Ме интересира ваше мислење ако некој има искуство со бутикот за венчаници Викторија Маер, за цена, квалитет, услужливост...???
Имаат интересни модели во дуќанот, но ѕирни си и ти на интернет...во секој случај, многу убаво работат и се од збор! јас имам фустан за старосватица од таму и презадоволна сум! утре ќе одам да се консултирам за венчаница кај нив!
Може ли отприлика да ми доловиш колку се пристојни цените? Мене ми побара 200 евра за неверојатно прост фустан од шифон лани, а за венчаница баш ме интересира...
минимум 500, максимум- бесконечно. Ама материјалите, памет да ти штукне, паѓаат, како ниедни што ги видов...
Јас мојата венчаница ја шиев кај Данчо и сум презадоволна без замарања без ништо за 3 дена беше готова
откако помина мојата свадба да искоментирам на темава јас мојата венчаница ја правев во квин е бев прееееееееезадоволна , едноставно немам зборови, го осмислуваат целиот изглед на невестата , Синди - креаторката е прекрасна личност , мнооогу професионална изработката е перфектна немам зборови , венцаницата беше беспрекорно добро направена !
Мојата свадба одамна беше... Брат ми правеше свадба пред неколку месеци и снашка ми ја шиеше венчаницата кај Зијане. Зијане има многу работа и нема време да пие кафе со муштерии бидејки има состаноци по список на секој час НО ке ви направи тоа што го сакате. За цена, скапа е ~ Венчаницава т.е. свечен фустан го најдовме на интернет и отидовме со конкретен модел. Градите и грбот беа везени со стотици кристали со различна големина и форма. Однесовме зголемени слики за да везат по шемата. Секое кристалче и големо и мало рачно го навезоа со тенка проѕирна жилка за да не се познава конецот нели. За тоа колку труд имаа вложено жените во фустанот, сметам дека 600 Евра не се многу. Зијане самата рече дека дури ја правеле венчаницава, можела да сошие 4-5 фустани... Невестата беше ко симната од пистата на Ели Сааб. Како што играше, дискретно но забележително кристалите ја прекршуваа светлината и нежно светкаа, како принцеза беше.
Не сум стигнала сеуште до венчавка,има време,ама ќе одговорам на темава. Една моја комшика пред една недела правеше свадба и венчаницата и ја правеше мајкаи. Замислете колку многу пари си заштедила. И неможам да кажам нешто лошо,венчаницата беше долга и таа е и оанка висока и супер и стоеше. Горниот дел и беше нешто вака : А долниот: Скроз пуштен и беше Косата однапред и изгледаше вака : А одпозади КАко првата слика. Шминката и беше сиво црно и розово.
Како што знаете јас ја шиев кај Данчо и топ ми излезе абе цел ден да не мрдне како ја облеков така ја соблеков немав замарања од типот ми се спуштила кревај ја на сред играње. Нека му се со алал парите типот си ја знае работата.
Има еден релативно нов бутик за венчаници (отприлика месец-два) е сега незнам дали е комплетно нов или стар со нова локација...инаку се наоѓа после ЗОИЛ, кај УЈП кога се оди кон рампата во Кисела Вода, на самата раскрсница каде што се наоѓаат 5-6 продавници за чевли, во високата кула доаѓа од лева страна, на прв кат, долу во истата кула има и салон за мебел.
Јас сеуште не сум шиела за себе венчаница, ама кога ќе шијам тоа ќе биде кај Зиане во Беверли.Не ме интересира како ќе се однесува, туку како ќе ми ја сошие, а од сите што шиеле кај нејзе (и сестра ми) утка нема...Сестра ми беше пре пре задоволнааааа. Па нели и Боркица Груевска шиеше кај нејзе...Само знам дека доколку сакам да шијам треба 6 или 7 месеци поради да порачам. А знам, затоа што бев на проба со сестра ми, дека материјалите им се од Дубаи и Франција.
Феминки бев во Селестра,Жан Мари,Жана и Кокев и најубави беа во последниве две.Мојот модел е широк балски фустан со корсет чипка и надолу француски тул одоздола со многу слоеви обичен тул.Кокев ми беше најубав и чинеше 550е ,сличен модел во Жана 450е.Некако многу пари ми се за фустан што ќе ми стои после.Слушнав во Штип имало поефтини,не сум била сеуште па ме интерсира дали таму Жана и оваа во Скопје имаат исти цени и материјали?? и дали некој има слушнато за Ателје Гламур на Бранка во Штип какви венчаници шие ??? а имам уште малку време и неможам да се одлучам
Aко веќе одиш во Штип, помини и во Кочани. Конкретно, една моја познаничка фустанот го зеде од Кочани за 18 000 денари, а во Штип сосема истиот беше 30 000 денари. Па сега, види ја разликата
Не знам точно да ти кажам каде. Ама прошетај, разгледај ако одиш натаму. Од кај паркот, од таа страна кај што се поредени продавниците, има неколку за венчаници
Секој ден се некои нови слушам што шијат поефтино и убаво бла блаа и уште толку се одолговлечува шиењето на венчаницата,никако да се решам и страшно се нервирам.Денеска ме убедуваа за некоја Бети Бисер од Велес шиела убаво и не било ич скапо...гледав на фб и нишо посебно на слики вака...нека пише некој ако имал искуство со неа, зш времево летет ли летет