Јас со моите патешествија со овие дизајнери станав позната веќеКога за секоја свечена пригода имам патешествија со фустанот зошто да не и со венчаницатаКако што пишав и погоре бев решена за кај Бјанка да шијам...Отидов си остаив капар,ме запишува за мерки за проба.Коа после на листот шо ми го даде гледам од 1000-1200€ ми го накачила на 1600€.А финтата е шо ја прв пт коа влегов таму видов една венчаница и многу ми се свиѓаше чипката прашав колку би ми излегло со таа чипка ми кажа 1600€ и прашав а други чипки има ли поефтини ми кажа има како нема.Кога ке дојдеш за капар и мерки тогаш ќе ги видиш другите чипки. И го глеам јас листот и ја прашувам а добро зошто 1600€ми вика па толку е со таа чипка.И ја и викам па ми кажавте дека имате и други по ефтини.И она а дада добро јас ќе ти покажам ама ние работиме со најновите модели на чипки.Еве сеа ќе ти покажам поефтини.И ми покажуваа луѓе чипки од пред 10 години шо се ставаа стварно заникаде.И ми вика тебе фустанот нема да ти одговара со таква чипка треба по раскошна.И ја цела ко у заблуда викам ок ајде нека биде со таа.Си го земав тој листот и си излегов...И идејќи накај дома си раЗмислувам ја треба 500,600€ фазла да ги дадам од таа сума што ми беше планирана за венчаница ..Што е многу многу е...Утрето ден излегов прошетав низ други продавници и најубав впечаток ми оставија овие Жана венчаници.Многу се реални и комуникативни.Кажетее ми ве молам мислења искуство за нив? Да не избрзувам како кај овие Бјанка пошо стварно секаде кај шо прашав ми кажаа поефтино од Бјанка и ми покажаа еден куп чупки до таа цена шо ми е прифатлива...Ве молаам шо побрзо ми треба да ми кажете нешто за Жана?
Девојки свадбата здравје ќе ми биде април или мај , кога да почнам да гледам фустани? дали е подобро шиен или купен? ако шијам кога да почнам со шиење? според вас каде е најдобро - Жана, Бјанка, Жан Мари, Кокев?
Бјанка не ти ја препорачувам никако услуга катастрофа, цени надуени за никаков квалитет. Јас не сум задоволна а знам и невести што шиеле и фустанот не им испаднал како замисленото. Јас би ти препорачала да разговараш со Мила Кадриу јас таму ја шиев венчаницата и сум презадоволна од услугата од квалитетот на материјалите и на крајот на последната проба фустанот беше баш како што го имав замислено дури немав ни фотографија. Јас сум презадоволна и многу ја препорачувам.
Primer tvojata koja cena bese....da ne e pa preskapa? Se nadevam deka moze da se najde neshto od 500-600 evra?
Мојата беше 1.100 евра ама јас ја имав целосно со чипка везена со кристали и бисери и назат беше многу подолга ама не можам да ти опишам колку квалитетно е изработена и има многу слоеви за да изгледа уште по гламурозно. Плус за тој модел во Bianka и во други продавници низ Мавровка цената беше над 1.500 евра а Мила ми даде најдобра цена и чипката беше баш скапа и најмногу ми се допадна за разлика од тие што ми ги нудеа по другите продавници. Можеш да и покажеш модел и таа ќе ти каже цена поточно.
@Veki4kaa @simonaloba кај мила кадриу е многу скапо,матурските фустани беа по 500 евра,а да не зборам за венчаници.
јас сакам да прошетам прво да разгледам, да испробам да видам што најдобро ќе ми стои. А сакам да носам балски фустан. А може и од тие што се носат 2 во 1 да шијам па после тоа да го извадам и тесен да биде. , незнам ќе видам . Лелее мислам венчаницата ми е најголем проблем , дури сега сваќам колку им било лесно на машките. @Michelle* а кај Жана да не знаеш како се движат цените?
Mila kadriu ne e skapa , jas sijam kaj nejze , istata vencanica kaj prefriganata EMILI od STRUMICA ke me kostase 1.300 evra a kaj mila 900 evra pa sea ti vidi...
900 евра и 1100 евра не е скапо? а девојките бараа венчаница до 500,600 евра најсила затоа реков дека кај мила тоа не е возможно
Се решив и ја сошив својата венчаница во модна куќа Билјана. Поубава венчаница не можев ни да замислам. Пресреќна сум бидејќи се испадна како што треба. И баш како што кажа брзи, професионални и со разумни цени.
Здраво Veki4kaa. Јас правев пролетва свадба, па да споделам искуство. Бев кај скоро сите што шијат венчаници и малку се занесуваат со цените, а не нудат некој квалитет. Мојата венчаница ја шиев во Модна куќа Билјана. Ептен сум задоволна. Како што се договоривме така и излезе на крајот. Отиди кај нив ќе видиш колку убаво работат. А за тоа колку време пред свадбата да отидеш мораш да си прашаш како се со гужви, ама најдобро е најмалку 4-5 месеци пред свадба за да можат да стигнат на време
Здраво Barbara Morii. Е баш се махери да ти ги земат парите. Јас кога правев свадба се изморив од одење по салони за венчаници. Скоро од секаде бев разочарана зошто многу пари бараат, а чипките наместо да ги шијат ги лепат со силикон На братучетка ми венчаницата не издржа ни пола свадба, од венчаницата почнаа да се одлепуваат парчиња од чипката и плус не и беше евтина, 650 евра ја плати. Јас бидејќи сум презадоволна од Модна куќа Билјана, ти препорачувам да одиш кај нив. Многу убаво работат, чипките рачно ги шијат, не се скапи и брзо ќе ти биде готова и венчаницата
На крај јас мојата си ја изнајмив од Mimosa Bridal во Охрид држат брендирани венчаници. И после толку гледања низ Скопје и мислење дали да шијам значи материјалите не можат да се споредат венчаниците се просто совшенство. За да шијам Скопје ми бараа по околу 1200 еу, а за истите пари ако купувам ќе си земев од тука барем брендирана ќе си носам. Просто сум пре пре среќнаааа
Благодарам @elimkd Мојата што ја избрав е на италјанскиот Nicole Spose, но имаше и други само незнам сите како беа оваа зошто ја избрав и неа си ја запомнив
Јас мојата венчаница јас шиев кај Жана и сум презадоволна само пофални зборови можам да кажам за нив за цената се договоривме ужте во моментот кога ја одбрав венчаницата,со тоа што јас на пола шиење кога веќе беше скроена венчаницата ми текна дека не сакам така да биде корсетот дека сакам друг па ми го прекројуваа и ништо не ми пререкоа ниту па ми наплатија плус ,мојата венчаница корсетот беше изработен од 3Д чипка и надоле имаше пуштено чипка и пошто беше раскошна широка венчаница беше правена од слоеви материјал а не корпата само да дава ширина ме кошташе 500е.Појди види можеш и да пробаш девојките се прељубезни топло ги препорачувам.