Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на факултет? Во Скопје или може некој друг град?

Дискусија во 'Образование' започната од gurgica, 24 март 2010.

?

Каде е подобро да се студира?

  1. Во Скопје

    160 глас(а)
    75,1%
  2. Во некој од помалите градови

    53 глас(а)
    24,9%
  1. rosie

    rosie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    32
    Скопје, Скопје, Скопје !! Аман ! Како што имаше некој спомнато Скопје е планиран за 300.000 жители, а има 700.000 жители. Да во право е. Но, што ќе смени ако дојдат студенти во Скопје ? Прво треба да се иселат една добра бројка - 500.000 жители ако не и повеќе, па да си останат само правите Скопјани! Е тогаш може да се збори. Не знам како и зошто ви сметаат студентите од другите градови ? Ви скокаат на глава ? Не! Дошле тука да си успеат луѓето. Па кој не би сакал да успее. Се омажиле ? Браво за нив си ја нашле среќата. Демек се мажат без љубов за да останат тука. Абе ајде. Во нивниот град нема ништо. Прв пат гледаат кафич, дискотека и сл. Јас оваа година се запишувам на факултет ( во Скопје- родното ми гратче) и баш ми е мило што ќе има и студенти од други градови, ќе си стекнам нови познанства и можно е и другарства.
    Толку од мене. '' Провинцијалки '' ве чекам во ЗЛАТНОТО ни СКОПЈЕ со раширени раце, а богами и нозе :D
     
    На eutixismena му/ѝ се допаѓа ова.
  2. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Не постои провинцијалец во географска смисла, дуку само во духовна. Па сега ти пронајди се каде си и те молам не досадувај повеќе. Ете гледаш да не доаѓаа провинцијалците да студираат во Скопје немаше да имаат можност да сретнат таленАт како тебе :wasntme: :lol:

    И мислам дека е крајно време да се прекине со тоа „Ја земавте работата на Скопјаните“ пошто во едно вакво општество ми е непојмливо воопшто и да ја коментирам изјавава.
    Не мислев дека некој се` уште се занимава со дискриминирање на личности на било каква основа. Просто да се чудиш.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    оф леле плавуша.. ти или стварно не сфакаш или нејкеш да сфатиш
    како што во академијата е ограничен, така и на факултетите е ограничен бројот за примање на студенти.
    значи како што татко ти го земал местото на некој од Белград, така и ако некој провинцијалец е поуспешен од тебе ке ти го земе местото !
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Леле Господ да чува неможам да замижам на глупоста, неможам, убијте ме појако е од мене.
    Па ако татко ти студирал Воена академија и живеел таму, тогаш во Скопје доаѓаат студенти и претежно се сместуваат по студентските домови. И сега што правиме? Додека има студенски домови и станови под ќирика ќе има и студенти од други градови. Аналогно на тоа, виновни се оние што издаваат станови под ќирија, ајде трк нив да им штрајкуваш да не даваат |(
     
    На eutixismena, Strumfeta93 и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.391
    Допаѓања:
    250.152
    Плавуша јас кога се запишав на факултет не полагавме матура, ниту имаше приемни. Имав околу 98 поени, мислам, не сум сигурна, и се запишав во приватна квота на Правен во Скопје, конкуренцијата беше голема и нереална, и знаеш што не се жалам. Плаќав по 800 евра парт., сега плаќам по 1000, но ете ме редовно ги земам испитите, одличен студент сум, а од Источна Македонија сум.Имав колеги кои беа во државна, и ете ги заглавиле, јас сум пред нив, и ако размислиш ми го земале местото во државна. И сега што, да им се љутам и да лечам фрустрации врз него?
    Имаше и во Штип Правен, но не ни помислував таму да одам, ради квалитетот на студиите, бидејќи факт е дека не може да се споредува со останатите, за жал. Тие факултети ти се еден обид на владата да го намали бројот на невработени, на тој начин што секаде ќе отвори факултети и ќе се запишат поголем број, со тоа што ќе има студенти, а тие знаеме не се сметаат за невработени. И ете ме во Скопје, студирам, имам уште една година. Потоа планирам да си останам во Скопје, овде да си се вработам, да си се омажам со дечко ми, кој инаку е од мојот град, и замисли, ќе ти правам гужва :D . А знаеш зошто? Бидејќи во мојот град можам да се вработам само во конфекција, и затоа морам да одам во Скопје и да работам нешто подобро, оти за жал само Скопје се развива, а сите други градови пропаѓаат. Па затоа причината за пренаселеноста барај си ја на друго место, и не филозофирај ако го има на друго место факултетот таму да оделе. Имаш слушнато за ПРАВО НА ИЗБОР?

