Не можам да ви објаснам колку сум задоволна од Жана. Таму сум шиела и фустани свечени и ми се случувало да одам со една замисла (тесен) и да излезам со скроз друга (широк). И секогаш сум била презадоволна зошто се искрени, не продаваат колку да продадат и било како да те пуштат да излезеш, секогаш искрено кажуваат што е најдобро и никогаш немало утка. Со цените се реални ептен. И плус се многу фини.
После подолго шетање се одлучив за Бјанка Споса, фини, услужливи, излегуваат во пресрет. Фустанот ќе ме чини 30.000 денари.
Шиев кај Зијане, пред 11 години, ме чинеше 750 евра. За мене жената е поим за професионалец. Замислата ми беше комбинација од два модела кои ги најдов на интернет, и по две проби го добив совршениот фустан.
Mila Kadriu- M Couture. Прекрасно сработено, баш како што замислував и сакав. Целата беше со чипка и бисерчиња и специфични ракавчиња.
Дали некоја шиела венчаница кај Коцарева, од прилика како се движат цените кај нејзе и доколку сте шиеле како сте задоволни?
Јас отидов со модел кој претходно си го имав најдено. Ми ја направија иста како на сликата. Цената зависи од чипката најмногу. Мене ме чинеше 1100 евра. Презадоволна сум.
НОВ Здраво, слушнав дека во бутиците во Скопје не давале да се разгледува венчаници и да се пробува додека не потпишеш договор и оставиш капар? дали тоа е вистина и дали секаде е така? Не сум од Скопје, но некако ми нема логика, како да дадеш капар на нешто што немаш видено пробано...
Здраво, дали можете да ми пишите места за шиење венчаница во Битола, дали сте шиеле и како сте задоволни и