1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на факултет? Во Скопје или може некој друг град?

Дискусија во 'Образование' започната од gurgica, 24 март 2010.

?

Каде е подобро да се студира?

  1. Во Скопје

    159 глас(а)
    75,0%
  2. Во некој од помалите градови

    53 глас(а)
    25,0%
  1. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    И сега мислиш интересна си :) Само колку да си знаеш на фармација со моиве бодови да одам да ги предадам документите , не се ни плашам дали ќе бидам примена. А ако се плашев јас од конкуренција немаше да се пријавам на место каде што со целосна стипендија влегоа само 12, е тоа ти се вика конкуренција од енормен број пријавени да влезат само 12 може и ќе разбереш некогаш.
    Очигледно е дека ти пречат провинцијалците, ти имаш мака е не ние. Мене ми е лесно јас сум примена, ти гледај некој „провинцијалец да не ти го земе местото, зошто очигледно ти си онаа што се плаши од конкуренција, мене тоа ме мотивира а не ме плаши. И не биде досадна повеќе заради тебе темава оди во поргешен правец. Се надевам ќе те примаат кај што сакаш, јас на време си ја наредив ;)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не сум огорчена, кажав нешто такво? Генерализирав поим провинцијалки? Едноставно само ми смета пренаселеноста која ја прават најмногу тие кои доаѓаат на факултет, а истиот го имаат кај нив. Едноставно, не е логично, не е претпоставено така да биде. Ама очигледно за нашава држава џабе е се`.
    Истото го зборам и за Скопјаните кои одат на медицина во Штип, а има тука, ама не можат да влезат и ајде во Штип. Имам другар така што направи, и истото му го викав, што? Зошто да оди во Штип имајќи тука факултет? И тоа тој не можеше да влезе, па имаше причина. А матурантките од други градови кои доаѓаат тука не верувам дека таа им е причината, тоа е се`. И не се препукувам.
    Карина, ти се плашеше пред да ги дознаеш бодовите, и да, ти си досадната која ми реплицира и повторно ме тера да го повторувам истото :* .
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Eпа може детето тоа сакало да учи, и сега не го примиле во Cкопје и што да прави??? :^)

    да оди на економски(пример) само поради тоа што е Cкопски факултет, а сака да учи медицина :?: !
    Hекако нелогично ми е, ама ајде!
    Pаботава е Cкопјани во Cкопје, тие другите кај било само не во Cкопје :rofl: Tешко :lol:
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Плавуша, дојдов во Скопје за да ти го украдам дечкото и да се мажам за него. Слушам повеќе сакал бринети отколку плавуши.

    Ќе те задоволи ваквата изјава? Ти ја потхранив желбата за самосожалување дека провинцијалките вам Скопјанките ви ги земаат мажите?
    Еве ти еден совет: во Скопје се запишуваат и момчиња од провинција. Фати си ти еден, мажи си се во провинција и таман дечкото сигурно има нивче некое, ќе си садиш пиперки и домати и ќе си се сакате до крајот на животот. Мора малце размена да се направи, да се промешаме малце. Таман ете ќе се жртвуваш ти за твоето Скопје, да не биде толку населено, една помалце.
     
    На Brojka, MG3, Rocker и 31 други им се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Еј, ако веќе се препукуваме и играме дрти, тогаш чесно и одговорно тврдам дека ако карина не учи, тогаш не знам кој учи. :fubar: Па многу нормално дека била загрижена дали ќе влезе во државна квота, и јас бев исто испотресена пред да ги дознаам резултатите! 200 евра од семестар менуваат многу, барем мене ми менуваат.

    Ако некого не го примат на факултет, јас имам само една причина поради тоа - не си го згреал столот за матура/во текот на средното образование. Други приказни дека тоа е поради останатите, поради преголемата конкуренција, поради врските итн итн, не признавам. Ми кажуваа басни и епови околу тоа како било невозможно да се добијат добри резултати на матурата, како и со тројки ќе сум била пресреќна. Епа, сега на истите тие им кажувам да се затнат, затоа што, прво, извадив две петки, а второ, затоа што и по ланските стандарди ќе ги имав истите оцени.

    Кога се сака се се може.

    п.с. И најдобронамерно и порачувам на Плавуша - сега ќе рече како слеп за стап сте се фатиле :D - не верувај на се што слушаш. Затоа што ти само и тоа го кажуваш - како ти кажувале, како овој така направил, оној му направиле така... Помини низ тоа, па потоа кажувај. Вака само набројуваш стереотипи. Не можеш сите да ги класифицираш во група скопјани или провинцијалци. Ниту пак треба да ги класифицираш во било какви групи.
     
