Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде ја шиевте вашата венчаница?

Дискусија во 'Свадба' започната од mkgirl, 14 февруари 2011.

  1. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    девојки дали има некоја искуство со Жан Мари ?
    Се двојумам помеѓу Целестра и Жан Мари
    ако има некој било какво искуство би ми помогнал :)
    Иста цена ми побараа за венчаницата што сакам да ја сошијам но сега се мислам кое од овие две е подобро :^)
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.705
    Пол:
    Женски
    Една моја познаничка ја шиеше венчаницата во Жан Мари и беше многу задоволна. Ја плати скапо - 450 евра, ама ич не и беше криво за парите.
     
    На Dinnna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.968
    Допаѓања:
    123.565
    И јас сум за Жан Мари.Имам пишувано за Селестра дека ај што се скапи се и многу арогантни,а моја другарка шиеше во Жан Мари и исто толку и излезе 450 евра,не беше лоша венчаницата,иако нешто ми фалеше во изработката :?:
    А Жана зошто не?
    Јас сум презадоволна од нив,венчаницата ме носеше не јас неа :D Ептен ми ја погодија :geek:
    И жана се со цени од 400-700 евра,зависи од чипка и модел нормалноза 500 евра ќе ти направат супер венчаница.П.с. побарај ја Сузе ;)
     
    На Dinnna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Elenche87

    Elenche87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.722
    Девојки имате некакво искуство со Зиане? Планирам кај неа да шијам, па ќе ви бидам благодарна доколку споделите искуство :)
     
  5. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Се изначитав коментари, бев и во Мавровка и во ГТЦ и во Жана, Жан Мари, Селестра. Значи тотално сум збунета, не ми се дава повеке од 450 евра за венчаница, сакам да биде убаво направена, имам замисла нешто као А линија, не сум многу висока 160 цм , па мислам сирена не би ми стоела или пак оние ептен широки фустани. Еве некои модели па дајте предлози кај да се шијат и дали ви се допаѓаат и кои материјали би се користеле за убаво да паѓа а да не шири, сите нудат француски тул.
     

    Прикачени фајлови:

  6. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51
    Јас од мое искуство би ти препорачала да отидеш и да си пробаш прво,прошетај ги продавниците за венчаници и пробај од сите модели што ги имаш како идеја.Немора баш да ти се свиѓаат ептен венчаниците но ако најдеш нешто прибижно на твоите замисли пробај,оти не е исто на слика и да го пробаш на себе,а потоа одлучувај каков модел и каде да го шиеш.Според мене најважно е да видиш кој модел нај убаво ти стои.И јас така по сликите кога ги гледав неможев да решам ама после проба е веќе друго,ке вишиш во кој се наогаш себеси и исто така важно нешто треба да ти е удобен,многу од венчаниците изгледаат преубаво,но се многу тешки,и неудобни за носење,не заборавај дека треба цел ден да го поминеш со венчаницата на тебе.
     
  7. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Бев да пробам од сите модели, меѓутоа венчаниците кои се за пробување се преголеми за мене и не е тоа тоа, кога не е твој број. Тие ке те поткачат на нешто демек да се видиш, ама ти не си висок 180, така да друга би била сликата во оргиналната верзија.
     
  8. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Без разлика што не е твој број, пак можеш да видиш како ти стои корсетот, струкот, бојата, материјалите. Јас имав обратен проблем, мене сите венчаници ми беа до глуждови... По смешно од тоа, амин! Ама па видов нијанса, видов горен дел, видов пад, видов струк, се осигурав. Така да, направи си една рачуница во глава што од која ванчаница ти се допаднало најмногу, не ги гледај како целина. Различни делови се спојуваат, мојата е од 3 различни, и на крај сама ја нацртав...
     
  9. Nevena.Smilevska

    Nevena.Smilevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Јас си купив готова од Атеље Љутикова. Има многу убави, особено ако сакате нешто не толку вообичаено. За цената, испадна како и во другите студија - за тоа јас што сакав (релативно едноставен модел) во сите студија ми рекоа дека ќе чини меѓу 350-550 еур во зависност од чипката што ќе ја изберам.
    Бев и јас во Целестра прво, ми се допадна изработката на фустаните што ги видов таму, но тој што го најдов кај Љутикова беше точно она што го имав замислено, такашто испадна дека нема потреба од шиење.
    Инаку бев и кај Кокев, таму имаше многу убави фустани од многу убави материјали. Доколку не ја бев видела веќе таа венчаница што на крај ја купив, сигурно ќе изберев нешто од кај Кокев.

