Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде ја шиевте вашата венчаница?

Дискусија во 'Свадба' започната од mkgirl, 14 февруари 2011.

  1. frog

    frog Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Модно студио Трезор или Валентина од Којник
     
  2. frog

    frog Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Кадриу нема да згрешиш, можно е и да е поефтина од Жана, мене ми побара 550-600 , но се зависи од фустанот...мојот модел е корсет со рељефна чипка и не е скроз до земја долг.
    Кокев и Кадриу се подеднакво добри , само имам слушнато тазе од другарки дека Кокев, Тања не работи со клиентите , туку асистентки има.Додека Мила Кадриу лично ти посветува време.Кокев побара +100евра.
     
  3. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Околу 600евра е прифатливо за мене. Ако можеш да ставиш слика од венчаницата или да ми пратиш во порака.
     
  4. frog

    frog Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    не сум ја шиела, и јас се спремам натенане, на пролет ни е свадбата, но 90% ќе биде Кадриу.
    За Кокев и за Кадриу не се сомневам, нема незадоволни, и со исти материјали работат.Тука цената само, ме предупредија дека Кадриу ке биде нешто поефтина.
    Мене пак ми треба собет- ќе правиме венчавка некој ден порано , дали има врска ако се венчавам во истата венчаница, дека реално ќе бидат присутни само родителите и кум старосват? Имам желба во неа да се венчам, ама да не е глупо што ќе ми ја видат венчаницата 2-3 дена порано?
     
  5. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    И јас ќе правам исто така. Матично порано а венчавката во црква ќе биде друг ден. А недела дена после венчавката ќе ни биде фотосесијата. За во матичното најверојатно ќе носам друг фустан. Комплицирам многу ама тоа е.
     
  6. frog

    frog Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Матичното веројатно ќе ми биде во ресторан , пред доаѓање на гостите, ама за црква ми е недоумица , дали во црква друг фустан да носам. Ти за црква исто ќе мењаш или венчаницата ќе ја носиш?
     
  7. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    За во црква дефинитивно венчаница ќе носам,а за матичното нешто друго ќе смислам. А вие планирате венчавката во црква да ви биде порано? Ако е така можеш да ја носиш венчаницата и таму и после. А за ова што викаш кај Кадриу и јас скоро бев решена дека таму сакам ама ме премислуваа. Сумата од околу 600евра + уште нешто ако е потребно незнам дали е доволна.
     
  8. frog

    frog Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Да ,ние во црква некој ден пред ресторан ќе се венчаме. А Кадриу ми рече 550-600евра на фб во порака (зависно од чипка), дава и попуст , ако идеш на лице место ќе си прашаш, или можеш да понудиш поголем капар за попуст да ти даде....А има некој лошо искуство со Кадриу? Сподели плиз , јас не сум чула.
     
  9. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Не сум знаела дека дава попуст ако дадеш поголем капар?! А инаку немам ни јас слушнато дека некој имал лошо искуство со неа. Инаку можам да ти го кажам своето искуство од пред неколку години кога беа заедно Кокев и Кадриу шиев фустан кај нив, убав е фустанот и материјалот, ама само 4 часа го имам носено. Инаку го платив 350евра, без чипка, светки и циркони.
     
  10. frog

    frog Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    да, за скапички , скапички се. Но , за венчаница јас околу 500евра би дала , материјалите им се прекрасни и чипките исто, а тоа е половина фустан. Она со попустот беше само предлог, зашто секаде и за се има почетна надувана цена за која можеш да се предоговориш (посуптилно да се исценкаш) :D
     
  11. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Знам дека материјалите им се убави и изработката исто ама се плашам да не претерам со тоа што сакам и цената да отиде повеќе од предвидената сума. Една девојка ми се пофали дека венчаницата ја правела таму и презадоволна е ама платила 1200 евра и плус за вел околу 350евра. Е сега незнам дали е ова вистинската сума или девојакта малку претера?! Инаку го видов фустанот и преубав е, составен од два дела. Едниот дел е како широка сукња што се става на фустанот кој е како сирена модел целиот изработен од 3D чипка (некој кој повеќе се разбира нека го објасни ова), и велот е долг исто со чипка по краевите. Значи се добива два фустани во еден со тоа што тој широкиот дел и бил за во црква, а после за во ресторан само тесниот футан.
    Незнам што да правам и каков модел да изберам зошто ми се познаваат малку коските и плус градите ги чувам во друга ташна :D така што најверојатно ќе изберам нешто како ролка :D. Ако можеш да ми препорачаш некаков модел.
     
