мили мои ова е нова тема од мене и сакам да ги слушнам ваште размислувања тука. дали некогаш сте се запрашале дали е секогаш праведно се што се случува,дали жалите за нешто што се случило... моментално јас се чувствувам така како со врзани раце зошто знам што ме очекува само поради тоа што некој има сила и моќ а јас немам грб кој да ми помогне и неможам ништо секој кој има вакво искуство нека пише........ зошто секогаш постојат врски и праведните се секаде отфрлени!!!!!!!!!!!!!
За жал таква е реалноста во нашето општество на секое поле. Денеска врските се побитни и од диплома и од знаење и од искуството. Не дај боже да се закачиш со некој од локалните моќници, судбината однапред ти е запечатена. Најтрагично е што институциите на државата не ги штитат своите граѓани, па нема ни каде да се обратиш. Точно е дека се чувствува немоќ, гнев и беспомошност, не за друго туку затоа што знаеш дека си во право, но за жал правдата ја нема во нашата држава. Јас знаеш како велам, ќе дојдат и моите пет минути, работите брзо се мениваат, тие што цел живот се горе или се влечат на туѓ грб нема вечно да се таму, кога тогаш ќе помине и нивното време.
Се согласувам со добро познатата изрека „Каде што има сила, нема правдина“ бидејки сакале или не да признаеме живееме во таков свет во кој ако немаш врски и некој зад грбот, никогаш не ќе можеш целосно да се докажеш, трудот нема да ти биде признает, и местото (работно, или нешто во училиште) секогаш ќе му биде доделено на друг!
животот е толку на моменти глупав ака да и да сакаш да бидиш паметен не ке можиш.......најболно е да сакаш на неој да му докажиш дека греши ама кога тој е заслепен ништо не ке можиш освен да останеш со надеш дека некој ден ке свате што губи ...али калимеро КАЈ ШТО ИМА СИЛА НЕМА ПРАВДИНА
уфффффффф колку се нервирам кога знам дека сум во право ама морам да премолчам затоа што некој е помоќен леле само колку пати сум премолчувала ама ке дојде тој ден кога ке се прежалам и ке се испукам па нека има после сила без правдина
Знам дека каде што има сила нема правдина...но секогаш си кажувам тоа што мислам , а дали им одговара или не нивни проблем ...Но сепак некогаш излага да ги сјадат моите зборови... па да немаат мирна совест и да неможат да спијат на рат ... Не можам да премолчам кога знам дека сум во право ... посилно е од мене А и зашто би премолчила , никој нема право да ми кажува што да правам во животот , работата и во се . Така јас гледам на работите
За жал така е... Кај што има сила нема правдина, но тоа е, само знам дека и на правдата ќе и дојде вистинскиот момент
Каде има сила, нема правдина. Гледам дека сте го споменале повеќе пати, но на ништо нема да личи мислењево ако не е тоа кажано. Многу повеќе зборови и слики се покажани со оваа фраза, отколку со уште 100 слични. Моменталната состојба е таква, и по мое видување таква и ќе остане. Сум се соочила со такви проблематики и јас, и тие околу мене. Какви се дубари не се прават, особено во школството. Барем оние со кои јас сум запознаена, човек за глава да се фати. И додека нашите очи го гледаат ова, очите на институциите се слепи, глуви се за нашите жалби, а печатите од дипломите се комплетно неважечки.
Точно е. Ми се случувало и многу се нервирам во вакви ситуации. Професорката по македонски ми кажа "Каде што има сила нема правдина" и ми стави тројка на тестот на кој требаше да имам четворка Спојлер глупача.
Се сложувам,каде што има сила нема правдина. Многу патитоа сум го осетила на секаков план од живототв, но еве еден прост најпрост пример: Во 4та година средно, првото полугодие сите 5ки по еден предмет. Во второ полугоди, од спортскиплан морав да отсуствувам, бев по натпревари надвор од државата, кога се вратив ги одговарав сите предмети и сите теми, по сите предмети 5ки си наредив, ама госпожата која предава и во моето средно училиште каде што учев и во Нова(па си мисли дека е најпаметна), ми рече ааа не не ,неможеш ти да отсуствуваш,а некој да седи овде, и ти да имаш исто 5ка со него. А на тестовите од второто полугодие имав 5ки. и не и не, и од каде ископа 3ка за на крај немам поим. Ама ако,кога тогаш се си велам,ќе даде господ во живототв некад да ми дојде при рака нешто на неа да и зависи од мене, па ќе видиме тогаш.
Повеќе од точно е ова. За жал. И во многу ситуации се докажало, верувам дека не само кај мене. Не верувам дека наскоро нешто ќе се промени, но сепак е тешко. Сум била и бесна и разочарана, но не сум можела ништо да променам. Не постои полошо чувство.
Да, точно е дека каде што има сила нема правдина, тоа е чиста реалност која ја гледаме секојдневно. Јас ја гледам од друг аспект дека кога тогаш, порано или подоцна вистината секогаш излегува на виделина. Тркалото се врти и тој круг е затворен а не бесконечен.
Многу точно за жал и многу фрустрира кога ќе осетиш на своја кожа, но сепак мислам дека правдината си го наоѓа својот пат да излезе на виделина, иако доста често е потребно многу време и изгубени нерви дури тоа се случи...
За жал точно но вистинито....но има една српска поговорка која вели...Кад ти цар ј..е мајку нема коме да се жалиш..... слична на оваа нашата каде има сила нема правдина...