Јас го оставив капарот и едвај чекам да појдам на прва проба Искрено не верував дека волку ќе бидам воодушевена,кога ме прашуваа каде ќе шиеш,каков модел си велев леле ама се напнати луѓето,не се замарам ќе одберам таму нешто едноставно и готово.Ама кога бев да пробувам некако баш ме зафати еуфорија Сеуште не е дефинирана цената,од 450 евра до 700 ми рекоа,бидејќи ќе имале и нови чипки па дури не ја одберам чипката нема конкретна цена,иако првично рековме до 500-550 евра.Цената јас ќе ја дефинирам,зависи нели од чипка,циркони,детаљи,итн......Јас не шетав многу по салони,бев до Селестра,ама чисто зошто сестра ми ме тераше таму да одам да прашам,прашав во Викторија Маер и директ во Жана.Пробав се живо и диво ,и се зачудив дека баш таков каков што не сакам модел најубаво ми стои Од оние балските,но бидејќи имам ситно лице,се одлучив за нешто како сирена модел.И тие ми дадоа сугестии,прекрасни се во секој случај
Феминки денес бев да пробувам венчаници,во Жана за моделот што ми се допаѓа ми кажаја цена 150евра поскапа од Лебед,а чипките беа слични немаше голема разлика,па ве молам ваше искуство од Лебед?
да, се јавив и се договоривме да одам некој ден во текот на оваа недела здравје...па ќе видиме...немам некоја посебна, конкретна идеја, а ми се допаѓаат моделите што ги гледав на фб, па се надевам дека ќе смислиме и искомбинираме нешто...па ќе ви кажам
Како се наближува денот да ме викнат на проба се повеќе ме фаќа паника....Ќе видам некој модел на фустан и се прашувам дали го избрав вистинскиот модел? Дали е премногу едноставен,уффф само да си машко денес,ништо друго. Обожаваме да коплицираме знам
И јас исто се загледувам во некој слични на мојата и си викам мозе требаше ваква венчаница да одберам,иако од мојата сум воодушевена и премногу ми се допаѓа,мислам дека е нормално тоа ,ама што сме си одбрале тоа и ке си носиме
лелеее .....имам симнато над 100 венчаници од инетрнет секој ден по 200 пати отварам страни и никако ама никако да се одлучам , до сега сум била само во целестра да видам една венчаница што мнооогу ми се свигаше од слика ама таму кога ја видов катастрофа , бев и во квин ама пред месец два и таму исто ...едно е сликата друго е живо
Девојки ми треба помош. Ќе шијам венчаница, си одбрав многу едноставно, а според мене нежен модел, кој мислам дека би ми одговарал, со оглед на тоа дека ќе имам поголемо стомаче Е сега ме интересира дали некоја има искуство со материјали. Поточно ме интересира, какви материјали се користени за овие фустани, да знам каков да купувам. Јас мислев дека е жерсе и ситен, мек тул. Но, некои ми викаат да ставам сатен, а јас некако неможам сатенот да го смислам, едно што ме потсеќа на ноќница, друго што ми изгледа многу непријатен. Но, доколку така треба , ќе трпам, немам избор. Затоа ве молам за помош.
Вакви фустани обично се прават од свила или за пефтина варијанта од мек жоржет.Од сатен нема убаво да изгледа баш ноќница а пак од жерсе ќе биде како обичен фустан. Обично се става сатен одоздоле за да го држи а одозгора е свилата или жоржетот и не се ни познава сатенот. Како и да е јас мислам дека нема потреба да купуваш ти матријал таму каде што ќе ти го шијат имаат избор,ќе то понудат.
Ќе треба да купувам, затоа што другарка ми ќе ми ја шие Само не разбрав, значи жоржет , а врз него тул???
Не,јас мислам дека воопшто немаш потреба од тул.Значи доле е сатен како постава да му дојде и да го држи фустанот цврсто да паѓа а одозгоре е жоржет или свила.Така да сатенот нема да се гледа воопшто. Знам за ова зашто една другарка шиеше фустан долг и така и го правеа.Сатенот се ставал за да не лепи свилата или жоржетот и за да паѓа убаво фустанот.И ќе земеш памучен сатен,тој не свети и е потенок.
Meu-единствено не ми се допаѓаат тие прерамките горе,незнам ептен ми се демоде Пробај со нешто на едно рамо,искомбинирај од друг фустан. Инаку,не ви кажав дека минатата недела бев на проба.Супер ми го погодиле .не треба ни да се тесни,ни да се пушта.Ептен по мерка,очекував дека ќе го погодат ама до толку не Избрав чипка,е сега требаше да има некои ситни детаљи на него,пошто моделот е сирена,скроз тесен само малку од колената надолу се шири,ама они ми рекоа да не ставам ништо,пошто чипката сама од себе доволно го краси фустанот Ми рекоа да размислам па да им кажам.И моите ме разубедуваат да не ставам ништо,ама вака па ептен едноставно ќе дојде И навистиан незнам
eli25 јас го сакам тој вториот модел, без прерамки што е. За прерамки размислувам зошто мислам дека ќе ми паѓа и цело време ќе се замарам со фустанот, да го кревам. Инаку во никој случај не би сакала прерамка на едно рамо, никако не успеав да засакам такви модели . Можеби нешто слично како последниот модел кој си ми го пратила
МеU, мајката на дечко ми е шнајдерка, сликава ќе и ја покажам и ќе те известам обавезно. Инаку моделот е убав, бидејќи како и самата што велиш дека ќе бидеш во поизмината бременост. А сатен е само лентата под градите. Инаку, во некоја од темите те сретнав дека спомунваш розево,лила бидермаерче....доколку си љубител на несекојдневни венчаници, лентата под градите може да ти биде во боја на бидермаерот, и можеби одпосле кога шќе ти биде готов моделот да видиш дали би одговарал некој бисер или монистра (ако правиш пример вакви прерамки )
Да лентата ќе биде или лила или розе, зависи од расположението во тој момент Исто така и монистрите се земени во предвид, но сама ќе си ги навезам, дополнително. Инаку за материјалот, прашав веќе пријател кој е дизајнер , а исто така и шие модели, се работи за свилен жоржет. Едвај чекам да си купам материјал, само ќе мора да почекам до јули, да видиме колкаваќе станам
^ти материјал секако ќе си купиш околу незнам 3,4м. Ама шиј ја некаде 2 недели недела дена пред свадба....веќе кога ја шие другарка ти,сметам дека не ќе е проблем.