Здраво, неколку другарки правеа венчаница кај Викторија Маер, одлична е! Тоа што го побараа, тоа го добија. Жената е професионална, со години го работи тоа и знае и да посоветува и да ти објасни што-како.
Малку подоцна одговарам, но да си споделам Јас имав венчаница од Прокопие, една од готовите си одбрав и бев презадоволна. Првата венчаница што ја пробав - таа и ја купив. Ја платив 1250 евра со накит за коса и вел. Кога го прашав дали шие и покрај неговите модели рече дека помалку шие, а повеќе се фокусира на продажба на веќе готовите модели. А другарка што шиеше кај него исто така беше многу задоволна.
Продавам венчаница тесен модел, со направено хемиско. S/M број купена од кај Жана. Цена 600е (цената не е фиксна, може да се договориме)
Женски каде би можела да најдам бел фустан? Не сакам да е венчаница, само за во матично ќе ми треба. Ама претпоставувам дека не е задолжително да носам баш бел фустан на регистрација...?
Да напоменам дека сум бремена, така да секако не нешто припиено за телото. Еве неколку фустани што најдов по нет.
Видов во Зара многу убави, можеш да видиш и во Манго, бутик Нана и Белла, како и бутик Сорел. Еве неколку: Спојлер: Фустани Sorelle (1 и 2): ZARA (3 и 4).
@rainbowec Можеш да провериш во бутиците за венчаници, па свечени фустани, како Ламас и Нана. Истовремено, побарај во бутиците низ Лептокарија како Fairуtale Boutique, по Гтц и Мавровка. Вака на нет нема и класичните како Бела, Мотиви. Од она што моментално пребарав вака набрзина, можеш и следните предлози да ги ѕирнеш Спојлер: Предлози Мона Нана Бутик Инфинти Дона ГТЦ Манго Зара Reserved Исто така, како идеја би рекла дека можеш да пробаш елегантно здолниште + елегантен топ или сако, пример:
Лелееее абе фала ти многу, си одвоила време да истражиш. Ќе ги проверам, фала за предлозите. Убав ден да си имаш!
@rainbowec Нема на што, задоволството е мое И честитки, ви ја посакувам сета среќа и само убавини да ве следат