Девојки, каде ја шиевте вашата венчаница? Јас планирам да ја шијам некаде во Скопје, но не знам каде. Многу ќе ви бидам благодарна ако ми дадете совет и ми кажете ваше (или на пријателка) искуство за шиење венчаница и колку отприлика кошта. Поздрав
Поголем дел од моите другарки се омажија некои шиеа во Кокев некои во Селестра, се движеа од 400-650 евра...мене искрено повеќе ми се допаднаа тие во Кокев материјалот беше некако подобар...
Мојата венчаница ми ја шиеја во ЖАНА имаат дуќан и во Штип,и во скопје.Премногу сум задоволна од изработката,а и за брзо време ми беше готов фустанот.
Мојата венчаница ја шиев во Лебед мавровка ептен сум задоволна материјал свила во комбинација со прекрсна чипка и чинеше 320 еур
Мојата венчаница ја шиеја Кокев и премногу сум задоволна баш таква како што сакав таква ми ја направија, а и материјалите се многу убави, квалитетни, а според мене материјалот е 70% од венчаницата.
Јас мојата ја шиев кај Соња во Мавровка и задоволна сум како излезе бидејќи првпат шиеше таков модел. Матријали тафта и жоржет за карнерите. Цена 250 евра.Готова за 3 недели, со три проби.
Ајде девојки, зарем никој нема шиено во Целестра да ми пренесе имресии и впечатоци, а јас па баш за таму се залетав
Изгледа девојките кои веќе имаат сошиено венчаница не ги посетуваат овие теми од форумот. Јас пред некое време бев во Селестра мислејки да шијам еден модел којшто тие го имаа дизајнирано и им беше објавен на фејсбук. Но кога отидов таму да го видам моделот, не ми беше којзнае што. Плус таа што работи таму ми рече дека "нема да ми стои" и не ни сакаше да го извади од куклата за да го пробам. Малку бев изненадена од тој груб понашај. Им покажав слика од интернет од модел кој мене ми се допаѓа и, иако моделот беше едноставен, ми рече дека ќе кошта 750-800 евра!?!?! А материјалите кои ми ги покажа воопшто не ми беа убави. Така да согласно нивниот понашај одлучив да не шијам таму. Но можеби други луѓе имаат подобри искуства со нив.
Фала многу и ова е добро да се знае, јас планирам да одам деновиве па ќе видам како ќе поминам, ама ако ми се испонашаат така ко тебе тешко дека би шиела и јас таму
Сакам да прашам дали некој има шиено венчаница во салон Дива? и дали сте задоволни? еве линк од фб http://www.facebook.com/profile.php?id=100000972040233
Еве јас ќе ти пренесам впечатоци, без нервози Бев во Селестра минатиот петок и пробав 5 фустани ама искрено не ми беа нешто посебно и плус цените им се претерано високи за квалитетот кој го нудат (750 еур за фустан кој на друго место е макс 400 еур) Колешка моја шиеше фустан таму пред еден месец и искрено од слаба девојка и направи стомак, толку чудно и стоеше во стомакот што сите ја прашуваа дали е бремена (а не е). Искрено, мене во Жана ми се бендисаа повеќе моделите (моја препорака да си пробаш што е можно повеќе модели затоа што на кукла не можеш ни да замислиш како ќе ти стојат). Се надевам дека помогнав малку
Мојата венчаница беше дело на бутик Жана (тогаш имаа и во Бисер). Јас бев задоволна, моделот беше тој, беа љубезни, немаше доцнење, не се забегани со цените... На другарка и сошија венчаница според слика од странско списание за венчаници и беше перфектна (јас одбрав модел кој веќе го имаа, сакав да пробам прво ). До сега не сум слушнала некој да бил незадоволен од таму.
Е вака веќе може Јас бев денеска и во Целестра и кај Жана и најискрено во Целестра не ме воодушевија, не ме ни приметија дека сум таму едно 20 мин а од кога ме приметија некако немаа желба да ме услужат не па да ме изанимираат за да се решам за нив, како гратис да ги даваат венчаниците!!! За разлика од таму, кај Жана беше поинаку....и услужливост и љубезност, а па да не кажувам за цени 200 евра помалце од останативе по градов. Се надевам дека се така добри како што читам по форумов дека има задоволни од кај нив па да се решам за таму, незнам сеуште...ко ќе се решам ќе ви пишам па можеби ќе можам и јас да и помогнам на некоја идна невеста
DANCO E SUPER...DRUGARKAMI SIESE DOLGA HALJINA ZA MATURA AMA RASKOSNA KAKO VENCANICA PREZADOVOLNA BESE I SO VAS MATERIJAL SIE
Оваа жена шие венчаници ова и е профил на фб Спојлер http://www.facebook.com/profile.php?id=100000476129020&sk=wall може да ја додадете, еве неколку слики од нејзини креации , мислам дека живее во Волково( Ѓорче Петров) и дома шие.