Јас сега нарачав од Ана Корчаги, а другарка ми имаше нарачано лани. Многу сум задоволна од пристапот и сите опции кои ми беа понудени и изработката на венчаниците е феноменална. Најискрено не ни барав многу бидејки знаев дека таму сакам да идам, лани другарка ми беше преубава, тоа што го бараше тоа го доби
Не замарајте Тука ли најдовте реклама да праите, баш ве зборевме дека се живи глупости ова, башка што спамирате во погрешни теми!
Во house of white како се движат цените за изнајмување? Предложете каде има добри венчаници за изнајмување. Сакам нешто во овој стил со cape sleeves да ми се покриени рацете. Од каде да почнам со разгледување?
Во House of white во Македонија не изнајмуваат, само во Србија. Во Скопје изнајмува Антонија Ристовска, а исто има бутици за изнајмување во Битола и Охрид.
Таму и да изнајмуваш сите фустани се црни доле, немаат хемиско им правено, а имаат екстремно високи цени.
Фала девојки. Се мислам да одам Ниш во Cloud nine салонот да погледнам. Ако некоја била нека пише искуство.