам за моите постапки,сама да си прам за јадење,сама да си ги перам алиштата оти стално е Мама меси,Тато Носи.па еден ден ќе ви се здосади од ова а и треба самите да си створите навика за живот а мама и тато нема да бидат тука ко ќе створите фамилија ;)..Мислам дека овај дел од животот е најубавиот дел и секогаш ќе го памтиме,и вечно ќе го бараме да се врати,мое мислење ако имате можност да студирате надвор од својот град, држава и сл..не се двоумете ама ич! ;)
     
  12. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Плавуша некои кометари не ти се на место како од кутура да ти се тупнати. Неможев, а да не прокоментирам на ова погоре и да те прашам имаш прошетано низ Македонија? Имаш излегувано по други градови па знаеш дали е гужва или не? Е кога сме веќе кај тоа ти си релативно млада и очигледно не знаеш пред да се отвори штипскиот унервизитет колку беше тешко да се добие место во Скопје во студенски дом, а сега знаеш колку е ич па ни толку! А знаеш зошто е така? Затоа што Штип ги презема студентите! И дај ти се молам биди благодарна на останатите факултети баш поради таа конкуренција на економски во Скопје страшно се намалени критериумите! Јас ќе ти кажам нити дипломирав во Скопје нити ќе магистрирам во Скопје од проста причина што мојов смер го нема во Скопје! Мои другарки дипломираа и оставиа купишта пари по Скопје и верувала или не пак си се вратија дома и не ви ги украдоа ергените :)
     
    На kikkki, Victorya и esperanca им се допаѓа ова.
  13. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски

    За се си во право и целосно те поддржувам, само имај на ум, дека не ти се исплати во однос на кариера не во однсо на лична надоградба и созревање,да фрлиш толку пати за престој како и за пат еднаш два пати месечно ќе мораш да се враќаш битола, кога посел студирањето нема да те третираат ништо подобро од големиот број тиквари или деца кои не биле финансиски способни и студирале на педгошки, ако немаш партиска книшка,иако филолошкиот во Скопје е каде каде подобар. Размисли уште еднаш дали вреди да одиш СК или за време да на студентските денови да си најдиш подобар начин да се пробиеш во Битолата.
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Cкопјанка сум, ама учам во друг град!
    и да, можам да кажам дека ми е супер бе! Cи го учам тоа што го сакам тако званите провинцијалци на тој факс ми се супер деца, значи тоа е чудо како ми имаат помогнато на колоквиуми!
    Pака на срце, јас искрено никогаш не би го мењала факсов за некој си пишлив скопски факултет, со распрдени фуфи наоколу |(

    Eдит- Cега замисли мене да ме ругаат зашто јас сум Cкопјанка и не сум како нив :^)
    Mе прашале само зашто од цело Cкопје тука си се запишала :D ?
    Jас им викам е добро де, ако живеам во Cкопје треба таму ли да учам ? :D
    Jас сама си го одбрав факсов, и да бидам искрена, нити поглед не фрлив на нашиве факултети, зашто дефинитивно ни на крај памет не ми беше во Cкопје да учам бе
    A кој каде сака ќе си учо побогу, секој има право сам да си ја гради иднината и да си одлучува за себе :!:
    A вие јаките скопјанки, па прашајте си ги бабите и дедовците од каде се, да не се случајно 100% скопско потекло... ау да да :lol:
     
    На eutixismena, Victorya, The-Queen и 4 други им се допаѓа ова.
  15. zara

    zara Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    28
    хахаха...у коим си ти фазона човече???
    кој зима толкава плата ????
    и шо работи конкретно ???
    кажувај за да се спремам документи за префрлување на информатика ЏД
     
  16. blonde.92

    blonde.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    33
    Јас сакам Тетово на штулов англиски јазик, но мајка ми не ми одобрува сама да одам ..... :?: размислувам скопје на ФОН на политички науки или јазици ...
     
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Совршенство, Штип е развиен универзитет, фала богу некој друг развиен а да не е УКИМ, и баш ми е мило, тоа ја расчистува гужвата до негде, ама не баш. Пак повеќето сакаат во Скопје и не се спуштаат критериумите тука, спомна на економски нема врска, лани на финансиски ми кажуваа последниот во државна над 96, а во приватна 93 ми рекоа и ја се запрепастив мислев барем со 91+ влегуваат во приватна. Се повеќе конкуренција има во Скопје од година во година тоа е јасно, особено на правен и економски и се повеќе се крева критериумот.
     
  18. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Плавуша по се изгледа дека ти се плашиш од конкуренција, односно од самиот факт дека и провинцијалците одат да учат во Скопје па веднаш се исполнуваат квотите и помали се шансите за примање доколку немаш јаки бодови.
    Еми ако е вистина твоето тврдење дека провинцијалците имаат поклонети петки, нема причина за страв. Ќе си влезете вие скопјани со вашите масакимални бодови, а провинцијалците затоа што ништо не учат ќе имаат слаба матура и нема да ги примаат бидејќи ќе нема слободни места. Ама очигледно е дека и на најбараните смерови има доста деца од други градови, тоа говори дека истите тие имале добри оценки на матурата па и имаат доста заслужени оценки, а не како што тврдиш ти. Ако беше точно дека слабо учат, сите ќе имаа лоша матура и ни еден немаше ни да биде примен во Скопје, барем не на појаките и барани смерови каде квотите веднаш се пополнуваат.

    А ти ако имаш толку големо знаење, т.е вие од Скопје повеќе би ви одговарало да имате провинцијалци колеги кои нели немаат капацитет па така ќе ви е полесно да се истакнете и да бидете најдобри. Ако се сите скопјани, кој од кој поучен ќе немаш можност ти да се истакнеш како поединец. Ако е точен фактот кој упорно го тврдиш дека децата од други градови немаат квалитетно знаење, ако размислиш логички повеќе ти одговараат како колеги во твојата средина, за ти да бидеш лидер бидејќи ним очигледно потешко ќе им оди. Размисли убаво, па потоа дури нешто тврди.
     
    На BoaVista и Victorya им се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Редактирано од модератор!
     
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    karina8 доби целосна ситипендија од ФОН? Ти честитам од се срце за постигнатиот успех на прекрасен начин се наградени твоите квалитети :)

    Плавуша повеќе нема да те цитирам и нема да ги коментирам твоите мислења сеуште е рано да си толку огорчена спрема провинцијалките најпрвин запишисе на факултет види што како е па коментирај. Многу би сакала овој муабет да го правиме после две - три години одкога ќе го осетиш студентскиот живот и сигурна сум дека многу поразлично а воедно и позрело ќе размислуваш. Секое добро!
     
    На FBI, Victorya и karina8 им се допаѓа ова.