    На Victorya, FortuneTeller.xD, karina8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.151
    Допаѓања:
    46.869
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против луѓето од внатрешноста, не ни можам да имам, имам дечко кој не е од Скопје :) и јас да не бев од тука сигурно дека ќе гледав да се снајдам некако, но што е претерано е, во Скопје не се диши веќе, или како што спомна еднаш Трендо во една негова колумна " Скопје е како бремена жена во деветти месец, веќе е касно да ги затвори нозете " :lol: Не се криви луѓето од внатрешноста , крива е локалната власт, градов е планиран за 300.000 жители , а сега има приближно 700.000.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.862
    О Господе, што читам?? Не сте нормални жими се.. Скопје = Њујорк.. Не бе боље е, а мочанион УКИМ е Хардвард... Уф, убаво што ме просветливте, ќе си умрев без да знам дека студирам на Харвад, а живеам во Њујорк... Абе ајде.
    Тие што уште не сте на факс, не се летајте да донесувате заклучоци пребрзо, зошто ќе се разочарате...
    УКИМ е неорганизиран, несреден, смрди, има исфрустрирани професори и уште уште поненормални чичковци и тетки на студентски прашања.... Има и луѓе кои мислат дека светот го освоиле зошто ги примиле во државна квота ( :clap: ) па пишале куб и такви кои заради х-причини влегле во приватна, па завршиле пред време.
    Не знам само што се замарате толку. Јас кога се запишував, ни на крај памет не ми беше *конкуренцијата од внатрешноста*.
    Запишете се, па видете колку е прекрасен УКИМ, а ако толку ве бива, слободно аплицирајте во странство. Бар за Македонија (како неразвиена) даваат многу стипендии, па таму нема да се замарате со провинција, зошто вие ќе бидете провинцијата.

    едит - Конкуренцијата на пазарот, и немањето на работни места е резултат на тоа што факултет денес може да завршат 85% од оние кои се запишуваат. Критериумите за поминување се симнати на најниско можно ниво и затоа секој 2 добива диплома, со која може газот да си го избрише, без разлика од кој факултет во Мкд му е. Неможе бе да се заврши правен и економски само со испити на заокружување без да се има еден усен испит поминато... Неможе и крај. Не за џабе порано се студирало во просек 6 години, а сега сите завршуваат за 3 ипол.. тоа јас го викам, стратегиско оглупавување на масите.... АКо незнае, ќе молчи, и убаво ќе му биде...

    ПС. КАКО МОЖЕ да кажете дека тие што немаат факултет се поглупави??? Нели имате дома некоја баба која што ви дава најубави совети, и знае толку многу работи???
    Факултетот не те прави човек воопшто, и неможе да ти всади домашна култура. Па ти и од Париз биди ако сакаш.
    Уште еден едит :$ Имам другар на Колумбија Университи студира, па не се фали толку колку што се фалат некои УКИМовци
     
    На julie77, al-vik, zara и 2 други им се допаѓа ова.
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Плавуша добро разбравме што ти смета и кој ти смета. Ами тогаш што мајка барал татко ти во Загреб да студира електро или од друга причина отишол таму, можеби за да се ожени :^) :wasntme:
    Не му префрлаш нему вака, што допринесувал за пренаселеноста во Загреб :?:
     
  9. fatbeautiful

    fatbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    58
    Па кога би ги имало истите услови како во Скопје и во другите градови,тогаш нема да го полниме Скопје ќе можите да се ладите,али нема услови па затоа сега ќе го полниме Скопје и ќе се бориме за место во факултетите.Види плавуша не е убаво од твоја страна ова што го зборуваш бидејќи не знаеш како е на другите факултети јас сум помала и рано ми е за на факултет,но кога ќе треба да одам ќе одам во Скопје бидејќи сите мои блиски што имаат завршено и што се во добра позиција завршиле во Скопје.Тоа е мое лично мислење,сега некој може да се противи,но мразам дискриминација :^)
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не студираше во Загреб, туку во Белград, а потоа беше и во Сараево и Електро и Воена академија има завршено. Електро студираше таму затоа што го викнаа од Воената академија и отиде ради тоа тој таму,и сега е еден од поценетите да речам, значи аплицираше тој само па тие го викнаа, значи тие бараа луѓе од цела Југославија тогашна, а да те викнат во бивша Југославија баш на таа Воена академија е престиж. А на електро се запиша зошто отсекогаш имал желба за тоа и тоа му одело, а според него само со Воена академија не сакал да остане, и еве го сега со 2 факултети :) А во врска со женидбата, има избегано од истата Воена академија за да отиде кај мајка ми на матура, ама заради високите резултати постигнати останал таму, и бил доста бунтовен тогаш, ама нема везе тоа битно издржале.
    Значи не реков дека сите доаѓаат да се мажат тука, реков дека има и такви случаи.
     
