Викендов бев на гости во Демир Хисар и примети дека е отворен салон за венчаници, па ајде да ги известам невестите од тој крај, Демир Хисар, Битола дека имаат ново место. И според муабетите на родниниве што прашувале за обичен фустан ( и тоа имало) не било многу скапо. Ова во споредба со Битола.
Ми треба ваше мислење.Дали некој има некое искуство од бутик Арита?Продавницата е на стара чаршија одма до една што фарбаат облека. Сакам балска раскошна венчаница и многу слична видов таму ми кажаа од 800 до 1000 евра.Незнам малку сум скептична дали ќе ми ја направат како што сакам....Пошо не е исто на секое тело..
Женски,ај едно прашање,знаете каде се наоѓа Викториа Маер?и дали сте задоволни(за оние што шиеле таму венчаница)?
Во Црнче се наоѓа. Исконтактирај ја ќе ти објасни убаво како да ја најдеш. Имам пишано и претходно дека сум задоволна од неа. Убаво си работи жената. Ти кажува искрено кога мисли дека нешто нема да ти стои и е отворена за сугестии ако нешто не ти се допаѓа. Мене лично ми ја направи венчаницата онака како што ја имав замислено. И на најдобрата другарка исто.
Шетав денеска низ Мавровка и од сите продавници што влегов око ми фатија Венесис, Камелиа и Јасмина. За Венесис прочитав нешто тука и гледам има задоволни. А за другиве не знам. Сите три ми нудат иста цена за моделот што го сакам и не знам за каде да се одлучам. Дали некоја од вас има искуство со другиве две пошто стварно не знам што да правам а до утре треба да одлучам.
Здраво. Сакам да сошијам наједноставна венчаница да не кажам бел фустан. Е сега со оглед на тоа дека ако отидам во салон за венчаници и за обичен бел фустан би ми побарале над 300 евра, а шиење фустан што не е бел и е само свечен знам дека може да се сошие и за 5000-6000 ден дали ќе може да ми дадете контакти од ваши шнајдерки кои си шијат по дома и би ми сошиле фустан.
Ве молам за информација, каде можам да сошијам венчаница до 400евра. Живеам во Скопје ама би одела и надвор од градот за добар фустан/цена. Ќе имам скромна свадба но идеата и не ми е баш скромна. Ми рекоа дека сатенот и чипката коштале за тоа што го сакам. Збунета сум. Врска немам за свадба. Ми треба помош.
Би ги замолила тие што имаат искуство со бианка да го споделат пошо веќе бев и решена за таму се додека не прочитав овде едно мислење дека баш немале некој добар однос со муштериите.
Не знам што сакаш, ама за тие пари верувам дека можеш да сошиеш во некој од бутиците во Мавровка, во Ателје форевр или во Дива венчаници, исто во гтц. Во Бианка влегов да разгледам и да прашам за моја венчаница, се упатив накај фустаните на закачалка,со висок тон една девојка,вработена,викна повелете! И викам мислев да разгледам и да прашам за моја, и покажувам слики како од пушка ми рече 850 евра (за разлика од други бутици кои кажуваа од 400,450 до 600,650евра во зависност од чипката). После тоа прашав дали можам да пробам венчаница,ми вика не само ако оставиш капар кај нас да шиеш тогаш може да пробаш....и си искочив да не ми наплатат и за тие што ги разгледав
Zlзначи ако шиете венчаница ја препорачувам викторија маер за сечиј вкус и за сечиј џеб. И што е најважно се ќе ви објасни.
Пиши и на фб,покажи и што сакаш која ти е замислата ќе ти каже и цена.Многу е фина и секогаш спремна за соработка.
Другарка ми пред некое време правеше кај Пепика и не испадна баш се како што сакаше, а ја одра и на крај не ни сакаше да и го поправи фустанот, жално. Јас имав повеќе среќа ☺ја правев вп бутик Лебед во Мавровка, жената е супер, Наташа, значи буквално се што сакав направи, многу ја фалат ептен убаво работи, јас малце на почетокот не бев сигурна дека е во Мавровка, ама после стресовите од кај Пепика, фала му на бога што ми се погоди женава, значии нема да згрешите топло ви ја препорачувам
Здраво феминки Дали некој има искуство со Модна куќа Билјана во Кисела Вода. Ги видов на саемот, нови се, но доста добро работат. Жената многу убаво ми ги објасни сите модели и материјали кои ги имаат, како и што би ми одговарало за мене. Цените им се нормални, а моделите доста богати. Се мислам дали да земам од таму или да продолжам со шетање. Плс ако некој има искуство да пише. Еве и линкче до фб https://www.facebook.com/modnakukabiljana/
Здраво Нате Нате. Јас дознав за Модна куќа Билјана на саемот за венчаници и ми оставија многу убав впечаток. Креаторката е многу фина и отворена за соработка. Венчаниците ги изработуваат многу квалитетно и не се многу скапи. Стварно се многу брзи и професионални.