Дали знаете каде можам да најдам некоја слична наметка за врз венчаницата? Некаде ако има готови да се купат ☺️
Каде сте шиеле венчаници и сте задоволни од изработката, сакам да шијам венчаница ама цената да не биде 1000 евра ( претераа со цениве ), би дала до кај 600-700 евра.
Јас во Bianca Spossa го сошив 800 евра,зависи и од материјалот.Мојот беше сатен со чипка и циркони. Задоволна сум од изработката и од тоа што не каснеа со термините
Јас ја купив како готова во Бела венчаници - Штип, можеш да најдеш за твој џеб навистина убави венчаници...
Здраво! Дали знаете некој кројач што поправа венчаници. Не се работи за кратење или нркоја таква поправка. Туку имам проблем со тоа што здолништеѕо е со набор, така сакав јас, но некако е многу чест и неубаво изгледа. Сеуште се шие венчаницата. Ми кажаа ќе ставале тул и свила од доле пошо на прва проба немаше ама малку сум скептична дека тоа ќе промени нешто се сомнрвам дека би се нафатиле на поправка. Им кажав дека тоа не ми се допаѓа амааа ми кажаа дека наборот треба да е чест и незнам што. Ама малку сум скептична дека тоа ќе промени нешто. Дали мислите дека би се нафатил некој да поправи нешто такво?
Уште ти се шие, ќе си кажеш не ми се свиѓа и крај. Ако нешто не ти се свиѓа мора да го поправат. Нема зашто друг да бараш за поправки, сепак си пкаќаш за шиењето. Од ваква причина избрав да изнајмам готова венчаница, само заради ова шиење па како ќе ја погодат и слично.
Мојата си ја шиев во Мавровка, во бутик за венчаници, со се вел ме чинеше 25.000 ден. Ова беше пред 3 ипол години. Никогаш, ни на сон повеќе од 500€ не би дала за венчаница, се претерува, уште па +1000€, нема шанси!
Ама како не можам да ги присилам, плаќаш за тоа. Ќе им кажеш дека не ти се свиѓа и крај, јас правам свадба не вие, сакам да се корегира по мој вкус не по ваш. Не им попуштај, сепак треба да биде како ти сакаш, не они како што сакаат. Почекај следно ако не може ќе корегираат како што сакаш. Може со туловите нема да изгледа така.
Некоја фемина што шие моментално или скоро ширела невестински фустан кај ателје жена са каже одприлика колку зема за широк модел на фустан
Го сошив во студио 2009 - мавровка за 350 евра. Отидов пред нова година а свадбата ми беше летото, побара капар само 100 евра.