Девојки, продавам венчаница. Сестра ми ја купи од Италија минатата година, од Milla Nova и ја носеше на својата свадба, па сега реши да ја продаде. Сеуште ја има на официјалната страна на продавницата каде може да ја видите како стои на моделот и дека станува збор за брендирана венчаница. Во прилог прикачувам слики од моделот, како и слики од сестра ми во неа. Бројот на венчаницата е 36/ 38 и воопшто не е оштетена, прекрасна е и верувам дека многу девојќи би се замислиле во неа! Јас сум од Скопје и во секое време може да ме контактирате доколку сте заинтересирани за да ја видите и пробате ( тел. 077532842 ) Цената на венчаницата е 15.000 денари.
јас кај мила ја правев. задоволна бев, неколку замерки имав само,ама па не може се да е совршено препотавувам.
па ептен морав за све да им кажувам што како,кога одиш кај дизајнер очекував дека ќе знаат прости работи како на пример какви прерамки најдобро стојат,дали ваков или онаков пресек треба, кое деколте е најдобро,ама морав све да кажувам и за работи што некако се подразбираат. ама како и да е ок ми беше фустанот, изработката беше добра. фини се сите таму.
Јас ја шиев мојата венчаница кај Жана, и сум презадоволна како испадна на крај, преубава. Аница е толку пријатна жена, ти кажува отворено што ти стои, што не, значи алал да им се парите. Достапни цени, и уште подостапен и попријатен персонал.
Од 450- 600 евра. Мојата беше 500 евра. Сама си ја одредуваш цената, ќе ти покажат различни чипки и цена на секоја, па ти си бираш што ти одговара. Јас најискрено ти ја препорачувам Жана, оди и немој ич да се мислиш, вреди.
Девојки дали знаете недела дали работат продавниците за врнчаници во мавровка.? Исто и сабота до колку часот работат?
Зиане, Зиане и само Зиане. Венчаницата која ми ја направи беше точно како што и ја покажав и ја замислив. Употребува квалитетни материјали и има најразлични чипки, нејзината изработка е перфектна, до најмали ситници и што е најважно го добивате она што го сакате. Јас сум презадоволна и затоа топло ви ја препорачувам.
Прашањето не ми е за шиење, но оваа теме е најактивна за венчаници, па сакам да ве прашам дали некоја има купено/изнајмено венчаница од Мимоза брајдал од Охрид? На нивната страна има преубави модели, се гледа со скапи материјали. Која цена се движат пред се за купување?
Не сум сигурна, ама за купување мислам дека се над 1500е. Па дури и околу 2000е. Сепак види пиши им за кој модел си заинтересирана и ќе ти кажат цена за изнајмување/купување.
Jas praev svadba ovoj Septemvri koga prasav kaj niv za iznajmuvanje za odreden model mi kazaa od 400 do 600 evra... za tolku pari ke si imam moja... Ja siev kaj Zana... od zadovolna prezadovolna toplo ja preporacuvam vrede sekoj cent so ke go dadete... ispadna bolje od ocekuvanoto
Јас имав изнајмено и бев презадоволна. За материјалите и изработката нема коментар,венчаниците се од сликите, мојата беше совршена, реално таков фустан не може да се сошие. сепак секој си одлучува што си сака ,и што му одговара . Со среќа во потрагата.