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Аплицирал па го викнале :D Јас мислев го викнале па аплицирал |( :lol: Еми не морал да аплицира, си имал во својот град факултети ако одел според логиката на ќерка си.

    Еми знаеш и ние од провинција аплицираме само во Скопје, па тие после сами не викаат :wasntme:
     
    На eutixismena, zara и AlicaInWonderland им се допаѓа ова.
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    :D :D Леле бе деца, имала просек 5.00 :D нирвана еј, 5.00....
    ах времиња, моментот кога учителката ќе ти пише 5ка на рака, прајслес :D

    Ај прочитај се што си пишала, ај пак....сега сфати?
    И сама кажа дека во Скопје кај Шуклев треба да си учиш и е тешко, а во Штип секако си имаш диплома...хм. Некако контрадикторно од сите предходни постови каде упорно се обидуваш да докажеш како е исто, и сите да си седат по своите градови

    А според твојава диштнс теорија, јас ако сакам да се запишам на квалитетен факултет во Виена, економски....не треба да се запишам зашто ете Штип ми е поблиску и таму имам економски. Значи ги занемаруваме сите останати фактори. БИТНИ СЕ КИЛОМЕТРИТЕ
    Дај жити се не ми збори за пренаселеност. Ко за Њу Јорк да збориме ебате.
    Ако ти смета пренаселеност еве ти го Берово, седи си на раат, ни гужва ни собраќај, ништо. Има лек за тоа.
    Ако на скопјани им сметаат прилепчани, тогај њу јоркчани треба масовно за се самоубијат ради кинези :D

    Јас сум од Штип, универзитетот ми е на 5мин од дома пеш, ама јас дојдов во Скопје. Гледај да не ти го начекам дечкото оти спремна сум за мажење скопјанец :devil:
     
    На MaxyMax, Dgirlll, eutixismena и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ама од толку луѓе кои се пријавиле тој не ни очекувал, па му стигале писма и покани, па фатил авионот, ама тоа е странство :!: А во својот град воената академија тогаш како што си е единствена во земјава колку што знам, што била Македонија во споредба со останатите држави од Југославија тогаш и затоа не пробал тука, туку таму. А за електро сеедно му било, сегде и било српско-хрватски. Туку ти ја сфатив поентата, сакаш да кажеш дека како што тој отишол во странство што и не било баш странство туку други држави од заедничката Југославија, така и од други градови доаѓаат во Скопје. Само, тогаш не оделе сите баш на воена академија и тоа таму, туку кој каде и немало гужви како што има тука денес, особено на правен, економски пр. во Скопје се сконцентрирани многу голем број студенти, а кај него не баш, од секоја земја од различни градови по не знам колку души, ама немало гужви и не иделе сите на воена академија, а на електро па ич, така да тој не придонесувал до гужвата што ја немало барем кај што учел тој.
    Алиса, не реков дека сите доаѓаат да се мажат, а и сама знаеш дека има такви случаи и со таква намера која врска нема со учење, само не знам што ве погодува тоа вас што немате нели таква намера, кога не реков дека сите со таа цел идат, секој со различна цел, а ако не ти е таа нема што да се потресуваш, исто и Хипица. Ако немате што со тоа, нема што да се навредите во мојот пост дека има и таков процент што доаѓаат со таа цел де, ако не сте дел од него.
     
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    дефинитивно мал град.. прво нешто го вкусуваш тој студентски живот се ке ти биде многу поинаку и ново и интересно.. помал град. освен што ке мораш да плаќаш кирија е многу поевтино башка ке запознаваш нови луѓе итн :) јас сум во штип и супер ми е искрено
     
  15. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    И заборавив да спомнам пример. Со другарка заедно отидовме на економски на УКИМ, заглави на прва година, и останаа испити, неможеше да запише 2ра и се врати во Штип на Гоце Делчев. Заврши пред мене, со просек 9 и земаше стипендија
    Факт е дека е полесно. А автоматски и квалитетот му опаѓа и нивото
    Не се криви студентите, ниту ги потценувам туку едноставно се бара многу малку од нив, а високи резултати.
    Среќа за оние што немаат во план загревање столче, ама жално пак е за оние капацитет студенти кои нема да можат да се истакнат ради овие другиве. Зашто сите таму се со висок просек и 10ки. А на УКИМ се знае кои може да имат 10ки

