здраво, да препорачате некој дуќан во мавровка? за Лебед веќе прочитав позитивни коментари, некој друг?
Закажав во Cloud Nine во Ниш термин. Совети од некој кој бил таму? Еден час е терминот, колку би можела да пробам за тоа време?
Здраво, јас мојата венчаница ја земав од таму уште пред короната да почне сега и други 2 другарки беа задоволни се. Искрејно јас 3 само пробав и точно знаев кои ги сакам од тука ги имав разгледано на профилот кај нив. Многу побрзо завршив од 1 час ама јас бев многу одлучна знаев кој ќе биде уште од тука. Ама верувај брзо оди облекување соблекување. Би требало да ти биде доволно време, ама спреми се од тука профилот разгледај им го убаво.
И јас избрав од кај нив, од прилика пробав пет, зашто не знаев што сакам ама брзо оди, секако кога ке пробаш одма знаеш дали ти се свиѓа или не и не губиш многу време.
Како се движат цените на фустаните таму? Разгледував на нивната страна имаат и нешто како постари колекции на распродажба, секогаш ги имаат или само во одредени периоди? ☺️
Бев викендов. Немаат секогаш баш за продажба постари модели, туку кога организираат распродажба продаваат нешто од постарите. Ама се неколку парчиња само. За купување на венчаница потребно е мин 6 месеци однапред да се нарача. Цените се од 1750 евра и нагоре. Ги изнајмуваат фустаните од актуелните колекции на модните куќи со кои соработуваат. Цена за изнајмување е во просек од 350 до кај 800 евра. Имаат многу избор, и стварно им се прекрасни фустаните. Девојките кои работат таму се ептен услужливи.
Ти одговорила веќе LadyR, каснам јас. И јас и другарките мои декември/јануари ги купивме различни години, значи отприлика тој период имале акции последниве години. Но следи ги на инстаграм, обично објавуваат за распродажбите.
Здраво ако можи да ми кажи некоја која што има шиено во Мавровка од колку пари нагоре се фустаните? И дали даваат да ги изнајмиш или мора да ги купиш?
Од 350 € нагоре. Јас посетив неколку дуќани во мавровка, немаше опција за изнајмување, ама верувам ако влезеш во сите дуќани ќе најдеш некој што издава. Некој дали знае како се движат цените кај Пепика?
Таму шиеше братучетка летово. Венчаницата и беше преубаво изработена. Бев со неа на проба и жената ми остави многу добар впечаток, внимателна, стручна. Сите замисли што ги имаше и ги реализира. Она е ептен задоволна. Е сега поскапа е во однос на други салони, ама цената зависи највеќе од чипката, нејзе ја фати 750евра.
Што мислите за венчаницата која ќе ми ја изработи подобро, Мила Кадриу или Зиане? Ако некоја шиела кај нив може да споеделите цени како им се? Им го пратив моделот на вибер да ми кажат цена ама ми вратија да отидам во салон од лице место да видат, а не сум од Скопје па не ми се исплаќа само за цена да патувам цел ден.