да ти си носиш материјали, тој ти кажува колку каков се, и патент каков значи се што ќе ти треба за фустанот, тој само си го шие.[/ Ако има страна на фб може да ми ја пратиш вo л.п. да видам што-како има сработено tnx
Вчера ми земаа мерки за венчаницата, си одбрав еден мекан жоржет за со чипката, амерички сатен како основа, до душа нема да се гледа воопшто. Како пага жоржетот, се запрепастив... Како бранови по венчаницата, тулот нема шанси, каков и да е. Сега, wish me luck!
elena.mak Гуд лак Јас случајно на слика видов фустан што преееубаво паѓаше и очите ми светнаа прашав што материјал е тоа и ми рекоа жоржет и дефинитивно мојот избор ќе биде венчаница со овој материјал, мислам дека нема да погрешам
zenski kazuvajte so da pravam se mislam pomegu danco od nerezi i pomegu jasmina od volkovo,dve koleski moi pravea i kaj dvajcata ubavi fustani ama pak sakam nekoj da mi kaze plus iskustvo nekoj sto bil ili slusnal kako e sto i kolku vreme porano da si zakazam zosto mene mi e svadbata 6 juli pozdrav
Јас шијам кај Јасмина воВолково, и сум презадоволна од односот и се, со оглед на тоа дека влегов во милион бутици за венчаници, никаде не добив таков однос и професионализам. Ми ја искасапи сликата што и ја однесов точно според тоа што треба односно МОРА да биде на моето тело... Видов готови фустани кај неа, немам зборови... Едниот беше како еден што има во Квин, со огромна кринолина и рачно везен корсет, многу беше убава. Без разлика кај кого ќе шиеш, што порано закажеш тоа подобро, јас кај неа имам закажано не ни памтам од кога, може беше и лани ова време... Со време закажи си, за да не те боли глава после!
Идни невестички, ќе може некоја од вас во порака да ми го прати бројот од Данчо од Нерези...Однапред фала...Поздрав
нона или нора ако е нона јас кај нејзе шиев фустан за матурска ама не беше баш едноставен, и не ми го направи ич убаво, камењата ги лепеше не ги шиеше и почнаа да паѓаат па морав јас сама да си ги шијам , сабајлето кога требаше да одиме во школото мене ми пукна цел патент и морав да си заминам порано, мене не ми работи ич убаво, а и многу други ми се жалеа дека не работела убаво,и планирав да и го вратам и да си купам готов фустан, и викаше дека никој нема да го види фустанот, и на друго девојче му го сошила истиот и во иста вечер имавме матурска сепак нека се распраша другаркати, во велес ги има нора, бети бисер, бела дона, нека си види
мене ми се пофалија две девојчиња кои шиеја кај неа невестилници и многу убаво им испаднаа баш како што сакаа,затоа прашувам а ефтина е 200-250 евра земала со палто шиење.некоја искуство со невестилници да не има?и нона се викала така ми кажаа..и никаков патент не пукна на свадбата ниту пак цирконите паднаа хахахах
незнам за Нона,знам за Бети Бисер од Велес и слушам убави коментари,презадоволни од невестинските фустани и услугата,може и јас таму ќе шијам и не е скапа ...
Женски, бев на втора проба, и право да ви кажам се расплакав. Уште висеа од неа триста дрангалашки што тек треба да си го најдат местото, ама прекрасна е. Не ми се верува дека така ми ја погоди, до милиметар, до детал. Имам 10 кг плус, а во неа сум како во друга кожа, ни еден грам не штрчи! Не ми се верува, после првата проба бев така некако рамнодушна, бидејќи ептен се само партали тогаш некако прицврстени. Многу сум среќна и задоволна, сега ми е жал што само еден ден ќе ја носам таа прекраснотија..
МЕЛАНИ Скопје Буњаковец и Влае оногу позитивна кројачка,па за резултатот подоцна не е сеуште готов фустанот.
Шијам кај Јасмина во Волково, има повеќе материјали. Основата е амерички сатен, ама тој не се ни гледа, свилен жоржет и чипка. Лудница комбинација ако сакате винтиџ елегација!
А дечки дали некоја од вас има носено две венчаници?Јас сеуште не сум ни верена ама од сега сакам да сменам две венчаници едната онака раскошна а другата повеќе како за во кафана..Секако ако имам можност за тоа финансиски..Па ме интересираше дали има некоја врска пример со некој адет или да не не чини?
Здраво девојки. Дали некоја од вас тука на форумот има шиено венчаница во бутикот „Во бело“, во Куманово, Ленче се вика жената што шие. Сакам да шијам таму па сакам да слушнам дали некој имал искуство со неа и какво, нормално
Јас ја шиев венчаницата пред година и пол скоро, во бутик Лебед во Мавровка, презадоволна сум, многу се толерантни и ептен ми го погодија фустанот, а и многу ефтино го земав 250 евра.Сите другарки ми беа воодушевени, еве сега другарка ми ја пратив си шие таму фустан и ние си правиме свечени фустанчиња и верувам дека ке бидеме НАЈУБАВИ
А зошто мора да бидат две венчаници? Едната нека ти биде баш венчаница, а другиот фустан нека ти биде поедноставен. Не мора да кажуваш дека ти е за твоја свадба Eте ти поевтина варијанта Инаку и јас сакам две, венчаницата да ми биде за почетокот, а потоа сакам да си облечам некое полесно фустанче, да можам да се изнаиграм, а не да се стискам и да се туфкам Верувам и дека така и ќе биде
Па даа...Така и мислев...Пример едната да биди венчаница а другиот онака бел фустан долг и лесен за буквално ко што кажа да се изнаиграм