Знам дека се од 600 е нагоре:/,просек и е 1000ка,ама јас сакам наједноставна шо може,битен ми е материјалот,да не свети и да паѓа убаво,дека мене лично 70% од венчаниците ми личат на завеси,поготово оние цели со декор..како и да е ствар на вкус,битно е самата невеста да се осеќа убаво и своја
Vidi vo carsija, ima mnogu ubavi I poeftini se a ne licat na zavesi I za znaes mnogu se teski vencanicite po 10-12 kila e edna vo sekuoj slicaj so sreka!
Од тие 10-12 кила другарка моја после цел ден играње,ама квалитетно,искрвари во неполн 3 месец од бременост,за да по недела две лежење заврши со спонтан..беше преубава вистина,но фустанот во струкот ко кај барбика,и долниот дел 10тина кила тежеше,незнам шо енергија ке беше за го издржи..се извинувам за офф од темата:/
10-12kg тежок фустан јас никогаш не би се нафатила да облечам. Цел ден да го трпам врз себе. Не значи дека ако фустанот е тежок по дифолт е квалитетно изработен. За мене е квалитететен кога го чувствувам како моја втора кожа, а не да се мачам цел ден со него.
Некој да ми прати линк од фб од салони за венчаници во Мавровка или препорачајте ми кај да шијам отприлика до 600, 700 евра давам, повеќе не, а гледам кај овие познативе креаторки за таа цена убава венчаница тешко се наоѓа.
Доколку си спремна за таа црна не барај салон во мавровка оди директ во Пепика ателиер .. девојкатае супер материјалите и се страшно добри за таа цена ќе добиеш сон тоа што си сакаш
После толку бирање, после толку прашања, истражувања на темата... го одбрав вистинското место за мојот најважен фустан! Од срце ви ја препорачувам Соња од Мавровка- Бутик за венчаници "Тамара", горе на спрат. Жената е фина, фина, злато! Ќе те сослуша внимателно, културно ќе се разберете. Спремна постојано на компромис. Вредна, исполнителна и постојано насмеана. За цената да не зборувам, пристојна, културна и приземна. Жената си ја знае работата. Мене ме направи пресреќна!
Јас мојата венчаница ќе ја шијам во Бјанка во Мавровка одма е карши булеварот, имаат многу убави модели и чипки, плус тој што е главен дизајнер дава многу убави идеи и не се скапи многу, за таа цена ќе добиеш многу убави материајли
Од 250 до 350.. од мое искуство сепак зависи и од моделот, но како и да е почетната цена и е пристојна па немаш проблем