    Плавуша се во ред, тоа за мажењето е забанција. Ама ти не обвинуваш за пренаселеноста во твојот град, коа нема никаква врска со нас, ниту пак ние сме криви што факултетот е таму.
    Да можев јас да си дозволам студирање во светска метропола, со цело срце ќе ти го растеретев скопјето за едно место, ама неможам.
    Од она што јас можам да си дозволам, како и повеќето, најквалитетната и најдобра опција ни е УКИМ. Жално, ама тоа е тоа
     
  16. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Студентите од надвор биле никакви.....можеби - време на хормони, препуштени сами на себе, јадат што ќе најдат, а до тогаш се` мама им припремала по дома. Ме интересира само едно: Студентите од Скопје што студираат надвор дали ова истото го прават, или тие се страшно градски воспитани и кај нив не работат хормоните? Муабетот ми е - сите млади сме такви..

    Се е релативно, и нема врска со локал припадноста на човекот, туку со карактерот и домашното воспитување.
     
    На AlicaInWonderland, BurstBerry и velesanka им се допаѓа ова.
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Леле плавуша лиѓето на месечината се качија уште малку и таму ќе почната да студираат, а ти си се фатила Скопје па Скопје. Ако толку си самоуверена во твоето знаење што ќе се бавташ со провинцијалци земи аплицирај си на некој врвен светски унервизитет фино лепо доби си стипендија и чао пријатно провинцијалци! А очигледно треба да се прошеташ низ Македонија да видиш дека цела Македонија не е само Скопје сите коментари си се сувишни и со ова оставаш впечаток на ограничена девојка ( извини ама ова е најдобронамерно ). Дури сега сфаќам колку голема среќлика сум била што Нестудиравво Скопје, кој знае до сега сигурно ќе сум била мажена :lol:
    И уште нешто моја другарка од Св. Николе (провинцијалка ) која во средно не беше со 5.00 дипломира во рекордно време ( јуни) и + кај Шуклев имаше 10 :)
     
    На eutixismena и Cka им се допаѓа ова.
  18. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    Плавуша па можеби и провинцијалците аплицираат ама не очекуваме да не примат (исто како татко ти ) па кога ке дознаат дека се примени пакуваат куферите и тргаат :D
    и да татко ти е крив за пренаселеноста во Белград :!: :!:
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Абе Совршенство, прошетана сум низ Македонија јас, туку со извинение (не саркастично) другите градови не ми се допаѓаат колку Скопје, што е логично не дека живеам тука, туку дека во него најмногу се инвестира, се гради, главен град дека итн. Има убави места, градови имам викендици во Западна Македонија таму па е преубаво, ама не ми се седи повеќе од недела дена носталгична сум ете таква сум и не ни сакам во странство да одам да аплицирам за стипендии иако размислував и тоа ама нема да издржам јас, убаво ми е тука мене, дома си е дома. Имам зацртана цел и терам по патот на кој сум сега..А за тоа Скопје па Скопје, пишав 1 пост и под моите милион други и ај оди па не врати на коментар кога се чувствувам погрешно сфатена и од една поента тука изначитав триста други работи преувеличени кои не ги ни мислам така воопшто.
    А Велешанка тоа сигурно дека е крив, како може да е крив кога живеел во Воената академија? Смешна си, не седел во стан, под ќирија не знам каде, таму живеел. И ти да дојдеш тука на Полициска академија може ќе бидеш една + ама ќе си седиш таму и академиите се поспецифични заради тоа, ако доаѓаш си седиш таму, и готово :!:
     
  20. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    ...и после 10години се класифицираме како Скупјанки и плукаме по новите провинцијалки дојдени да ни ги земат местата и да прават гужва на врата пред 69 :D

    Не луѓе, стварно е смешно во држава од 2милиони народ да водиме вакви муабети. Абе ние сме едно цело големо село, какви метрополи, какви провинции. Сајнс фикшн ти е тоа за нас. Никаде во светот го нема ова, никаде

    На тие што ќе се запишувате ќе ви кажам: Не гледајте градови и глупости, гледајте факултетот да ви одговара и да си најдете перспектива. И да не биде ради реда колку да се има диплома. Гледајте на квалитет, зашто кванитет веќе имаме
     
    На mysterious и Victorya им се допаѓа ова.