Каде ја шиевте вашата венчаница?

Дискусија во 'Свадба' започната од mkgirl, 14 февруари 2011.

  1. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Во Мавровка 440??? Во кој бутик? Прилично е скапо , бидејќи јас секаде каде што прашував добив средна цена од 300-350 евра. Ја нарачав кај Лидија за 320.
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^е од кај лидија кога ќе тргнеш не накај Јасмина туку на др.страна кај што има покани и бонбони, веднаш карши тоа за бонбоните на самиот ќош што е продавницата.
    Мислам МаријаЖ беше
     
  3. KayaLena

    KayaLena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    739
    Јас не шијам венчаница, си купив :D Си бендисав од Проновиас и по некоја случајност ја имаше баш таа во Деа, ја пробав и како за мене правена, нигде тесна, нигде широка :) Дека е скапа, скапа е, ама не се замарам дали некој ќе ми ја сошие добро или не..Во секој случај нема да има шанси со оригиналот..Вака си уживам, секој ден си ја гледам и одвај чекам да ја облечам венчаницата што посакував да ја имам :)
     
    На Sunnny му/ѝ се допаѓа ова.
  4. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    260
    KayaLena, колку отприлика се цените во деа споса?
    И јас мислам дека на Кокев венчаниците се најпрефинети....
     
  5. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51
    Цените во Деа Споса се движат негде од 1500 евра па нагоре,но навистина си вреди ако сте во можност си заслужува.Јас лично неможев да и се изнарадувам на мојата венчаница,ми се исполни желбата на мојата свадба да носам Pronovias венчаница...навистина незаменливо чуство
     
  6. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Јас ја купив од Кокев. Незаменливи се! на мое изненадуванје и не беше многу скапа. За истото во Мавровка ми побараа 700еур, а кај Тања платив 500. Селестра не ми се допаднаа, во Жана ми побараа 450 само за основата, се што сакаш од украс се доплаќа плус... во Мавровка имаше и за поевтини пари, ама ич не ми се бендиса изработката и материјалите ми беа ко мушами... Од Кокев имам и уште еден фустан и стварно сум презадоволна! :)
     
  7. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Едно прашање до сите што шиеле венчаница, колку пати ве викале за проба шнајдерите? Зарем е доволно само 2 проби како што мене ми кажа мојов ?! :?:
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.467
    Допаѓања:
    37.702
    Пол:
    Женски
    Речиси секаде каде што шијат венчаници викаат на проба по 2 пати.
     
    На Mini-Mouse му/ѝ се допаѓа ова.
  9. moni-t

    moni-t Активен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Јас искрено сум презадоволна од Викторија Маер. Еден ден пред да одам да ми земе мерки се слушнавме и ми побара обем на струк и на гради, следниот ден кога отидов корсетот беше направен точно по мерката, следната недела треба да ја земам. Ми ја погоди немам зборови :)
     
    На bumblebee511 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    НЕзнаев каде да побарам помош, но времето ми е ептен кусо и навистина секоја информација ми е добредојдена.
    Имам фустан кој го купив за престојната регистрација но, сакам да сменам некои детали на него(треба да се скрати, стесни, прерамките да бидат поинакви, дополнителна постава да се стави, и деталите на него се на златно, па сакам да се извадат и на сребрено да ставам).
    Сакам да ми препорачате некоја шнајдерка која би можела ова да ми го среди, не е воопшто комплицирано, а и брзо ќе оди.
    Ве молам за помош, кажувајте кај да одам. Би било фино ако има некоја во околината на Ѓорче, Ге-ге, Волково,Влае, Хром...
     
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    МеU, има една шнајдерка во Ѓорче кај полицијата. Жената работи брзо и убаво, и не е скапа. Мислам дека ќе се нафати тоа да ти го среди без проблем, отиди и прашај ја.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Можете ли да ми кажете каде можам да најдам венчаница да си ја купам, не сакам да изнајмувам, ама да е прилично ефтина, 100-150 евра, повеќе не ми се дават за еден ден, т.е. само неколку часа.
    Едноставна да е, не ми треба да е нешто луксуз или којзнае што, чисто нека се одбележи денот и да бидам во бел долг фустан на самиот ден и комотно да се осеќам затоа што ќе бидам и со дете и нема шанси да носам нешто во кое нема да можам да мрднам и да се осеќам стуткано,глупаво,за никаде.

    П.С. За совети и идеи имаат предност сите кои се од Битола, би ми одговарало многу повеќе од другите градови :)

    Да додам нешто плус, венчавката ќе се одржи на море, црквата е на самиот брег така да може и нешто во тој стил, некоја венчаница што одговара на некои морски,островски стил :P а после следува фотографирање на плажите :$
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    kallias ти завидувам, а и се радувам со тебе :$ . Мислам дека ова е сон на секоја девојка, а воедно и мој сон. Ти посакувам нај нај нај убав помин, и ден полн со радости, да уживаш и за мене :inlove: :inlove:
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    МеУ, да ти кажам искрено и мене ми беше сон кој наеднаш и сосем неочекувано ми се остварува и верувам дека е сон на секоја девојка. Ти благодарам многу на убавите зборови, се надевам дека ќе биде убаво, како што замислувам :$
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.299
    Пол:
    Женски
    Јас би сакала да носам ваква венчаница кога би се мажела покрај море :$
     

    Прикачени фајлови:

    • A3240 (1).jpg
      A3240 (1).jpg
      Големина на фајлот:
      48,8 KB
      Прегледи:
      314
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    kallias, најпрво честитки :clap:
    Инаку за таа цена, само да ти сошие некоја жена....пример како што ги фалат Фросина и сестра и од Волково или некој друг.
    А ние овде да ти помогнеме со слики од модели. Ако треба кажи...ќе постираме ;)
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Абе која е таа Фросина од Волково?? КАде се наоѓа, контак од неа?????
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^да проверам, мислам дека имав број од неа...ако не од кумата моја ќе побарам бројче зошто она таму ја шие венчаницата.
     
  19. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Женски ви благодарам многу, инаку не знам ни јас каков модел би ми се допаднало, стварно немам претстава, нешто поедноставно..... :o
     
  20. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Јас ќе шијам ваква венчаница сега од 3-4 август, ми се враќа шнајдерката од одмор тогаш. Свадбата ни е на 5 октомври имам време до тогаш. Јас ќе ја шијам кај една жена од населба Даме Груев. Женава (инаку се вика Виолета) ми бара 4 000 денари за рака, чипката премногу крева за чипка ми треба 5 метри (така нешто) и рече ќе ме фати околку 6 000 денари само чипката (пресметавме по 1 200 денари да е од поубавата чипка), сатенот околу 500 денари и + рачно циркони ќе ми вези (освен ако не најдеме везена чипка, но таа некако скапичка е кога гледав на бит пазар), а женава ми рече таа можела да ми навезе циркони на фустанот кај сакам за 1 000 денари. И се на се оваа венчаница ќе ме чини околу 12 000 денари. Сакав да ви кажам за таа во Волково сестра е на Фросина се вика Јасмина, кога бев кај неа за истава венчаница ми бараше 19 000 денари, 10 000 денари за материјал и 9000 за рака. Така да, си реши да си шијам кај оваа другава жена.
     

    Прикачени фајлови:

    На ilenaki и Dog-lover им се допаѓа ова.