Здраво ајде ве замолувам предлог за славење на девојка тинејџ е сега хаха т.е влегува во тинејџ години па предлог за славење на роденден а тоа да не биде дискотека Вулкан оти децава повјеќето го слават таму роденденот па секој предлог би ми бил од помош.Ви благодарамм
Ајде сега да ви кажам јас една идеја. Колешката за синот му организира роденден во спортска сала. Во едниот дел на салата биле поставени маси со грицки, сокови... кој сакал од децата играл фудбал и од девојчињата а кој не си стоел кај масите. Вели многу било интересно и други така славеле. Друга идеја: Славеле во куглана. Од дома си носиш торта, сок, грицки и вели и тие си поминале прекрасно. Нешто ново, поинакво... Кажете и вие некоја ваква идеја. Ние за синот сме славеле како помал во игротеки, потоа слаткара, пицерија, кафуле кај што нудат и храна. Сега ќе слави 16-ти роденден и сакам да му предложам нешто поинакво.