    Коконаут, ти препорачувам да појдеш прво да пробуваш било какви вечерни фустани, не венчаници, ќе најдеш поголем избор и ќе можеш да процениш каков модел најдобро ти стои, па ќе знаеш што да побараш кога ќе одиш да се договараш. И поверојатно е дека ќе најдеш фустан со твој број.

    Јас си купив и темно зелен фустан во истиот модел како венчаницата (кој може да се носи во било која свечена (формална) прилика) - венчаницата ќе ја носам на официјалниот ден дента (само ручек ќе има, нема да има ништо свадбарско), а вечерта ќе имаме журка и тогаш ќе ја носам зелената верзија.

    Pronovias, Elie Saab и слично има во Скопје на бул. Св. Климент Охридски, скоро ја отворија продавницата на местото каде што порано беше продавницата за мебел ДомИталиа, кај книжарница Матица. Има многу убави фустани (не сум влегла внатре, само од надвор ги видов). Ама според тоа што се сеќавам дека видов во продавница на Pronovias кога бев во Шпанија пред неколку години, очекувам дека би биле прилично скапи (тогаш тоа што мене ми се допадна во Pronovias чинеше тогаш 1600 еур). Ама да не те плашам со цените, појди во продавницата и види.
     
    На MissDior и coconaut им се допаѓа ова.
  10. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Ми треба мислење, искуство со Дива, Форевер во ГТЦ или Лидија во Мавровка, а може и некој друг добар да препорачате со понормални цени- во овие бутици ми побараа од 300-400 евра што мислам дека е прифатливо.
     
  11. blagica1991

    blagica1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    209
    јас утре ќе одам да шијам во Жана... има некој искуство таму ? :) се надевам дека ќе ми ја погодат :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 05.jpg
      05.jpg
      Големина на фајлот:
      67,7 KB
      Прегледи:
      569
  12. orhidea242

    orhidea242 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    179
    Јас мојата венчаница ја шиев во Папилон кај Зоки супер испадна со само една проба и има многу нормални цени.
     
  13. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Закажав кај Лидија во Мавровка, пошто многу луѓе ми ја фалеа, којзане како ќе испадне :?:
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.705
    Пол:
    Женски
    Лидија шие многу убави венчаници. Ги имам видено венчанциите и навистина се прекрасни. Немаше венчаница што не ми се допадна.
     
    На coconaut му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vesna212

    vesna212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    49
    Дали некој има искуство со Атеље Барби, гледав на фејсбук тука изнајмуваат венчаници и има баш добри како што видов по сликите, но ги побарав минатиот пат тука околу зелен пазар и ми кажаа од соседните бутици дека го преселиле бутикот и неможев да дознаам каде. Ај ве молам ако некој знае нека ми каже каде се имаат преселено?? :)
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.705
    Пол:
    Женски
    Не знам каде се имаат преселено, ама имаат бутик и во Мавровка, на првиот кат. Кога разгледував венчаници бев таму, ама не ми се допаднаа. Инаку, ефтини беа венчаниците.
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Венчаницата што е мојот избор за модел е пепелашка стил, само што има чипка и рачен вез (велат тоа носелo + цена), и во Мавровка ми побараа 440е. Што е премногу за фустан кој ќе го носам еднашка.
    Па ако имате некакво искуство, со некој што работи дома венчаници, да ми кажете.
     
  18. kate28

    kate28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    15
    Zdravo,

    Dali nekoja od vas ima sieno vo Celestra i kako e zadovolen? Jas mnogu se mislev, ama nekako Celestra mi ima ostaveno mnogu ubav vpecatok, a i vencanicite sto gi gledam, izgledaat navistina perfektno...Ve molam za vase mislenje. Sto se odnesuva do parite spremna sum da dadam do 800 evra, povekje ne :) Eve ja i mojata vencanica :D::D:D:
     

    Прикачени фајлови:

  19. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Јас шијам во Жана...Наредната недела на проба, ќе ти пишам како ќе испадне :)

     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Истата венчаница што во Mавровка ја најдов за 440е, вчера во стара чаршија си ја нарачав за 280е.
    Епа 160е, воопшто не е мала разлика...па се надевам ќе испадне како што треба, не е специфичен модел, + и развив 3 слики. Па сега останува да чекам.