    На frog му/ѝ се допаѓа ова.
  12. frog

    frog Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Хехех ме изнасмеа :D и јас имав размислувано за опција како со сукња, една кратка една долга...така сигурно би чинело повеќе :( Фустанот што го праќав имаше и за на глава , така да вајда смета се комплет , а не засебно. За избор на модели, во светски размери, сиииите можни модели ги имаш на Pinterest сајтот , www.pinterest.com , можеш да ги погледнеш сите можни стилови на венчаници (hollest)(hollest)(hollest) воедно имаш и декорации , китенки и се што ти треба , јас доста се занимавам со сајтот и уживам во слободно време :) се надевам ти бев од помош :)
     
  13. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Фала за странава ќе видам што и како има. Незнам дали прават за скелети ама ќе проверам :D . Си правам шеги на своја сметка зошто знам дека тоа што изгледа убаво на манекенките кај мене ќе изгледа како закачено на закачалка. Ќе се договорам со мајка ми и уште две другарки да ми помогнат во изборот само незнам дали да ја викнам мајката на вереникот, зошто и така сама си плаќам скоро се за свадбата па и фустанот.
     
  14. frog

    frog Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    :))) Има секакви модели. Јас пак мислам дека имам вишок и пак иста беља :) не се секирај, добар креатор ке знае да скрои нешто со што ќе го извлече најдоброто од тебе. А што се однесува до тоа кој треба да ти помага во избор, јас онака вклучив само 2колешки со кои ептен добро се дружам, и засега апсолутно никој не знае ништо :))) Решивме со партнерот се да организираме, па после да кажеме дома и на сите други, со цел изборот и одлуките да бидат само наши. Засега имаме ресторант, црква, фотограф, покани и некои реквизити со нив, а за фустан да најдам време па идам кај Кадриу :)
     
    На Среќа му/ѝ се допаѓа ова.
  15. јанаslag

    јанаslag Нов член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo Devojki,
    Kogo bi preporacale pomegju Kokev, Kadriu i Queen. Jas planirav vo Queen da ja shijam, megjutoa citajki go forumov nikoj ne gi spomna. Ima nekoj zadovolen ili ne zadovolen od Queen? I uste edno prasanje se rasprasuvav za fustani za deverushi kaj Drakul, i pobara 6000 denari od fustan, so nejzin materijal. Dali e toa mnogu?
    Fala
     
  16. frog

    frog Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Queen мислам дека се прескапи , бар така мислам (искуства немам слушнато). Јас исто се спремам за шиење венчаница, ми беше недоумица помеѓу Кокев и Кадриу, сите што шиеле се презадоволни, со исти материјали работат и екстра се и двете. Веќе на една феминка и кажував дека од Кокев исклучиво имаат замерки дека те остава со асистентките, таа не работи со клиентите. Додека Мила лично посветува внимание и згора на тоа за иста венчаница ми побара околу 100евра помалку. Се надевам успеав да ти помогнам :)
     
  17. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Јас ја шиев мојата венчаница кај Данчо од Нерези бидејќи инвестирав во скапа чипка па не ми се исплатеше. За нешто слично во Кокев ми бараа 1200 евра. Инаку топло ти ја препорачувам Нена Конели можеш да ја побараш на фејс нејзината фан страна
     
    На zekzeki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. frog

    frog Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Дали некој може да ми каже мислење или искуство за Олгица Ѓорѓиева GO? Јас ја следам на нејзината фб страна , не е фокусирана само на венчаници, шие најмногу за ревии надвор од МК и е доста голем професионалец. За цена очекував дека нема да е скромна , но за фустанот за кој Кокев побара 650евра, Мила Кадриу 550-600евра, Олгица побара 400-450евра.
     
    На Angel.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Малечка Маша

    Малечка Маша Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Феминки, денес бев низ продавници. Многу ги има, просто не знам за кај да се одлучам. За Бјанка читам само позитивни коментари. Дали некој има искуства со Дилек во Мавровка? Ми оставија добар впечаток. За Кокев и Кадриу некој да каже нешто плус?
     
  20. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Јас сама ќе си ја сошијам.