    едит: И да не сватете погрешно и УКИМ не е Кембриџ, ама кај нас единствено само на тој универзитет се нудат поквалитетни студии.
     
  6. zara

    zara Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    28
    прашање до ПЛАВУША.17

    Ако ми се налути цела Љубљана дека има медицина во Скопје и во Штип и ме протерат да се вратам од кај сум дошла?
    А во Солун шо е испишана пола Македонска фела?
    Да ургираме да се вратат има факултети по македонијава.

    Најлогично е да престанеш да реплицираш прибидејќи со секој нареден пост си го намалуваш АЈ КЈУто за 30...па се плашам дека ти е во минус веќе.
     
    На sesilija и FBI им се допаѓа ова.
  7. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Абе јес да е Скопје пренаселено не велам не, ама сигурно ако немаше каде да престојуваат немаше и да доаѓаат студенти од други градови. А гарантирам сега да објавам оглас дека барам стан за студенти ќе се јават уште одма скопјаништа дека издаваат. За студентски домови да не збориме и нив ги има доста. Е сега истите тие што издаваат станови и живеат од т.н провинцијалци плукаат по нив и као демек не ги сакаат во Скопје. А да, баш.. а да не се тие на кој ќе ги издаваат становите па згора на се безобразни и во лето да се плаќа, вакви сметки, такви давачки.. |(
    Сигурно ако не можеле да си обезбедат смештај во Скопје, немало ни да одат да учат таму сите оние кои очигледно некому му пречат.

    А фактот што постојано го тврдите дека провинцијалките оделе таму да се омажат, ајде да кажеме нека е така кога напнавте ама на сила ли ги тера некој вашите скопјани да земаат провинцијалка за жена. Сигурно тие не ги фаќаат за гуша, ај те молам омажи се за мене да останам во Скопје. Очигледно е дека личноста видела одредени квалитети во „провинцијалката“ па решил да ја земе за жена.

    Ајде сега јас доаѓам во Скопје да учам годинава, од оваа година улиците ќе бидат постојано во гужва дека јас сум малце елегантно потполнета па ќе зафатам добар дел од Скопје. Не се чудете ако на некоја братот и го нема дома, оти јас планирам да киндапирам некој дечко и да го измачувам се додека не одлучи да се ожени со мене. А за факултет не ни планирам да се појавам.. и така немам капацитет за тоа само ќе си губам времето. :tmi:
     
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Шо ви е бе женчиња божји :D
    ајде бе кулирајте 8)
    пссс Плавушава страшно ме изиритира :swear:
    не може женскава ништо,може само да си остане у скупје и да си чека нови студенти, и со ваков каракетр како нејзиниот недај боже значи НедаЈ јас да налетам на некоја таква од септември па и со речник да и кажам јас кои се Провинцијалките ;)
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.565
    Се мачкам крема пред спиење и се убивам од смеење,стомак ме заболе.
    Плавуша,плавуша...ах,плавуша...си се уплеткала у контрадикторности и браниш непостоечки тези,не знаеш да градиш аргумент со кој ќе побиеш,туку сама се побиваш.
    И не ми е јасно што врска имаше татко ти у приказнава?! :D :D :D Што сакаше да докажеш со тоа?!Па тоа беше аргумент за опонентите,а не ти одеше тебе у прилог,сам себе го убијал направи.
    У Америка прават преселби од еден на друг крај до земјата за егзистенција,та у Македонија,гз место,па ќе исправа криви дрини.Ако си способен нема да се плашиш ни од конкуренција,ни дека ќе ти го лапнат дечкото.Ама се ми се чини овие твои приказни и планови ќе имаат смешен крај.
    И на крајот,и по твое да играм,пак ќе те укопам со аргумент кој веќе вклучува политика,ама сепак не би бил офтопик.

    Елајте,издавам соби за студенти!Број у лп.Бујрум,фино,чисто,уредно,тивко е,поволно за учење!
     
    На FortuneTeller.xD и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    ....
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    .....
     
