Јас мојата венчаница ќе ја шијам кај Зиане во Беверли. Искрено, имам искуство со венчаници имам работено како модел порано и имам носено од скоро сите бутици. Зиане мислам дека е најсоодветна ако имате на фустанот чипки, отворен грб и сл. ептен ја бива за такви работи. Инаку мене ќе ме фати 550 евра, моделот си го најдов на интернет и и однесов слики. Ќе ви кажам како ќе излезе после 1-ви мај тогаш ќе ви ставам и фотки.
Еве ја мојата, јас ја шиев во бутик Камелија, мавровка и задоволна сум. Ја смислив сама, сакав едноставно без бисери, светки... и ефтино ме фати 300 евра
E bas mi e milo, ti posakuvam da budes preubava nevesta i vencanicata da bide bas takva kako so ti ja zamisluvas. Sekoe dobro te pozdravuvam
само што прашав сега во групава дали некој има искуство со венчаници Тина. Се мислам за таму и го прочитав твојот коментар и ме убеди
Кај Арџен во Бјанка-Мавровка... Пред 2ипол години. Презадоволна од самиот фустан, многу професионслно изработен , однос од вработените, точност со рокови...
Девојки, некое искуство со Нона, Нора или Бети Бисер (сите се во Велес)? До крајот на неделава сакам да изодам до Велес да си порачам венчаница, па така ги имам слушнато овие имиња на шивачки таму. Ваков нешто фустан би сакала, само корсетот да биде цел со нежни бели циркончиња
јас ја шиев во среќен ден - мавровка...не беше по препорака, онака ја прошетав цела мавровка и кај нив ми беше најпозитивно и ми влеа доверба жената, па се одлучив за кај неа..супер испадна се како што сакав, професионално, брзо...и ме чинеше 500 евра. после свадбата еден тон луѓе ми се јавуваа да прашаат од каде ми била
Денес бев во ателје Форевер во ГТЦ. Девојката беше навистина фина и љубезна. И покажав модел што би сакала да го шијам и ми кажа колку ќе ме чини со работена, а колку со неработена чипка. Цената со неработена чипка повеќе ми одговара. Сега ме интересира некој да сподели искуство со нив, дали сте задоволни од соработката, пробите, крајниот резултат.
Mia мој совет кај Нона никако, јас шиев кај нејзе фустан за матура, и патентот на фустанот ми пукна, а камчињата ми ги залепиа, па морав да си ги шијам сама дома јас за да не ми се одплепат за матурската. Жива се изедов кога ми пукна фустанот, и не се жалам само јас од Нона, а за Бети бисер не сум правела нешто кај неа ама ја имаат фалено мислам дека е добра, а ти од велес си? Ако сакаш преку лп ќе ти пуштам линк од една жена која шие дома ама многу убаво работи.
@MissDaisy Јас фустан првично таму пробав и за малку и ќе се договорев беа фини и приступачни меѓутоа цената не ми одговараше и кога прошетав малку повеќе истиот фустан кој тие ќе ми го направеа за 500 евра во срекен ден во мавровка ми го сошија за 350 и + 3 додатоци кои одеа гратис а во форевер и велот ми рекоа дека е + 50 евра па сега види прошетај не се залетувај во првата продавница и погоре имам пишано за моето искуство со среќен ден ,лугето се прекрасни за соработка. Со среќа
@Veki4kaa Јас веќе бев кај Нона викендов, морав веќе да си ја порачам венчаницата. Инаку порачав кај нејзе зашто ми ја исфалија за венчаници и машки одела ... Една девојка сега скоро шиеше кај нејзе и супер и ја изработи венчаницата, која според мене, ич не била едноставна за шиење. И + ми одговараше цената. Е сега за други фустани не знам ... Се надевам, се ќе испадне како што треба
Фала Мила Феминка. Мене секако ми е во план да ги поминам бутиците за венчаници. Баш ќе одам и во Среќен ден за да видам која цена ќе ми ја кажат.
Да ви кажам искуство од денес. Бев во буткот Дива во ГТЦ. Разликата во цената на венчаницата што ја сакам со цената што ми ја кажаа вчера во Форевер е голема. Форевер ми рекоа 350 евра со неработена чипка, а во Дива 230 евра. Се работи за 120 евра разлика. Не ми се верува Јас сакам vintage стил на венчаница со должина до под колена. Женава во Дива ми понуди амерички сатен и чипка.Чипката нема светки односно со цветови е. Сакам да знам дали некоја има искуство со Дива? Јас ќе продолжам и понтаму да шетам по бутиците. Следни ми се Жана, Среќен ден, Пепика, Бјанка, Лидија, Антонија Ристовска, Елизабет Дизајн.
@MiA-1 Како прво да ти честитам - се најубаво понатака во брачниот живот, и се надевам дека ќе си поминеш задоволна со Нона, јас најискрено ти го кажав моето искуство со неа кое помина со плачки спремна бев дури и да и го оставам фустанот ако го платив 4000 и да си купам нов. Јас нај искрено никад не би се осудила да шијам кај неа веќе ни фустан свечен ни пак венчаница. Се надевам дека тебе ќе ти го погоди, чекам да ме известиш после свадбата како си поминала. Со среќа!