Знам девојка што шие постојано таму, за матура фустанот и беше 1600 евра. Ако ме лажеќа она, лажам и јас. Со оглед на цената што ми ја кажаа верувам дека толку го платила. Искрено, за нешто што ќе го облечам една вечер не би дала толку пари. @oblace1 што е многу, многу е. Има девојки даваат. Да се разбереме они си створиле некое име, имаат и надвор од Македонија каде ги продаваат своите модели. Бев во Зухаир Мурад другарка таму работи, ме однесе во приватната соба со венчаници. Верувај дека не беа ама баш ништо посебно, сум видела многу поубави и цените беа 16.000 евра, 20.000 евра. Со златни раце тој да не работа за такви цени, ама името се плаќа.
И јас шиев кај Жана и од срце ги препорачувам.Прво и основно не гледаа да ми набијат цена туку јас кажав до која цена ми одговара мене и ми понудија се во склоп на таа цена.Премногу се пристопачни и двете сестри.Го добив токму она што го сакав.Е сеа ние малку не правиме разлика меѓу венчаници што ги гледаме по инстаграм и реалноста меѓу нив...Бев и јас од тие што барав таков фустан меѓутоа кога ми објаснија всушност како стојат работите среќа прифатив соработка со нив.Ако ми го сошиеја тоа што го барав не ќе можев ништо друго да правам освен да се сликам Ќе требаше со комбе да ме зимаат од дома првиот танц ќе требаше секој поединечно да си го изиграе а за играње оро нема да смеев да помислам....Меѓутоа со нивна соработка го добив повторно она што го сакам но на друг начин изведено.А претходно во Бјанка прашав прво ми рекоа една цена а кога отидов повторно друга цена и тоа дупло поскапа од онаа во Жана.....
Здраво девојки. Сакам да ја продадам мојата венчаница, дали знаете во Скопје каде би можела да ја продадам? Постои ли воопшто некој таков салон овде? Благодарам однапред
Letoto koga prasuvav za mene mi kazaa od 400 do 600 evra.. Za tie pari si soshiv za mene u Zana i bar mi ostana doma.
Девојки, предоложете ми каде би можела да сошијам венчаница за околу 20 000 ден? Не можам да си дозволам повеќе.
Искрено да кажам немам никаква идеја. Инаку сум малку пополнета, што мислам дека ниедна венчаница нема да ми стои.
Ќе може ли да ми пратиш слика како отприлика ти изгледа венчаницата затоа што мене ми побара 1100евра
Далии се нормални со цениве, мене ми е многу во мојот град што земаат 500 евра, да дадам илјадници евра за фустан кој ќе го носам буквално само еден ден за мене не е нормална работа, извинете ако вреѓам некого со ова. Сестра му на мм го шиеше кај некоја обична шивачка во Ск и и зеде 18000, со материјал купен од неа кој ја фати околу 100 евра фустанот беше преубаво изработен, моделот беше супер, а она беше како принцеза. Јас не планирам да дадам повеќе од 500 евра за венчаница кога ќе дојде време да шијам и тоа ми е многу ама од што не можам да најдам за поефтино.
Моја блиска личност наместо од класичен невестински салон, си зеде бел свечен фустан од Ламас, 20.000 денари, но фустанот беше врв. Ќе речеш Том Форд. Толку елегантен, модерен, без кич елементи. А имаше и други бели модели и тоа и за по 10-12 илјади, а беа исто многу убави, едноставни и префинети. Мене лично премногу ми се допадна нејзината одлука. А цените како 4000 евра, па јас лично, попрво би си уплатила на егзотична дестинација или инвестиција во нешто, отколку невестински фустан, но секако сите сме различни и нема ништо лошо во тоа секој да си ги исполнува желбите
Да реално кој во што ужива...Јас да можам уште 10 пати би била невеста обожавам раскош,чипки.....Штета што немам пропорции за модел, би била само за невестински фустани
Јас имав фустан купено од Тетово,кремаст цел извезен со циркони. И тоа не класичен невестински фустан. Но, излезе да стои преубаво, необично. Кој како си сака, се е индивидуално, јас одбрав поинаква варијанта, која се покажа супер.
Би ти ја препорачала Бранкица Ѓурова. Излезена е од Бела и шие многу поевтино. За истиот модел во Бела ми побараа 100 евра повеќе.
Здраво. Дали некој може да ми помогне со шивачка во Охрид или Струга. Како што читам низ темава во главно сите што ги спомнавте се во Скопје. Фала ви