    На eutixismena, Strumfeta93 и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Мислам дека сите го сфативме проблемот на Плавуша - се плаши од конкуренција!!! Тоа е.
    Да конкуренцијата јаде, ама неможеш да ги омаловажуваш луѓето што повеќе учеле и вложувале во себе за еден ден да се запишат на факултетот што го сакаат.
    Ако се плашиш од конкуренција надвладеј ја, барем тоа не е некоја голема филозофија.
    Ау да причината е што во помалите градови професорите во средно така на сите 5ки од ракав им фрлаат, а ние тука умираме од учење... како не. Секој си учи според потребите, гледиштата кон иднината и амбициите.
    Скопје пренатрупано? Ајде кој сака кај мене јас нудам бесплатен смештај за студенти на машински и електро (и онака ми треба малку помош :lol: ).
    Не неможам да омаловажам и да мразам некој од друг град или село што ми го земал местото на факултет што го плаќам еб*ани 600 евра затоа што мене средното ми беше на 5 мин. од дома и спиев додека не ме разбуди ѕвончето за голем одмор, додека некој тупел мозок на час. И неможам да обвинам некого што ми ја земал работата затоа што се потел додека добие диплома, потрошил пари за кирии и живот во друг град и било колкава плата му е добредојдена, додека јас се курчам дека не работам за помалце од 30000 затоа што сум нАли од Скопје и тука ми бил факултет на 3 минути од дома, не сум плаќала кирии и ме чекало дома се спремно, требало само да учам, ама не имала побитни работи |(
    Јас им се висхитувам на таквите луѓе :bow:
     
    На browneyes_, Neytiri, MaxyMax и 9 други им се допаѓа ова.
  16. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    mims-89 :clap:
    и само ќе се надворзам дека во денешно време детето да ти учи во друг град е најголемиот луксуз.да имаш дете студент во друг град :x
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јаоооо цурици шта то би? :rofl: :rofl: :rofl:

    И кога веќе почнавме да се делиме на провинцијалци и скопјани, во кои ќе спаѓам јадна јас, што сум така речи џукела, мајка ми прилепчанка(провинцијалка) спарена со чисто крвен скопјанец :lol: .
    Во една тема и јас се бунев за провинцијалки но од сосема други Х причини, да не испаднам контрадикторна тогаш јас посочував на само една група а не на сите во целина.

    Неколку страни наназад пишав дека Скопје не е мое ниту на било која од нас за да глуми кадија, зошто нели „Кадија те куди, кадија те суди“, баш како Плавуша првин ѕрн, ѕрн за Скопје вака-така после ајт сите кој од каде дошол.
    Во претходниот пост пишував за правото на избор, што во никој случај никој никому неможе да го оспори.
    Реков, но еве пак ќе кажам тоа би било исто како Карина8(сега харикирам) живее во Неготино, а јас сакам таму да одам на факултет (поради подобри студии, кадар...) и она да ми рече „Неможе, Неготино е пренаселено, ете ти го Скопје имаш факултети студирај таму“.
    Одкаде некому право да каже такво нешто, секој може да студира каде сака, исто би било ко сега некој од Масачутес да каже дека неможе да одиме на Харвард зошто нели има многу студенти и има неверојатни гужви.

    И кажав и тогаш еве ќе и повторам на Плавуша да си ги смири страстите, ќе дојде Август уште малце сите документите под мишка и пред факултет, па ќе видиме тогаш кој колкав просек имал, а не тука да се фалиме и трескаме од земја со просек 5.00 кој сите знаеме колку тешко се постигнува во средно.
    Кога ќе се јави некој со просек 9.98 ќе му симнам капа, а за просек 5.00 и јас го имав а спиев на часови во средно и имав по 200 и кусур изостаноци.

    Мене ме нервираат оние натурализираните скопјанки (читај тазе омажени во Скопје) кои кога дошле овде дошле со таа цел да се омажат и да си го обезбедат гзот во Скопје. А не сфаќаат дека ниту Скопје не е Хонг Конг па да можеш веднаш да најдеш работа, да имаш многу пари и сл.
    Но од друга страна ме воодушевуваат студентите кои се од друг град, студираат овде, даваат максимум од себе и имаат одлични резултати, кои и покрај тоа што од 18 години така речи се грижат сами за себе, нив мама не им спрема појадок и вечера (како мојата на пример) туку сами се грижат за се, и повторно наоѓаат време за да седнат да учат, да се социјализраат и да дипломираат со солиден просек.

