Дали некоја била на третман за лице во салонот Skin solution? Сакам да одам таму на третман меѓутоа не знам каква е услугата, дали се професионални и слично?
Предлог третман за лице од кој има видливо подобрување за флеки од акни и проширени пори? PRP, PRX T33, ласер... И цена.
Најактивна е темава, затоа тука ќе го поставам прашањево. Каде да направам нешто вакво, препорака? Ич не се разбирам во третманиве и стварно немам идеја ни како да побарам. Исто така отприлика која цена се овие ако сте биле? https://youtube.com/shorts/ZdegWqB3Ytc?feature=share
Јас имам правено нешто слично ама поедноставно во Дерма Плус во Аеродром, пред неколку години. Се вика хемиски пилинг, но не е воопшто инвазивен. Прво докторот ми го прегледа лицето и одобри да идам на третманов (нема некој услов освен да не ти е лицето ептен проблематично со цистични акни, на пример). Ми го стави лицето на пареа, ми истиска црнки кај што имав, ми го искористи тоа како шмукало за лице да ги извади мртвите клетки, ми стави киселина и потоа мислам дека два пати ме мачкаше со различни маски, едната беше со цинк се сеќавам (мене цинк многу ми одговара на лицето) и може уште нешто прави, сум заборавила. Јас мислев дека хемиски пилинг е кога ти го горат лицето и ти се лупи некое време, ама нема врска. Лицето после тоа ми беше многу мазно и чисто. Секако тоа трае краткотрајно затоа што третманов не е за да решиш некој проблем како лузни, туку едноставно освежување на лицето. Едит: Иако релаксирачки, нема ко на видеата масажи на лице или мажење преку усни и очи, да знаеш.
Да, јас имам одено 2 третмани со Green Peel ок се помагаат ама треба мин 5 (се прави мислам на две недели) за видливи резултати, зависно колкав проблем имаш има 3 вида (поделени се по интензивност) најслабиот што го направив беше околу 4500 ден.
Енерги студио во Аеродром, презадоволна сум. Не само за лице, користам повеќе нивни услуги и сите се на врвно ниво. Само да знаеш, за третманите на лице многу се чека, се закажуваат месец однапред.
Здраво, прв пат пишувам во темава, ме интересира, колку ви зема кометичар за класично чистење на лице? Не знаев каде точно да го поставам прашањево, извинете доколку не е за тука