    Затоа девојки која планира да се запишува во Скопје на факултет слободно нека ме контактира, ќе и помогнам да се снајде во нашиов „пренаселен“ град и ќе организирам тури за подобро да го запознаете Скопје ;) . Ама нема да ви бидат стројник и да ви местам дечковци, овие скопјани кој од кој по глуп е, после една недела одма брак ќе ви предложи :rofl: а јас сакам од вас учени паметни жени-интелектуалки 8) .
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    3.146
    Што сте ја направиле темава бре девојки?
    Поточно, што Плавуша и другиве од 15, 16, 17, 18 години направиле по темава? |(
    Се чувствувам малце блесаво и глупо што ме испровоцираа девојчиња што не виделе Ф од факултет, да ми кажат каде би ми било најпаметно јас да сум си се запишала, али некако коса ми се дига од тоа кога Скопјаниве се прават многу паметни бе :rofl: . Сепак, треба да се мисли на нивната пренатрупаност, на нивниот чист воздух и слични ствари.

    Значи, мене никој не ми подарил оценка, никој мене не ми ја реши матурата, никој не ми ги положи предметите на факултет, изгледа паметна сум била бе :o (ова за тоа дека читав мислења од типот вашите оценки се подарени, на тацна дури се подарени)

    Во мојов град, постои факултет, но на истиов предаваат професори во средно што ми предаваа, се запиша се куцо и шуто што се вика, и скоро секој запишан работи во казинава. Епа драги мои, ај кажете ми дали може да се спореди со некој факултет во Ск? Е, не може. Башка тоа што и факултетов не е Економски и јбг, мора Ск да се оди, квалитет си е квалитет. Не оти мене многу ми се патува по 3-4 саати со воз, ми се плаќа кирија, ми се фрлаат пари од моиве, ми се готви и ми се чисти. Не бе, оти се мора.

    Оти мори Плавушке, ми ја спомнуваш милата ми Гевгелија, а, девојче? По сите мислења твои тука прочитани, ме разочара, и сама знаеш оти. Ќе се видиме на Економски ај, за една година, па не се знае, може ќе ти ја земам работата некој ден, оти да, ако најдам добра работа во Ск, многу драго ќе ми биде, тоа ќе значи дека целиов живот не сум учела и работела за џабе ;)

    Да не биде дека ја малтретирам само Плавуша, за сите кои се изјаснија против идењето на студенти во Ск, истото важи. Крај краева, многу ми е гајле што вие мислите, како не доживувате и дали не сакате ваму. Мој живот, моја работа.

    И да, постојат такви што идат во Ск само за забава, има такви што дошле да се омажат и има такви што ќе си се вратат кога ќе увидат дека не се за таму. Но, не генерализирајте. Повеќето, добри 80 %, се дојдени да учат и да завршат нешто, почитувајте ги нив ако не друго.

    Толку јас за темава, има многу уште што да се ломоти, али ми се спие, а и не гледам поента многу да објаснувам на искомплексирани личности, кои уште од средно не излегле, и не се одвоиле од мама и тато, па ке се прават нешто низ форумов. Ај, ќе правиме муабет за некоја годинка, кога ќе пораснете де ;)

    А да, Карина честито за стипендијата, мило ми е девојче, и само успеси и понатака :)

    И за жал, многу вредна бев годинава, не само што положив се, па ви украдов и еден паметен, згоден машки примерок на вас Скопјанките, многу ми е жал навистина, изгледа тоа ме прави :devil: :rofl:
     
    На zara му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Темата во неповрат е отидена. :o
    Читам од преги и се смеам ко луда уште рано дома, па моите се чудат што ми биднало. Уште мислат од што сум станала порано денеска ми се пореметило нешто. :tmi:

    Многу глупости прочитав во постовите на Плавуша, работи кои не требало да ги помисли, не па да ги напише овде. Ај можеби ти си размислуваш на овој начин, што во мојот речник важи за малограѓански начин на размислување, но немој ти се молам да се закопуваш уште повеќе од што си сега. Ќути си никој да не те разбере! :x Ако си мислиш така океј, ќути само немој да се брукаш. Одма право во очите на другите стануваш се помала и помала. И онака неможеш ништо да сменеш за твоето ти мило Скопје, да го направиш ти како што сакаш и да го изчистиш од провинцијалките.

    Секој човек има исти права било бил од Скопје,Битола,Гевгелија,Охрид. Факт е дека факултетите што се во Скопје не се на исто ниво со оние од Штип или со оние што се отворија и во најмалото селце. :tmi:
    Од истата причина деца со преспектива и потенцијал сакаат нешто повеќе за нив и нивната иднина, па пошо Скопје е најдобар избор доаѓаат таму, а не дека Скопје е некој си веле град, многу убав па доаѓаат таму за мажење или забава.
    И онака со стандардот во нашата напатена Македонија неможеме да се пофалиме многу, па ретки се тие кои доаѓаат во Скопје само ради забава и притоа да прават гужви бидејќи на сите ни е јасно колку е скап животот во Скопје.
    Едноставно ти се плашиш од конкуренцијата што допрва доаѓа па плуваш по провинцијалките божем они ти се криви. Ако си толку добра како што викаш, нешто повеќе- ако си една од најдобрите :!: нема што толку многу да ти е гајле за другите, загреј си столчето и гледи си за тебе.
    А со овие мислења што ги прочитав од тебе добив впечаток дека си себична личност. :o Некоја Скопјанка не е ништо повеќе од некоја Провинцијалка. :fubar: Халелуја !!!
     
  20. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Јас само да прашам кај е модераторката што мене ми ги избриша коментарите пред некој ден што воопшто не беа на навредлива основа, а сега овде фрчат исфрустрирани коментари против скопјанки неповрзани со самата тема испишани на 5 страни наназад. Ај да бидеме реални. Скопјанки и провинцијалки ретко се сакаат. Скопјанките мислат дека се над нив затоа што се од главниот град :makeup: , провинцијалките ќе направат се да докажат дека не е така :muscle: . Јас мн убаво пишав не памтам дали ми го избришаа тој коментар, кога зборам со некој не го слушам дијалектот туку вредноста на тоа што го збори. Овде секој си пишува врз основа на личното искуство, ако искуството на Плавуша е тоа, нејзино е, нели као демек ова е форум кај што секој може да си го напише своето мислење(без навреди), ама гледам сите и се сипале и ја направиле да не кажам што, дури и дел од скопјанките кои сигурно барем еднаш до сега го помислиле тоа што Плавуша го напиша, ама на некоја пријателска основа на форумов не го пишуваат. Моето мислење е искажано страни наназад, нормално дека нема никој да спречи да дојде, не ни очекувам. Едноставно си пишувам што си мислам. Второ за мажењето, не се сите такви. Еве го моето искуство, ете јас имав една таква „среќа“ што едно селанче секоја вечер ми испушташе животински крици е*ејќи се со милиот мој брат, кој да искрено е наивен што донесе такво селанче дома кое гарант си ја пробуваше среќата со уште неколку, додека дечко и ја чекаше во родното и местенце,а она као во Скопје (се)работи. А остави девојка која НЕ БЕШЕ скопјанка, ама БЕШЕ НОРМАЛНА И ФИНА. Значи секакви не има без разлика од кај сме. И еве го коментарот на брат ми за целата цитуација, зошто по ѓаволите носи такви не знам ни како да ги наречам чуда дома, затоа што не го замарала цело време на мобилен, не морал да ја шета ни части, а не беше свесен дека само да се решеше она ќе затруднеше фино лепо и тек после ќе мораше и да и го чува детето, додека она уште се ебава со други, и да и дава пари и да ја шета. Ете тоа е наивност, не затоа што е скопјанец туку затоа што е машко и во 90% од ситуациите размислува под дејство на хормони, а не здрав разум. И немој да слушнам навреда за брат ми затоа што ајде не се сите машки исти по карактер, ама кога станува збор за сексуалноста, тоа е природа, а против тоа жива сила не иде, особено не кај машката популација. На факултет имам колешка што искрено кажува дека дошла да учи и не си оди веќе од Скопје, што и да треба ќе направи. Нејзино си е. Ама мене тоа ми создава општо лош впечаток. Јас од моја другарка од Скопје немам слушнато такво нешто да каже. Супер што на форумов се погодија се паметни девојки што сакаат само да го надоградат своето образование, ама сопствените искуства тераат да се напише друго. И не јас не глобализирам врз основа на две девојки, туку врз основа на тоа што секој ден го гледам на факултет и околу факултетот, а и низ градов. Моја среќа бе, такви ми се погодиле. И да ви се наполни душичката да колку што има такви провинцијалки има и скопјанки. И да коментаров нема никаква врска со темава, исто како и многу наназад, ама овој пат не се извинувам за оф топик. И доста веќе. Ако е форум никој не дава право да се вреѓаме, кој што мисли нека пише, а останатите нека го прифатат тоа како сакаат, а не да рипаат одма да навредат со иронични коментари. Ни сум ви јас на вас, нити вие на мене некој фактор во животот, ама малце основна култура треба да се покаже кон секој и секаде.
     
    На lolyta777, maca99, MacaLove и 6 други им се допаѓа ова.